Не верувам да го видела, црна кола со полн гас, касно ноќе... Јас едно се надевам, нема да дознаеме никогаш, а веројатно ни патолозиве нема да знаат, колку инстантна била смртта. Јас се надевам дека била доволно брза, да не го слуша гласот на овој распиштен над глава во последните мигови. Не можам да знам, само се надевам, на глас размислувам и од почеток тоа некако ми остава горчина...
Ех срц не го видела ... Убаво осветлен булевар е тој. Ама пак велам може го видела кога бил далеку неа и е зелено светло си поминува од причина што мисли дека е далеку и ќе застане додека стигне до семафорот ама не проценила дека тој вози со таа брзина и тој за секунда стигнал до неа. Не знам. Може и не го видела си поминува дека зелено.... Претажно
Стварно, зошто урлаше и се дереше? Не му беше јасно нешто? Нешто криво му беше, мака му падна? Не сфаќам. И таа џукелата смири се му вели. Па уште смири се АЛО. ало. Шљам.
Што било со судиите? Ништо не сум прочитала за тоа. Ја поддржиле онаа што го имаше ослободено убиецов?
Сега прочитав. Ау здивев! Како е можно ова?????? Како никој не се буни? Страшно. Разрешување на сите вмешани во ова одма!
Тие се исти ѓубриња сите. Се држат меѓу себе, како лекарите. Си чула некој лекар да признае туѓа лекарска грешка?! Многу привилегии имаат судииве. Треба да им се скратат. Читам ќе го ревидирале законот за сообраќај т.е казните. Ама, треба целиот кривичен законик да се ревидира, не само казните. И треба да се врати казнивоста на судиите, оти вака никој ништо не им може. Судски совет решил да отвори постапка. Колку да замачкаат очи, не дека нешто ќе отркијат Се е во ред, судството ни цвета
Нема врска. Никако не требала да даде таква „казна„ бидејќи е во прашање поголема количина дрога. Законов ни е како швајцарско сирење, па секој си наоѓа дупка да се протне
Така е на крај ќе кажат постапила по закон, нема грешка. Цвета судството во Македонија. И како после да имаме доверба???
Фетаи колку убаво имала кажано, до збор мислењето и е врв. Ама со врски го бутнале тоа во некоја фиока и го пуштиле убиецов да дивее.
Родителите на Васо пробувале да го извадат од Шутка и да го сместат во иституција демек психички не бил добар од стресот, за да не лежи во затвор. Тоа го изјави таткото на Фросина и јас му верувам.
Ако мислат дека е поарно да лежи во нашите лудници, може и подобро. Само нека си полежи минимум 20 години.
А зашто никој не ја спомнува девојката што била со него во кола? Знаете дека и она е соучесник така? Знаете дека и како совозач имаш одговорност при возењето така? Се качуваш во кола со пијан, што нема возачка. Па најмалку за тебе сам треба да ти е страв. Не знам дали биле другари, колку долго се знаеле. Ама ако биле вечерта заедно и знаела дека нема возачка и пиел, соучесник е.