И татко и истото го кажа дека не е 130 туку многу повеќе, доказите со столбот и со нејзиното тело укажуваат дека е повеќе од 130. Човекот кажа дека ке носи вештаци приватно да се докаже и тоа дека не е 130. Страшно
Па ако одел од Карпош накај Центар не му било проблем да вози над 150 зошто е долга улицата а на семафори очигледно не пазел.
Убаво им кажа, тешко на сите нас со такви задоени од партија, животот само партијата им е, ни лево ни десно не гледаат, само напред.
https://plusinfo.mk/vozach-na-kamion-udri-i-usmrti-peshak-nesre-a-so-fatalen-ishod-vo-strumica/ Државава е лудило.
Јасно ми е, но неговата реакција не ми делува на реакција на жал за тоа што го направил и само тоа го искоментирав, дека се надевам дека смртта била побрза него доаѓањето и хистеријата на овој.
Мислам дека од толку силен удар сигурно не била у свесна состојба, а лигушот нормално за себе врескаше.
За столбовите на семафори во секоја сообраќајка што знам одма се мењаат, пошто мора да продолжи сообраќајот секако. Мислам дека тоа го направиле одма после завршен увид, а за обвинител, нека си се произнесат самите зошто 3 саати не дошол никој. Полиција одма имаше (за помалку од 10 минути 2 пати го пројдов местово, еднаш во правец кон Соборна, на враќање веќе ме помина полиција со сирени). Брзата помош беше од другата страна (од страна на Универзална), од Букурешт имаа дојдено. Значи само обвинител требало да се домкне некако Обратно, од Соборна кон Карпош се движел. Инаку да, затоа реков тој дел идеално цел да се затвори за возила, освен можеби тесен коридор само за јавен превоз. Знам дека нема да се затвори, ама ете.
Сигурно фаќал зелен бран ,се залетал од старт ,ама очигледно не бил зелен ... Од која страна летал овој,од кај Универзална или од кај Силбо некако нејасно ми е баш од сликите? П.С. ах прочитав покасно,си пишала дека идел од Соборна. https://a1on.mk/macedonia/dve-malol...nQTQrkJ4gk5TomAQIg_aem_3uaB8GZ2HfcahFFdYoMnQw Еве, нема спас од идиоти
Колку што знам и разбирам и колку што успеав да видам (и може и да грешам) возел од Соборна кон Рузвелтова. Во најлева лента само што искочила на пешачки ја има собрано.
Аха,јасно ..со оглед дека она живеела до Броз оттаму и колата застанала пред нејзината зграда. А тука се мислам има нешто како жардињери или дрва засадени измеѓу булевар и можно е од нив да не го видела ,секунда било на таа брзина ја збришал.
Родителите на Фросина се родители жртви кои би направиле се за своето дете. И сега по нејзината смрт, сакаат да направат нешто што ќе остане спомен за Фросина, да не се повтори ваква трагедија која можела да биде спречена. За нејзината смрт да не биде за џабе. Јас тотално ги подржувам во нивната цел и се надевам ќе успеат
Децава мои ми рекоа дека наводно бил во средната лента од Соборна кон Карпош. Во најлевата лента веќе било застанато друго возило и во него биле другари на дечкото што ја предизвика несреќата. Тие се сведоци на несреќата, ако е ова вистина. Друштвото било договорено да се најдат сите на некое место. А тој Васил бил претходно излезен некаде и требало да продолжи со нив и со девојка му и со друштвото да се најдат на тоа друго место. Не знам дали е точно или се само гласини, децава прекажуваат меѓу себе и не знам што е факт. Дури зборуваат дека се снимал со девојка му во колата додека возел брзо, непосредно пред сообраќајката, што стварно не знам од каде е излезено како информација освен ако нешто не објавиле самите на соц. мрежи па видеото да им го виделе пријателите.
Страшно е колку возат често по тротоар. Секојдневие е ова во Скопје. Сега како ќе затопли и полошо ќе биде, зошто со тротинетите и моторите е прав хаос. Во аеродром, кај Скопјанка еднаш со слушалки во уши одев по тротоарот и покрај мене прошиша со добра брзина една кола. Се сепнав зошто немав никаков осет дека зад мене иде кола - таа некоја од оние тивките модели, јас со слушалки...а очи немам на тилов. Господ ме чувал! Ги кршеа тука редовно столбчињата и возеа на тротоар.
Мапс слика од местото на трагедијата, не ми е јасно, девојчето минувало на првиот пешачки па од ударот телото е на другиот? Спрема видеото кај анкетарот, снимката е од вториот пешачки.
Mislam deka teloto spored snimkata bese na prelazot za vtoriot pesacki sto odi nakaj univerzalna kaj sto e crvenata ograda. A ovaa slika na maps e od porano..
па ако е од ударот на првиот, а телото на вториот, брзината сигурно не му била помала од 120-130, али пак вештаци тоа треба да кажат.
Лажат за брзината на возењето над 130 километри возел. На снимките на камерите е снимено 148, тој ја удира со 160 некаде. Девојката умира најверојатно од ударот моментално. Прикриваат брзина за да му олеснат на лигушот дрогиран...Се надевам дека протестиве и притисокот од народот ќе донесе заслужена казна. Да не биде како за другата Фросина....