Црна хроника

Discussion in 'Политика и настани' started by Ицолгудбејбе, Mar 31, 2017.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2017
    Messages:
    2,537
    Likes Received:
    20,148
    Gender:
    Female
    eliesaab and SummerGirl like this.
  2. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2023
    Messages:
    1,346
    Likes Received:
    6,047
    Gender:
    Female
    Пробуваат да го исперат на најјако.
    Жалеле, пробувале, разочарани биле, се надевале.
    Не!
    Сте си создале монструм. Оставете го да гние.
    И не ги ставајте Кулавкови во уста.
    Ќутете и сокријте се
     
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,734
    Likes Received:
    13,584
    Gender:
    Female
    Мајката на Васил Јованов денеска низ солзи на прес-конференција изрази најдлабоко сочувство до семејството на Фросина Кулакова која беше усмртена од нејзиниот син на „Партизанска“ на пешачки премин.
    Сакам да изразам најдлабоко, најискрено, најдлабоко мајчинско сочувство особено до мајката на Фросина. Само мајка може да разбере како ѝ е на другата мајка. Загубата е ненадоместлива и непрежалива. Како што кажа сопругот, таа вечер се зацрнија два дома. Бремето од оваа ситуација ќе остане да тежи до крајот на нашите животи, на целото наше семејство. Мислам дека само тој што има дете би требало за миг да може да се стави и во нашата кожа и да претпостави колку е страшно, колку е болно и каков товар е ова. Секој ден се молиме на Бога за семејството на Фросина да има сила да ја издржи оваа загуба и смирение да ја прифати. Како мајка стојам на располагање на другата мајка ако со било што можам на било каков начин да се најдам во овој претежок период. Немам доволно зборови да ја искажам болката и жалењето за се што се случува. Васил по игра на случајот, е наше единствено дете. Имавме друго кое почина на свои 23 часа живот, рече Ана Јованова, мајка на осомничениот Васил.
    Запрашана за судијката што на Васил Јованов му определи казнено поправен дом а не затвор, таа рече:
    Судијката првпат ја видов во животот во рамките на самата судница на рочиштата и не знам дали била сопруга на мој колега. Можеби е сопруга на поранешен колега, но јас не сум била свесна за тоа. Бог ми е сведок, рече Јованова.
    Таткото на Васил Јованов, Зоран Јованов кој е офицер во АРМ рече дека синот го украл возилото што било на негово име.
    -Васил после пресудата иако имаше претходно потешкотии да се откаже од пушење марихуана и немаше други наркотични средства, после пресудата навистина се промени. Како да допре до него нешто, престана да пуши цигари, се фокусираше на теретаната. Навистина ги смени погледите, најде психолог и го посетуваше. Си најде духовен водач во „Св. Јован Бигорски“, бевме таму. Пресудата ги постигна резултатите кај Васил. Не знам дали пресудата, дали притворот, дали целата постапка, но тој се промени, изјави таткото Зоран Јованов.
    Тој отфли дека презел протекционистички мерки кон синот.
    -Јас немам такви мерки преземано за син ми, ниту пак сум размислувал за тоа, ниту сум имал моќ за таква работа. Ниту пак верувам во неказнивост. Јас 24 години го поздравувам македонското знаме секое сабајле. Водиме во склоп на работата секакви мерки, дисциплински, прекршочни. Апсолутно сум човек што верува во казнивост и одговорност, рече Зоран Јованов.
    Мајката на Васил додаде дека кога Васил бил парично казнет за првата сообраќајка, ја разочарала. Тогаш имало материјална штета без повреда.

    -Бевме искрено разочарани бидејќи се надевавме дека ќе му биде добра лекција. Посакувавме искрено, да има други реперкусии за да се допре како консеквенца за нештото што го направил. Дури и разочарани бевме а камоли да интервенираме, рече Јованова.

    Таткото на Васил, Зоран Јованов мислел дека после првата сообраќајка син му ќе има забрана за полагање.
    -Мислевме дека ќе има некоја забрана за полагање зашто Васил беше извозил часови и беше полагал теоретски, на полигон падна. Мислевме дека ќе добие забрана да полага, зашто на полигон падна. Ова мое очекување беше наивно зашто претходно сум немал никаков допир со законот и искуство како функционира правниот систем. Ниту сум барал, ниту сум бил во позиција да барам, ниту сум познавал некого, кај кого да сум се јавел? Дефинитивно не го познавате армискиот систем. Не може човек со фуникциите што ги работам јас да има привилегии, едноставно не може, неспоиви се тие работи, рече Зоран Јованов.

    Таткото тврди дека автомобилот е на негово име а Васил го украл.

    -Колата е купена во 2016 година поради потреба зашто сопругата работеше подалеку и ѝ требаше за да патува на работа. Правно беше на мое име, де факто сопругата ја користеше. Васил до 18 години не дозволив ни со мене ни со чичко му да вежба да вози верувајќи дека најдобро се учи со часови од почеток. А и не бараше. Кога завршил со часовите со инструкторката, кога помина низ тој процес претпоставувам дека помислил дека знае да вози. И го има украдено автомобилот. Го има украден, рече Зоран Јованов.

    Адвокатот на семејството Сашо Дуковски побара правда во судница а не на улица и да не се применува талионското право – „око за око заб за заб“. Тој рече дека во јавноста се пласирани невистини за да се засили гневот кон Васил Јованов, како на пример брзината на возилото, која никако не би можела да биде 180 километри на час, бидејќи Васил свртел на „Партизанска“ од споредна улица и за 80 метри удрил во Фросина. Тоа, според адвокатот Дуковски, е растојание што не е доволно да се развијат 180 километри на час брзина, а исто така и производителот на автомобилот потврдил дека максималната брзина што во идеални услови тоа возило може да ја развие е 160 километри на час на автопат.

    Возилото било предадено на вештачење вчера. Дуковски демантираше дека Васил избегал од местото каде удрил во Фросина.
    -Доаѓа до телото и се обидува да ѝ помогне нема бегство. Изразува искрено каење. Се додека сум адвокат нема да се обидуваме да ја намалиме неговата психофизичка пресметливост. Васил е здрав. Не е точно дека се сменил судијата на претходна постапка а јавниот обвинител не дошол на местото за 3 часа, туку за 25 минути. Сообраќајката е во 23 и 50 а обвинител на местото излезе 15 минути по полноќ. Државниот обвинител Љупчо Коцевски излезе од длабока обвинителска хибернација и тврди дека Васил ќе биде во пртивор до крај на постапката. Па каико знае? Дали има договор или други моќи? Би бил среќен кога така ревносно би се занимавал со вештачењето од Германија за модуларната болница во Тетово. А судскиот совет најавува дека ќе ги преиспитува пресудите за Јованов, а каде е да ги испитува за Зоран Милевски Кичеец кој доби 6 месеци а прегази човек со смртни последици. Или предметот на Васил ќе правиме показна вежба? праша Дуковски.
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,734
    Likes Received:
    13,584
    Gender:
    Female
    Искрено, мене ми падна жал за луѓево, уништени се, ама сепак нивното дете е живо, а Фросина не е.. Колку и да ми е жал, не можам да ја споредам нивната болка со болката на родителите на Фросина, очекував да зборуваат и да превртуваат со очи, да кажат само едно сувопарно 'сочувство', ама очигледно дека претераа медиумите со линч и гневот на народот за сите предходни дела се истури во овој случај.
     
  5. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    1,192
    Likes Received:
    2,930
    Gender:
    Female
    Добро глумат за да го извадат порано од затвор, дај не потпаѓајте на васкви исценирани пресови. До сега мислеа како да го спасат, па ај да го фатиме народот на емоции, да се смилува. Да потсетиме дека таткото на Васо 3 саати стоел до таткото на Фросина таа ноќ и не се преставил кој е не па да изразил сочуство. Сега после 10 дена од еднаш се им текна. Пази он се сменил после пресудата, одел во Бигорски, они разработиле целосно сценарио.
     
  6. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2011
    Messages:
    3,375
    Likes Received:
    78,120
    Gender:
    Female
    Воопшто не ми е жал за овие двајца, таканаречени родители.
    Прво што ми падна во око, им починало бебе 23 саати по раѓање, Васо им бил единствен.
    Па плаче, липа, се мрсолави пред камери, јавноста да ја фати жал :puke:
    Не Ана.
    Џабе плачеш и липаш.
    Жал ни е за Фросина и за сите други деца кои беа убиени од дивјаци како син ти, што ти го "воспита".
    Сите знаеме какво е судството, на кој начин се ставаат дела во фиоки и не се процесираат, тоа ни е јасно.
    Џабе сега го правдате и него, а и вие самите.

    Протестите треба и мора да продолжат.
    Ќе го цитирам Љупче Златев.
    Уште колку деца треба да умрат, за вашите да бидат среќни?
     
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    Или предметот на Васил ќе правиме показна вежба? праша Дуковски
    -Кичеец не го казнивте, сеа Васил ли? детско плачење.
    И кичеец вратете го назад на судење, мада мислам дека друг е случајот кај него... од финансиски аспект де.
    Има луѓе кои паѓаат на муабет - абе земи му бар пари, одери го, и така државата нема мн да го осуди...и потпишуваат спогодба.
    Пак ќе речам, не сум сигурна, ама нема да ме чуди ако тоа се случило
     
  8. Armada

    Armada Активен член

    Joined:
    Sep 28, 2024
    Messages:
    16
    Likes Received:
    10
    Gender:
    Female
    Глумење жртви. Васил ги имал оставено и цигарите, а на сликата пред него јасно се гледа кутија iqos. Исто така, ако возилото било украдено според зборовите на татко му, зошто тогаш тоа не било пријавено?

    Целава ситуација привлече многу внимание, и од страна на медиуми и од страна на народ, да беше поинаку, не мислам дека некогаш родителиве би излегле да дадат ваква изјава.
     
    Ingvild, Anyshka, SummerGirl and 2 others like this.
  9. tambelina

    tambelina Популарен член

    Joined:
    Aug 10, 2012
    Messages:
    741
    Likes Received:
    1,969
    Gender:
    Female
    Текстот е копиран од ФБ објава.Којзнае колку заташкувања имало до сега,а уште колку ли ќе има...:(,

    "Не е Васо само един, Македонија е полна со васовци! Син на eкс-градоначалник на Гевгелија (Франгов) исто така прегазил човек и се спасил! 20 годишниот син на Иван Франгов прегази и усмрти човек, никому ни збор, ни протести. Симе Франгов со таткови врски преку обвинителката Василка Садикова Ковачева, успеал да се ослободи и да не оде во притвор. После бил фатан пак со дрога.
    Психолошкиот профил на драјцата диликвенти, Васил Јованов и Симе Франгов, е апсолутно ист
    Двајцата се дилери и се фатани со дрога, двајцата убиват човек со кола, двајцата се деца единци, на двајцата татковците им се функционери и се од иста политичка партија.
    Момструмите не се раѓаат, монструмте ги создаделе Златко Јованов и Иван Франгов! И двајцата требе да одговарат заедно со нијните деца бидејќи ги ослободаваа со партиски врски и се им е дозволено!

    Децата на функционерте убиват, дилат дрога, до кога ќе молчиме, до кога обвинителите и судијте ќе ги штитат криминалците, дилерте и убијците од законот? Наместо нас да на штите судството, они го штитат наркодилерот на Иван Франгов, Златко Јованов и децата на останатите функциинери!
    Не требе ли сите да сме еднакви пред законот, еднакви пред суд и обвинителство? Или убиство извршено од син на градоначалник не е убиство? "

    https://skopje1.mk/archives/267781?...0nsZi2Yd6gpL8O6Kxg_aem_p1L_p64iNfe59thra0lE-A
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,816
    Likes Received:
    80,666
    Gender:
    Female
    Не се за жалење родители кои гледале да му ги исперат злоделата на синот и уште го прават истото. За жалење е единствено нивниот ментален склоп па израснале и создале ваков примерок.

    Заради притисокот на јавноста, ќе има пресуда која би била правилна, ќе добие неколку години. Е ама после колку ќе одлежи и колку ќе му намалат...
     
    Last edited: Feb 7, 2025
    SummerGirl and VDT2906 like this.
  11. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,852
    Likes Received:
    41,133
    Gender:
    Female
    Па добро, ова е bare minimum што можат да направат во ситуацијава, ако имаат барем малку емпатија. Да изразат сочуство. Колку и на луѓето да им стане жал за родителиве, не смее тоа никако да влијае на намалување на притисокот за казнување на Васил. На крајот на денот не е ни битно дали семејството на Васил искрено тажи или глуми, има еден сторител што треба соодветно да се казни и фокусот мора да е на тоа.
     
  12. fbaby

    fbaby Популарен член

    Joined:
    Jan 23, 2022
    Messages:
    1,618
    Likes Received:
    13,103
    Gender:
    Female
    Ме вади од такт што со сила не прават малоумни!!!
    Седнале на прес, се лигушат, се мрсулават, изиграваат жртви.

    Ако толку многу им било гајле за синот ќе си го воспитале ко што треба, а не да изиграва кримос на 20 години! Крај на муабетот.
    Наместо да да изразат каење и сочувство и да се повлечат тие циркузи прават по телевизии.
    Еј, го прекршил девојчето на лице место, и уште тие се жалат по пресконференции! Абе кај го има ова?

    Не го отварајте пресот, ќе ви се упропасти денот од нивните лажги и циркузи!!!
     
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2012
    Messages:
    1,871
    Likes Received:
    3,255
    Мене не ми е јасно зошто, уопште, има прес? Што е ова, циркус? Најава за турнеја? Претстава?
    Јас гледам секакви видеа по интернет, ама од ова ми се згади, ми се сврте, ми се стресе крвта во вени, ми се качи притисокот па ми падна, се изнервирав, станав гневен, се вознемирив... Сменив 10000 чувства, сите негативни.
    Прво, тоа изразување сочувство (мене лично) ми изгледа како лоша глума.
    Второ, адвокатот и неговиот стил на говор, како и идејата да, воопшто, се случи ваков прес: одвратно! Се собрале и се бранат, бе! Тврдат дека он бил сменет после првата пресуда (стварно???), оставил цигари (битен фактор!), после не знам колку време се напил баш таа вечер, коа возел, и не-не возел он брзо, адвокатот се јавил таму не знам кај официјално да му потврдат колку тој модел на кола можел да разиве во идеални услови (автопат), што не било возможно да се случи на 80 метри??? на Партизанска. Океј, возел 10, девојчето му се фрлило, ослободете го овој, претажно е, ајде да се расплачеме и да заборавиме на овој кошмар. Да се разбудиме.

    Некој погоре рече да не го гледате пресот. И стварно немојте! Мене ми се одмили денов и викендот што следува. Ау, ми се згади! Уште еднаш: не ја разбирам поентата за прес. Прес. Значи ПРЕС!!! Не е изјава. Прес-конференција. Ауууууу, ау, ау!
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,184
    Likes Received:
    124,689
    Леле дај не претерувајте.Оди одглуми вака ќе ти честитам.Жената е скршена ,мајка, и точно две фамилии се зацрнети за навек.
    Знаеш колку деца има од родители на мравка што не згазнале , па дилери убијци и што ти не искочило....
    Имаме повеќето деца, ама јас неможам да гарантирам за него утре. Дете како што ќе те уништи, нема никој за жал.
    Нема да остане ова туку така, но ајде и за другите што настрадаа вака да побараме правда. Да се кренеме за сите на протестите еве читам едрн куп вакви случаи искачаат и другите не биле помалку луѓе

    Инаку експрес му ја смениле казната на говедото за дрогата .
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,184
    Likes Received:
    124,689
    Нешто паметно да прочитам.
    Но секако нема да ни се угоди.Ако изразиле сочуство зошто, ако не, пак зошто
     
    SummerGirl, Bratot, eliesaab and 4 others like this.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,977
    Знам, и јас сум најчесто со кола, точак од поскоро возам.
    Тротинетџиите мислам дека се најдиви од сите :) Затоа што возат тротинети далеку побрзи од она што е законски дозволено меѓу другото. Најврв ми беше на бул. БиХ што се поврзува со бул. Словенија, значи има и велосипедска и пешачка патека, типот со тротинет во средна лента на булевар вози 25... за такви си викам, ај што не му е мил животот, туку некој ќе го удри ќе го утепа, ем не ни смее да е таму, ем никако необележан...

    Инаку за тротинети важат исти правила како и за точаци, до 25км/х може на велосипедска, ако нема велосипедска на улица 1м од работ на тротоарот.
    Во никој случај ни тротинет, ни точак не смее на тротоар.

    И треба да се симнуваат сите кога поминуваат пешачки кој нема обележано црвена лента за велосипеди.
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,225
    Likes Received:
    124,499
    Gender:
    Female
    Не глуми де. Си жалат они за нејзиниот имиџ и имиџот на фамилијата и дека им се дознаа гоманриите.
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Joined:
    Aug 12, 2015
    Messages:
    20,829
    Likes Received:
    274,977
    Мене ич не ми е чуден адвокатот, во ептен блиско опкружување имам адвокат кривичар со преку 30 години стаж, на мн. ужасни случаи има работено.
    И не, не е психопат, за скроз ок личност станува збор приватно :)

    Инаку, не е важно "кој се спасува", не мислев на тоа, туку низа на настани кои довеле до случката, а и однесување после истата. Кецмановичи, Блажичи, овие... сè некои на функција, вакви, онакви... а уствари гнили.
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,184
    Likes Received:
    124,689
    Ти знаеш , ок
    Ја боли зошо е мајка и ова не се глуми . За други работи не дискутирам си знаат они што правеле
     
    andromedae, awkey, mal.ecka and 7 others like this.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    Е зошто вака сеа? сменет е! првиот пат повредил, сега убил. не гледаш прогрес!?
     
    ALISA0000 and nena2010 like this.