Во какви услови работи персоналот во болниците и амбулантите не ме ни чуди вакви работи да се случуваат. Со оглед на тоа дека веќе долги години надлежните не можат да ги подобрат условите или не можат или не сакаат од тие две едно е. Од друга страна кога ќе се спомне недостатокот на амбулантни возила ти станува јасно во каква состојба е здравството.
По ова, појасни ми се тие 'околности'. https://sitel.com.mk/somnitelen-konkurs-za-vrabotuvanje-vo-ijz-kumanovo Како и по кои критериуми јавните здравствени установи во земјата вработуваат млади лекари? Во Сител се јави револтирана докторка од Куманово која сакаше да остане анонимна, но ни раскажа за шокот што го доживела вчера кога дознала дека не е меѓу тројцата кандидати кои ќе бидат вработени во кумановскиот центар за јавно здравје, иако била прва на листата со најмногу бодови. На стручниот испит што го полагале пријавените на огласот освоила најмногу поени а прва е и со бодови од полагање на странски јазик. Но наместо неа, установата го вработила последно рангираниот кој има вкупно 25 бодови.
Девојката во 10 вечерта пишала статус дека си има синче... под кои околности починала утрово навистина не ми е јасно... Да не грешам душа ама се плашам дека не и била пружено соодветна нега и помош, 28 години..
Јас да ви кажам право се утепав од плачење заради женава, толку ми падна жал, толку се потресов што неможам да ви опишам. Откако ја имаме внука ми многу сум емоционален кон деца, замислете каква штета е за детето да не ја ни почувствува топлината на мајчината прегратка, па стварно овој господ не е фер.. Ја најдов на фб, жената е преубава, плус млада, сега тек треба да се израдува на животот. Она што ми падна најтешко е кога прочитав дека вчера објавила дека добиле синче, а под објавата едни и честитаат други изразуваат сочувство.... абе срце да ти препукне.
Дваесет и осумгодишната Маја Паневска од Свети Николе починала откако била породена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница. Обдукцијата ќе покаже од што починала младата жена, но неофицијално најверојатно се работи за искрварување. Информацијата ја потврди директорот на Клиничка болница во Штип Ален Георгиев. -Родилката се породи нормално, доби здраво машко бебе, но после тоа настанале компликации почна да крвари после што беше отстранета матаката. Причината за смртта ќе се утврди со обдукција, вели директорот на Штипската болница. Тој вели дека младата жена се породила синоќа во 21 часот, но од засега непознати причини починала утринава околу 6 часот и 50 минути. Во соопштението од Клиничка болница-Штип се вели дека изразуваат сочувство на семејството и велат дека телото на првороденката е дадено на обдукција. Во текот на денов или најдоцна до утре очекуваат да го добијат извештајот од Патологија и Судска медицна во Скопје, по што на прес-конференција ќе ги соопштат деталите за смртта на родилката. Prevzemeno od:Republika.mk
Починала од обилно крварење, и матката и ја извадиле ама пак ништо..така прочитав негде, а како и зошто дошло до крварење кое во денешно време не може да се среди?цела сум во прашалници..жално за младиот згаснат живот, жално за бебето..
Колку што Свети Санте плус одговараше за починатата родилка, толку и овие од болницта во Штип ќе одговараат Тешка трагедија Нема збор што да се каже...
Uf strav da te fati. se naeziv celata koga slusnav na TV za toj slucaj pred nekojden odam ovde na oddelenieto za gin trebase nesto da gi prasam Dr da se sovetuvam so niv I luge koga izlegoa od eden carski rez pijani zdrobeni I rekov na mm ovie da me poragaat nema sansi osmici pravese edniot
Iskrvarila mnogu I ja otstranile matkata strav me fati mene koga go slusnav ova na tv tesko nas mm kazuvase kolku pati mi vika sabajleto gi gledam sestrite Kako kupuvat alkohol od dukanite do bolnicata
Незнам само кој е крив..министерот за смрт Тодоров, Филипче..кој!,,? Што трулеж од народ сме, глумци, безкичмењаци, алапачи... Демек сите испотресени.. Абе иди бегај!!!!
Ова што го зборуваш врска нема. Баш таму ми се блиските. Каков алкохол какви глупости. Немој да ги паничиш трудниците.
@Meckicja Ти , како совесена личност зошто не го пријави тоа што си го видела? Зошто не сте изреагирала ти или твојот сопруг? Мислам дека една трагедија имавмр со пијани доктор и анестезиолог кобно заврши, знаеш. Сите сме пациенти нивни, а вакво нешто е недопустливо и ако си видела твоја должност била да го пријавиш случајот ако си сигурна дека биле истите под дејство на алкохол. Тоа е страшно. Ако не си била сигурна, не си требала воопшто ништо да напишеш, тука.
Излезе ли директорот на болницата со резултати од обдукцијата или ќе се заталашка и овој случај? Ако и ја извадиле матката сигурно е била во шок соба и таму починала. Никој ли не ја приметил ноќеска?
Тогаш во ред си постапила, сигурно е испитан случајот. Јас имам пријавено слики објавени на Фб од лица вработени во Ургентен центар, поточно по повод Нова година си се честат и слават со вино и ракија на одделение. Арно ама тие и што ги примија на работа , тие и ги заштитија и потапкаа по рамо да продолжат со исто темпо. Одамна на лудилиот во здравствито му нема крај.