Би им го кажала ова истово вака одмерено со рамна линија без емоции лично во очи на нејзините и сите кои изгубиле близок или дете од криминогена личност која зад себе нема само една сообраќајка? Јас се согласувам дека треба да има измена во КЗ и да опфати и вакви личности кај кои нема оправка не само во сообраќајот, туку и во животот воопшто. Да потсетам само станува збор за дилер и конзумент на истото иако било прво само трева како што презентираа неговите нормално да минимизираат што е можно повеќе се.
Јас мислам дека големи сочни казни треба да се воведат против судиите шо го ослободувале, полицијата шо не дејствувала и секој кој шо не си ја извршил работата правилно, сите казни шо исчезнувале туку така преку вечер и колку и да е крив сторителот исто се криви и соучесници сите во системот шо замижале за овај. А на лажни солзи јас не му паѓам на родителите, сепак треба да се слушнат и двете страни, но задолжително да излезат и да кажат кој како интервенирал за да се избегнат казните. Ако се родителите вмешани дека ургирале и они нека ги гонат. Се плашам дека ова е поголемо од обичен несреќен случај. Изгледа сомнително за тоа кој сакал да му наштети на девојчето, зошто ја паркирал колата пред нивната зграда, зошто има поврзаност со дрога и не се кажува точно приказната за тоа кој стои зад ова со дрогата, колку од ,,големите луѓе,, се вмешани? што се ли се сокрива? ама ова јас не верувам да исплива на површина, ние само урламе против убиецот а не ја гледаме поголемата слика.
Овие што собираа петиција за доживотна казна, се правно неписмени луѓе. Прво, самата помисла дека петицијата треба да влијае на судската одлука. Второ, во нашиот закон дури ни убиство со директна умисла нема доживотна казна. И во повеќето земји во светот е така. Знам еден случај во Америка каде што типот возеше 6 саати од Вашингтон до Њујорк за да упуца еден таму што спиел со жена му, значи апла убиство со директна и стабилна умисла, па му дадоа 25 години затвор, а не доживотен. Проблемот со случајот со Васил е што луѓе со сличен престап како неговиот имаат добиено 3-6 години. Тоа е судската пракса кај нас, тоа е сегашниот преседант. Не знам како ќе го изведат судиите сега тоа да му дадат двоцифрена бројка на години. Мислам дека ќе го влечкаат малку случајов, да се стивне гневот кај семејството и блиските на Фросина, и гневот на народот, па потоа ќе му дадат некоја голема бројка, а потоа ќе му ја намалат за добро поведение. Мислам дека ќе му дадат се вкупно 17 години (заедно со делото со дрогата). Го гледавте видеото? Језиво. Тажно. Од една страна се каам што го гледав. Од друга страна мислам дека после ова нема никогаш да возам над 50 км/ч во градско подрачје.
Не е проблемот колкава ќе е казната голема, проблемот е како да се извлечат соучесниците во ваков случај, не знам како се вперени сите очи само кон убиецот, а се заташкува кој се е вмешан и полека ќе се избрише од меморијата и таа малце информација која ја имаме дека одредени луѓе Судии и јавно обвинителство и полиција се вмешани. Но тоа е луѓе шо се само на емоции... А да не прашувам кујзнај колку случаи имало во минатото од истите или други судии на кои се ургирало да се одбегне казна. Се е труло. Нема надеж.
Државата е таа што казнува откако ќе направиш криминал. Јас можам сега во следниве 5 минути да отидам да го убијам комшијава, ни полиција ни ништо нема да ме спречи. Ама ако после тоа, не ме казнат, државата Е крива. Ама не може на секој еден човек да му седиме на глава да контролираме дали ќе убие некој или ќе направи било каков криминал Али фала богу низ овие илјадници години еволуција и цивилизација доволно сме станале свесни дека убивањето не е во ред и освен казната, нѐ спречува и совеста, емпатијата и разбирањето како функционира едно општество, дека убивање од чиста мира не е нормално и ги нарушува меѓучовечките односи. Е така и Васо. Васо прво пошто живее во Скопје, во една колку толку цивилизирана држава, требало да знае дека возењето брзо е опасно за него, за тие до него и околу него. Васо требало да знае дека пиењето алкохол пред возење доведува до потешкотии да управуваш возило и дека тоа може да го убие него или некој друг. Моожда државата е крива што му давале стопати втори шанси, оти да не му дале, Васо никогаш немало да седне пак во таа кола in the first place. Ама кога веќе му била дадена, совеста останува на него. Ама он совеста ја немал. И тука државата не му е крива. Втора работа. За да зборуваме дали и колку во некое дело имаат улога општествен фактори, треба да согледаме колкава корист имал поединецот, оти нели, чим нештото МОРАЛ да го направи (иако неќел), значи е за лична корист, за да добие нешто ама не може да го добие по нормален, легален пат. Пример, немаш пари, гладен си, на улица, идеш во маркет крадеш леб и паштета. Правиш кривично дело ама користа е што имаш храна и ќе бидеш најаден, си морал. Или завршуваш факултет со висок просек, никаде не те примаат. Фаќаш врски, те примаат, испаѓаш одличен работник. Користа е што си вработен, друг начин немало. Па еве кажете, каква корист би имал Васо за да вози 130 пијан за да речеме дека бил приморан од околностите?
Семејството на Фросина кажува дека било зелено за пешаци, очевидци велат дека било трепкачки жолто…. Има ли нешто официјално за ова?
Се согласувам. Јас на Фесјбук пишав неколку поста на оваа тема и сите се во насока на судијката што го ослободила Васил, и обвинителство што ги заташкува случаите. Гледате сега откако се крена народ, одма обвинителство му ја одби жалбата (дадена пред 8 месеци) и му пресуди 3 години затвор. Епа да го направеа тоа пред само 10 дена, сега Фросина веројатно ќе беше жива.
Точно така. Само доколку бил казнуван навреме ќе се спречило ова. Исто така и тоа шо возат бев возачка. Па имаме 19000 колку е бројката точна шо возат без возачка и му се прогледува низ прсти. Многу од нив се таксисти, шо полицијава ги знае дека возат но ако нека тера од тоа живее..
семејството на Фросина кажа дека било зелено за пешаци. Очевидци велеле дека не работел семафорот, такво трепкачко жолто
Истово го коментирав пред некој саат Као, како ќе дадеш толку пари без да се јавиш на ќерка ти дали згазила човек, дете??? Додека има овци... Тоа е
Абе добро.. не е ни добро, ама не знам шо да кажам па ај добро Ама во секој случај ли е така или до толку е глуп народов реално? Не е еден и единствен, најмалку 3 такви прочитав деновиве
Кога еден ќе успее, се пробаат и други. Секаде во светов премногу измами. Надвор од темата но во Америка ова е секојдневие. Се јавуваат кај стари луѓе и му бараат пари,,демек по грешка ви префрлив пари на сметка ваша, треба да ми ги вратите некако по што тие купуваат гифт карта и му ги кажуваат бројчињата од ваучерот и така му ги земаат парите. Или пак друг случај најдуваат листа на броеви од хакнати страни, му пуштаат автоматски говорни пораки дека се направила грешка во уплата и си платил повеќе од шо треба за нешто, треба да ти направиме рефонд и луѓето ако му се јават ги тераат да му дадат контрола на нивниот компјутер за да се изврши рефонд, му велат да ја отворат страната од нивната банка и да се лоцираат, му ја едитират сменуват страната односно цифрите за состојба од нивната сметка и ги убедуваат дека место да направат рефонд на 50долари направиле на 5000долари и дека треба тие пари да ги вратат. остатокот да се врати. Враќаат пари овие преку ваучери, му се закануваат дека ако не ги вратат парите ќе се јават во полиција и судски ќе ги гонат, ги фаќаат на страв. Измами еден куп, најчесто на стари луѓе а најмногу прават измами Индијците.
И во двата случаи е крив. Кога контролира сообраќаец, семафорите се исклучени. И тогаш сообраќаецот да не треба да пази да го згазат? Трепкаво жолто не значи фурај. Значи доближи се, успори, види за пешаци, има или нема и ако нема продолжи
Абе самиот пешачки, значи ПЕШАЧКИ премин, значи УСПОРИ, не требаат семафори, чуда, вратови. Населено место е, булевар не е автопат. Никој не рече дека не е крив.
Да ама кога ќе се фатат оти тРепКаВо жОлТо било, не членката туку општо тие што го правдаат, сфаќаш на кај иде муабетот
Нека плаќаат, кога сакаат да скријат намерно убиство, нека ги лажат и нека им ги земаат парите, ич не ги жалам.. Мене така да ми се јават за близок, ќе му речам врти на 192, тој ти е бројот од полиција..