Има сигурно опција дека го признал делото и се кае да добие пониска. Затоа реков една асална пресуда.
Знаете што ми е криво, за Пале и Дедо Љубе се направи јавен притисок и се бранеа од слобода и добија ослободителна пресуда, а за жената во Кратово никој јавно не ја подржи. Сиротата уште е во притвор.
Нека скапе во затвор. https://24info.mk/dozhivotna-kazna-zatvor-za-fadil-zejnelov-za-ubistvoto-na-emilija-pesheva/ Вака треба и со сите други кои убиваат со умисла. Сигурна сум дека родителите на Васил бараат начин да го извлечат од затвор или да добие мала казна.
Не се малолетни. Пишува дека се на возраст од 20 до 32 години . И јас се чудам зошто со иницијали и зошто ниеден велешанец не ги ставил на тапет по интернетов со слики имиња презимиња ...да не шпекулирам ама претпоставувам девојчето е ромка па затоа и нема галама
Треба и кај нас да профункционира она во Србија што прават лажни профили од мали девојчиња, за да ги фатат ваквите. Изгледа само овој немал книшка од партија. Па малите ромки најчесто се мета на педофили. Треба јавно со закон да се објавуваат имињата на педофилите. Ама па кај нас нема асални закони за тоа. Тоа што е до сега дознаено, е дознаено од што ги открил народот, а не МВР.
Не е ромка, додуша да звучам ко да судам, ама не е ни цвеќе за мирисање. Кратко после случајот со силување, ја фатија поднапиена и издрогирана, возела. Врзан случај, не ги правдам силувачите,ама покомплицирана ситуација е од тоа што знаеме во јавноста.
Ова игра директно во реториката барање „совршена“ жртва и е lowkey срамота да се мери каква била жртвата зошто звучи ко да се бара „оправдање“ за злосторството извршено врз неа. Знам дека не е то намерата, и сама велиш дека не оправдуваш шо е напраено ама ко ќе се напрај вака споредба толку е tone deaf шо буквално така звучи чак не била таква намерата. Каква личност е жртвата и шо има праено (каде не е жртва) е одделно од инстанците каде е жртва. Башка шо има 14 години. И гомно да е, дете е. И гола да му се шетала пред нив и да му велела „те молам еби ме“ - ДЕТЕ Е!!! Нема покомплицирана ситуација шо ние јавноста не ја знајме или шо треба да знајме за да одлучиме дали е доволно жртва или да спомниме нешто шо не е релевантно во моментот. Инаку и мене ме интересира зошто се со иницијали. Не само за педофилија, туку и за силовање треба да има регистар на sex offenders и мора да е најјавно нешто шо постои за да можиме отворено да пребараме некој кој ни пристапва со „добри намери“ да знајме дали е опасност за нас или за децата околу нас.
Со тие трауми тешко дека ќе остане нормална... и треба психолошка поддршка да не заглави во лавиринтот на дрогата...
Реков, не правдам никој. И да, се согласувам со демонка, и гола да шета дете е. Меѓутоа, голема разлика има од дете до дете. И нејзиното однесување е, тотално релевантно во ситуацијава. И пред дешавката, и после. Пак ке кажам, силувачите се силувачи, пошто кај ненасилни луѓе, било каква да била, тој нагон немало да се јави. А они ја искористиле максимално...
Како е релевантно нејзиното однесување за ситуацијата и како е релевантна разликата од дете до дете, за ситуацијата? Цела тема сум отворила за „совршена“ жртва. И жал ми е Патем, имај на ум дека однесување после ситуацијава, е трауматска реакција на 14 годишно ДЕТЕ. Исто имај го то на ум кога одговараш, дете. Размисли колку можи да резонира дете, а колку е жртва на околностите и ситуациите кои ѝ се случиле.
Пак ќе речам, не ја напаѓам. Не и ја знам целата ситуација. Никој да не се најде во неа. Но истава ситуација не може да му се случи на било кое дете. Тврдам. А мажињава, да биле поразумни, за рака кај родителите да ја однеле, се би се завршило поинаку.
Ќе се прам дека ништо од ова не прочитав. Пошто страшно ме лути кога дете се става на толку висок стандард за резонирање и се става низ филтер на „совршена жртва“ кога пред се сеуште е дете кое требало да е заштитено, а не било. Неќам ни да спомнам колку, особено девојчиња, се сексуално малтретирани, а притоа то да не е силовање и то се случва на многу девојчиња, а не само на некои шо „не биле цвеќиња за мирисање“. Дете е. Требало да е заштитено, ама не било. Ќе прашам пак: Значи, не прашвам дали има разлика. Прашвам како е релевантна и во кој контекст е кажано нештото, пошто ако не добијам одговор се шо (ќе) мислам е дека е насока на вина кај жртва пошто е „полесно“. Оти така звучи. Spoiler Сега видов дека сега не сум допишала шо сум почнала да пишам. А-у.
Навистина?! Да направиме паралела со убиецот Васо, кој потекнувал од „урбано, современо семејство„ (според судиката) па ете каде заврши. Девојчево претпоставувам не потекнува од вакво семејство, па очекувано е да им се случуваат на децата од такви семејства вакви случки. Шониегајле за нив! Неурбани се они!!!! ЈАЗ'К!!!!