Оти? Оти има лош маж? Дека има слаби деца? Што згрешила она за да се дадат децата и дом? Посреќни ќе бидат без мајка?
И? Што ќе постигнеш ако и ги одземеш децата на мајката? Ќе одат во дом или во згрижувачки семејства? Таму условите се далеку полоши од тоа што таа може да им ги пружи. Нејзе и треба помош да се ослободи од говедово, не да ја напаѓате дополнително. Знаете каде живеме, нели?
Што има врска како изгледа жената?! Од кога надворешниот изглед стана критериум за тоа дали некој заслужува да биде родител? Не е ова избор за Мис Македонија, туку трагична ситуација со семејно насилство. Се надевам дека ова не е негативно како изгледа таа.. А зошто, точно, да и се земат и на мајката децата? Затоа што преживеала? Затоа што во момент на шок и страв снимала, а не скокнала да се тепа со манијакот? Или затоа што не ви изгледа доволно ,,мајчински“ по ваш стандард? Нејзиното снимање можеби е единственото нешто што ги спасило тие деца од уште полоша судбина. Во земја каде модринките не се доказ, а институциите спијат, ВИДЕОТО е тоа што отвори очи на јавноста. Но, пак, на жената и судите. Не значи дека е лоша мајка, можеби значи дека била во ќош заглавена со психопат и правела што можела за да ги заштити. Мене тоа не ми е причина да и се земат децата, туку да и се понуди помош. Не се сите жени Рамбо, некои се скршени од страв и траума. Тоа не ги прави лоши мајки, туку жртви на системот и на еден болен човек. Да ни функционираше системот немаше ни да постојат вакви видеа... Ова општество секогаш наоѓа начин да ја обвини жртвата. Да ја обвини мајката што не побегнала, што не го прободела, што не урлала доволно. Ама никогаш да се праша зошто морала воопшто да бира меѓу тоа да снима или да гине?
Чуден изглед има , а знам дека не грешам За снимањето не реков ништо , сепак мое видување децата тепани и претходно а сега покажува снимки Оти можеби децата ќе бидат посреќни и без неа. Што мајка ќе им треба ако ги малтретира и она ? Види не значи дека е идеална мајка.Дисфункционално семејство за жал . Греота за дечињата
Во дом не верувам дека ќе бидат многу среќни. А и да ги посвојат некои родители кои навистина ќе се грижат за нив и ќе имаат се, секогаш ќе им фали биолошката мајка.. Подобро да се позанимаваат институциите да им дадат услови за да започнат поубав и нов живот со нивната мајка.
A како е по домови? За згрижувачки семејства веројатно има нијанси, некој ги чува за пари, друг и за пари и оти сака деца.
Не знам дали функционираат веќе домовите, повеќето дечиња се во згрижувачки фамилии. Таму кај што сум мажена, во градот и околината е пракса да се чува по некое дете и верувајте, од она што се врти муабет, исто ќе им биде. Ги оставаат по цел ден в кревет (тие што се недвижечки) никаква грижа. Ретки се оние што ги гледаат ко свое. И на пријави во полиција и социјално, погодете што. Никому ништо.
Не сакав да го изгледам видеото, од вакви видеа ми зоврива се одвнатре и останувам со кнедла во грло и мака ми е со денови. Некој го ставил на стори и ми се иде да го искршам телефонот. Ѓубре едно, монструм, се надевам постојат стварно ред и закони по затворите каде ваквите стоки како овој посебно ги обожаваат, ги рендаат на дневна база. Да умре во најголеми маки, а и проклети да се сите што работат по институциите што требале да ги заштитат. Не смее ни ова да остане неказнето. Мора и мора да се заштитат мајката и децата, во спротивно треба да го осетат гневот на народот, аман веке. А на овој мочко треба да му се собереме масовно пред куќа, со чекан би го удирала по рацете и лицето. Се надевам ке му наплати некој за ова што го има сторено. Туку не членувам во групите што ги спомнувате, па кој знае како да и се помогне на мајката нека остави линк. Дај боже натаму дечињата да имаат мирен и спокоен живот.
Јас сега од тебе го дознавам ова... Лелеее не сакам да верувам дека ова е вистина. Зоштооо?Што ли му се случило? Ова е престрашно Каде е МВР да реагира на ова? Тој не е татко, тој е монструм!!
Леле сирото дете... Ни криво ни должно. Гнасно копиле, се најлошо му посакувам!! Да го мачат во затвор, да го тепаат
Дали има официјална вест дека го притворија? Тоа на социјалниве мрежи никаде не гледам да пишува. Ако може некој линк да прати овде.
И јас исто. Се молам да го утепаат од ќотек! Иако тука се зборува за против ќотекот, и јас сум против насилство, исто се постапува како што постапил он... ама верувајте ми се најлошо му мислам! Го преплакав детето...Се надевам ќе го утепаат, не заслужува таков монструм да живее.