Го сфатив како, ја повлекол неа за рака и заклучил врата, а новиов надвор. Колку траело тоа внатре, и дали новиов успеал да викне полиција пред тоа, ќе видиме.
мислата на коментарот е сосем во право ама начинот на кој е кажана не е во ред. Значи дека треба да се внимава треба ама дотолку бе да си жртва и да си ти крива ...па кај го има тоа
На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер И.С.(39) од Скопје, по што ја заклучил вратата.
И овој ништо ли не направил? Прозор ќе скршам, ќе викнам комшии, ќе викнам полиција, галама ќе направам…не знам.
Don’t judge the book by its cover. Очигледно, поговоркава си има универзална намена, па и овде. МВР, “стандард” затаиле. Е сега за нештата да бидат потрагични, нели типов “УрБаН лИк”. А У каква дефанзива имаше и тековно има од определени, несфатени и урбани ликови од неговото просто-проширено опкружување. Страшна џева дигнаа кога на останатите им стана јасно за каков психопат станува збор. И еве да не изостане, пак истото се случува. Ние, народот, не сме го познавале доволно, за да го наречеме “монструм”. Е, ова релативизрање најмногу ми пречи. Допрва ќе излезат уште некои работи на виделина, ама нели урбан лик, уметник, згоден, со стил…. изгледа на таквите простено им е.
Се знае чиј син бил? На толку закани, малтретирања, запалил кола, добил само условна заштитен како мечка. А вака што гледам од слики полн ко брод, плус тоа во Дебар Маало живеел. Некаде прочитав имал мајака професорка во средно, ама никој не кажува како се викаат родителите. Најверојатно се некои големци и ги кријат.
Урбан лик го знаеле од Скопјево терал мода тоа е тоа, ванс, прада, адидас самба ти е Скопјани approved starter pack ако ги носиш овие гарант знаеш кај тераш у животот и сигурно си квалитетна личност.
Честитки МВР. Уште една “победа”. Сѐ додека е тоа дувло за собирање гласови вака ќе ни се дешава. Што пиша Бојан Ковац на Фејсбук, тоа треба да се преименува во "Центар за искомплексирано гласачко тело". И сигурно додека моментално ние пишуваме тука некој(а) некаде пријавува нешто и е игнориран(а), пошо сигурно ‘’преувеличува’’.
Е тоа де, веднаш низ различна призма се гледаат работите. Ама не е само во Скопје, и од друг град да беше, а да е топка пари и со стил, веднаш е друга прича. Знаеш… убиство “со стил” и убиство се различни нешта.
Типов е осуден на условна казна пред една недела. Кој го осудил и го пуштил слободно да шета. Судииве најголеми битанги во државава се.
И колку е тајновито. Зар велешани не разбрале кој бил судијата во велешкиот суд? Па да го објават кој е? Во другиве места се разбираат овие работи веднаш.
Иначе на Фб има пост, јавен, од 27. март 2019, од еден дечко, кој индиректно реферира кон овој урбаниов, баш коментирајќи ја маската со брендираната облека, со десетици коментари од сектата на психопатов каде го бранат, па и од самиот Илија кој си се пронашол во пишаното. Не, не мислам дека облеката и тетоважите, урбаноста или што и да е се проблем, сакам да кажам дека еве барем минумум 6 години многу знаеле за ова, а ништо не сториле. А уште пострашно, и оние кои пробале не добиле заштита од оние кои можат тоа да го обезбедат.
“Градска фаца, шармантен, со специфичен стил, културен, уникатен, екстровертен, дружељубив итн”… и убиец очигледно.
Условна казна, во превод не е казна. Повеќе е ко опомена од типот "да не ти се повтори пак". Е толку му дале, опомена, додека некоја од него се тресе од страв, нему толку му досудиле. Некој или го штител ко бела мечка, или некои си оделе на работа за да си отспијат ко и обично. Не знам која варијанта е пострашна. За ова како изгледал, еве и да се препознава психопат по изгледот, што докажува и која е поентата на ваков муабет? На крај ќе испадне таа требало да го препознае, демек од авион се гледал психопат по очите, или по муцката. Можеби сите физички непривлечни луѓе, тело во замрзнувач дома чуваат. Не е проблемот овде грд-личен, урбан-рурален, туку што на седум пријави си шетал на слобода, дури жени живееле во страв. И судијата, а и "експертов" што вештачел да ги објават со име и презиме. И да си одговараат. Немало патолошка опсесивност и фиксација, мај ес. Сигурно бил само емотивен и повреден, сирот тој. А да бевме нормална држава по едно вештачење да им се направеше и на отпадоциве несреќни што изиграваат емпатија на фејсбук - "таа прва го убила човекот во него". Уствари немаме ни доволно функционални институции за волкав "отпад" да прочешлаат. Седум пати пријавуван, седум пушки да ги пукаат сите одговорни што не мрднале со прст.
Јас гледам слики и од 2022, 2023 и 2024. Ама реално, тоа е најмалку битно во ситуацијава, ако прекинеш однос па макар траел и 100години, тоа е, секој по свој пат ко двајца возрасни луѓе, а не опседнатост и не оставање на раат. Жално е што не е прв ваков случај кај што не се реагирало на време, а ко што ми личи нема да биде ни последен. И уште пожално е што млада девојка и татко и отидоа ради некој психопат, баш така и ми личи на сите слики, далеку е од било каква фаца или урбан лик.
Сигурна сум после ова јавно ќе се огласи и некоја друга девојка која била малтретирана од ликов само што немала храброст до сега. Видете го во очите ликов на сликите без наочари, овој е биден тежок наркос, сигурно и вчера е биден нафиксан.