Лелее, кутрата девојка. Значи мајкаму е пола виновна, пола затоа што не го сторила таа ова злосторство. Уште наставничка, жена што треба да е пример за воспитување и однесување. Не сакам да ја коментирам многу, не ја познавам ама да дојде некој и да ми се пожали од моето дете а јас така да си седам тоа е незамисливо. Уште милион пријави без разлика дали од девојки или од други причини... страшно, велам јас дека е за да се плаши човек
Ја држел Росица затворена во соба без телефон, мајка му била во станот, ништо не презела. Одвај излегла и отишла да го пријави. После два дена пред да и ја запалт колата и пишала на мајка му за помош, оваа: Што па мене ми пишуваш.
Ќе испадне муабетот сама си го барала, да и таа и другите пред неа, не сфаќате дека успешно ја манипулирал и веќе кога не можела тој притисок да го издржи реагирала, но никој не и помогна. Не разбирам зошто секогаш кога се случува ова со мажите се наидува некој да зборува дека жртвата е крива.
Излегла со молење и ветување дека ќе одат и ќе побараат помош за нивната врска, па така психово ја пуштил..
Ново сведоштво | Пред 12 години го пријавила убиецот на Росица во полиција: „Јас можев да бидам на нејзиното место“
Ете ве вас поинаквите мажи, не вие не сте такви мрднати, не тепате, не сте агресивни, фини ангелчиња сте. Ама затоа сте глупи ко к и пишувате и мислите вакви идиотски работи кај што жртвата е крива што налетала на психопат. Пошо кога го запознала, на чело му пишувало "јас сум психопат", и таа замисли си сакала од ѓаволот што бил да го претвори во ангел. Леле бе, леле, какви идиоштинииии! И вас треба да ве изучуваат жими сè, да видиме кај е проблемот...
Обратно е уствари, синовите се огледуваат на таткото и каков е односот на таткото со мајката, макар ни ова не е мерило дека некој ќе стани психопат таков му бил генот и може некои околности кои довеле до ова.
Цела фамилија психопати очигледно и нема што да се додаде. Само знам дека овде правда нема да спроведеме и дека овде нема да промениме ништо можеме до утре да пишуваме. Се додека парата ги отвара вратите и врските ја вршат работата ништо од нас. Никој не треба да е над законот, секој да си одговара за постапките... ама овде тешко. Родителите се знаеле наместо да го запрат тие му помагале. Па ако треба во затвор ќе лежи во затвор, ако треба во болница ќе оди во болница, ако му фали ќотек ќе јаде ќотек...
Проблемот е со тебе што пишуваш на една ваква брутално осетлива тема за жена која беше убиена на ужасен начин, на најголемиот женски форум во Македонија. Затоа можеби побарај си место на друг форум каде што ќе те толерираат, или шири ја омразава на социјални мрежи. Најдобро би било нигде да не пишуваш, ама ете, тука сме. Овде барем не мораме да те читаме, можеш да одиш на траен одмор. И, останатите машки членови, ако имате уште такви зборови како членов погоре задржете ги за себе, или истурете ги на друго место, не овде.
Ај да не се изразувам што ме боли. За однесувањето на секоја индивидуа се одговорни само и само тие самите. Ни мајка ни татко ни комшии. Ако ти сам немаш мозок не може никој ни да ти даде ни да ти земе. А од вакви “верници” како тебе си страдаме што мислат дека доволно е да одат во црква само.
Оф боже... абе дечко, за што дојде ти тука на темава и на форумов воопшто? Очигледно на вас мажите кога нешто не ви е по ќеиф одма е жената крива за се... до кога со префрлање на вина? Кога ќе се погледнете себе малце, ќе ставите прст на чело, дали можеби кога нештото не оди проблемот е до вас, дали можеби размислувањето треба да се промени, однесувањето да се прилагоди? Ама не, жената ви е и за тоа крива пошто не игра како вие што свирите! Како бившиот што ми викаше, добра беше додека ќутеше и не ми возвраќаше, сега нешто многу си се дигнала, многу јака си станала. Не чинев пошто конечно си го кренав гласот и си ја сфатив својата вредност, не дозволував повеќе да ме манипулира и да има контрола врз мене! И за сите вас што викате дека бил МЕНТАЛНО БОЛЕН, да ви кажам нешто. Во денешно време СИТЕ до еден имаме проблеми со ментално здравје, со оглед на тоа во каков свет живееме... Тоа не значи дека треба да се испоубиеме меѓу себе, туку значи дека треба искрено да се погледнеме самите себе во очи и да си се соочиме со демоните кои ги носиме. Да им пружиме отпор и да не им дозволиме да ни го поматат умот. СИТЕ се бориме со самите себе, ама исто така СИТЕ имаме ЛИЧЕН избор како ќе постапуваме.
Ова маживе уствари сами се брукаат со муабетиве. Значи ако ете се гледаат со некоја што не е цвеќе за мирисање, место да си го сочуваат достоинството и да се тргнат настрана ко разумни луѓе, они ќе ја следат, демнат, напаѓаат, на крај убијат. Браво дечки, терајте. Само се закопуете подлабоко у гоВна, иначе мене ич не ме погодува тоа шо зборите
Во вас нема човечка душа туку црн ѓавол. Го сакате бог, тепате све помало од вас. Го сакате бог, ги вреѓате со курви и кучки. Идете во црквите и џамиите, за после да удрете остро на туѓо чедо. Се крстиш секој пат кога ќе поминеш покрај црква за да земеш живот што не е твој, како кукавица. Се тркаш да го фатиш крстот за да може да кажуваш како сами бараме да сме удрени, силувани и убиени. А ти жено, правиш лепчиња за прочка за помирно да спиеш кога жртвата на син ти те моли за да живее. Господ за вас не постои, а ни вие за него. Гроб да немате, кукавици едни распрдени.
Како може она да го наведе да ја убие. Лошо звучи, ама пресмешни и трагични и ретардирани ми се постовите на поедини серковци што всушност никој ни сопствена мајка не ги сака. Таа била таа што пријавувала, таа била малтретирана. Пологично е таа да била наведена да го убие, не обратно. Му раскинала, не го сакала, биди маж бре, најди си друга. Кога веќе некој не те сака, која сатисфакција ја имаш да бидеш со некого. Не знам. Кукавица, распрдена. А дека на чело му пишува дека е психо, па вас што ве читам, исто смешни ми сте. Најголемите психопати се вистински привлечни, шармантни, елоквентни. Не му треба да те киднапира, одиш сама кај него. Јас мислам дека не бил таков, барем не со убиствени нагони. Но, по сликите се гледа каде почнал да конзумира нешто. Фацата издава на што си. И како торта, веќе ги имал состојките, му требало шлаг, како дрога, да го истакне демонот во него. А овој горе утепаниов што релативизира, може и иден ,,урбан фраер" е. Не бе брат, ми грешеле во животот, болно, не отидов да ги убијам. Ај доста таму.