Не е доктор анестезиолог туку анестезиолошки техничар. Новинариве не прават разлика. Пак тој тип на човек, религиозен, семеен, националистички настроен. Изненадувачки. А баш и језиво тоа што ваков човек работел со толку деликатни пациенти.
Мене пак воопшто не ме ме изненади тоа што бил религиозен и националистички настроен(фанатиците си имаат мува на капата). Повеќе ми беше чудно дека ссемеен човек би направил такво нешто.
Има и многу фанатици што не би згазиле на мравка. Глупи ми се овие предрасуди, секој може да биде психопат. Ради ваквите предрасуди имаше многу вчудоневидени како урбаниот лик Илија Стефановски можел да ја убие Росица а тој бил баш спротивно од се ова, а уств како него има уште којзнае колку у светов.
Убиецот го знам многу добро , на моја жалост . Од поодамна ми делуваше како фркнат во главата , ама не сум знаела дека бил до толку фркнат . Флека за децата и сопругата , уште една во низот флеки .
Mики од Брвеница, упорно брани убиство. Синот Божидар исто, бара разбирање. Значи зошто полицијата не ги прибрала досега? И жена му не знае дека лудакот отишол да се кара со стар човек оти сакал да го раскине договорот? Зошто воопшто има договор? Од алчност. Ако сака ќе го раскине, негов имот, негово право, овие што се напикале во мала куќа маж. жена, три деца, па гледам и внуци веќе има, нивни проблем, очигледно не планирале семејство и финансии на соодветно ниво, се прецениле дека можат повеќе. Нивни проблем. Абе што човек е охриѓанецот, нема ли деца? Неженет е или немал деца во брак? Греота за човекот.
Има нешто ново за овој Жарко, уапсен е? Ептен мрднат и на фаца овој. Од каде до каде да догледува некој за имот од Охрид? Човекот толку немал кому да остави?
Не се шокирав толку од објавата на син му кој пробува да го одбрани, туку тоа што стотици луѓе го поддржуваат… Не знам, не ви е малце страшно ова? Копилето на морбиден начин убива човек со голи раце, а стотици луѓе го бранат и му даваат поддршка, прекрасен човек бил. Каде живееме луѓе… @senza.parole наводно во притвор бил поради ризик од бегство.
Јас ја прочитав објаватама сон му, вели татко му имал лекарска професија. Сега не ми е јасно, доктор ли е или не? Секој верски фанатик е лудак, без разлика на која вера се декларира дека припаѓа. Многу и го бранат на фб, велат го местат. Да не знае човек веќе што да верува.
Како го местат кога на камери е снимен како го тепа и го задушува со раце?Снимен е како доаѓа до куќата, како влегува, го убива и излегува?Лоцирано е целото негово движење и сега го местеле, кој е он Тито па некој да го мести?
Леле и синот е со бел мантил. Па и статус со поддршка за тате кој со голи раце задавил човек за имот. Статусов му е у фазон: човекот на стотици луѓе помогнал, вие за едно убиство се фативте, срам да ви е!!
Баш така, убил човек ама ги заборавате луѓето на кои им помогнал! Социјален експеримент ни е државава.
Убиениот му бил другарче на убиецов кој е приведен, заедно го "бранеле" името и државата од злосторници, убиениов се откажал јавно од трите ќерки, да не го користеле неговото чесно презиме повеќе и бил искаран со кој стигнал, убиецов ментол на работно место често пати имал конфликти и расправии, пред месец дена направиле договор да го догледа после тоа се премислувал и на крај сакал да се откаже од договорот и овој поради тоа а и за имотот го убил. Инаку вакви дувла на секташки малоумници се појавија и најмногу до израз дојдоа благодарение на ВМРО и Груевски со неговото перење на мозок им даде ветар во грб и поддршка.
Знаеш како иде. Крушата под круша паѓа. Да ни е државава водена од нормални, овој би бил под надзор. И татко му немаше да убие. Ама секогаш караванот го врват лудаци...