Да се тешиме дека психопатијата не е пренослива и дека другите две деца не ги делат ставовите на синов кој излезе јавно со поддршка за таткото убиец.
Никогаш нема да ми стане јасно како ваков калибар на умоболен психопат може да има таков шарм/харизма или што и да е, да изманипулира следбеници кои уште згора на се ќе го бранат.
Смееме да ги споделиме и да ги пријавиме во сабјер криминал. Има мејл на сајтот на МВР. Сериозно убиениот имал три ќерки?
Пострашно е да не има на душа земано и пациенти во болница, се е можно во земјава, не дека некој води сметка.
Не знам, некој вика три сина некој три ќерки, еден син сигурно има а други не знам, крај краева не е битно, освен едниов син, што јавно дава поддршка на убицеот.
Не можев јас никакви снимки да најдам, немам ништо видено од тоа што кажуваш. Ако е вистина така, тогаш најстрого треба да се казни. И реално треба да се поведе сметка кој какви друштва секташки или не, формира. Јавно се заканувал и никому ништо. Ете сега....
2 ќерки и 1 син. Сите тројца доктори. Едната гинеколог, втората е во Германија и третиот е овој бисеров што го брани татко му.
И сите под на Агатангел мантијата клечат, Палчо имаше фотосесии со истиот. Овој им е матичен поп на сите психопати.
Тоа не се снимки што се покажуваат во јавност, бар не додека се водат како доказ, кога ќе заврши и ќе биде осуден, дури тогаш би можеле да се прикажат како вознемирувачка содржина, мада мислам дека и тоа нема да се случи, кој би сакал тоа да го гледа.
Исто како со снимките од камери за Палчо и Вања, само што ова едноставно било, пошто убиениот имал камери веројатно од агенција за обезбедување. А за гледање, секакви болесници има-очигледно. На општество со вакви ,,верници,, не му се потребни ,,неверници,,
Мислев охриѓанецот дали навистина имал 3 ќерки или пак нема деца? Не треба да се толерираат такви испади, се вклучувал во живо, и се заканувал на Заев и стои видеото. Значи каков и да е, премиер е, требало да е во затвор сега, не да задави човек. Закани кон обичен човек не смеат да се толерираат, не пак кон премиер. Друго, имал тепачка во селото, пријавен бил дека искршил автомобил на некој соселанец. За закани кон премиер, требало затвор и плус премиерот да бара отштета. Либералноста на политичарите води кон ова. И тој во живо тврдеше дека имал одреден број на браќа кои се спремни да се борат, буквално како паравојска.
За убиениот се пишуваше дека имал три ќерки од кои јавно се откажал пред месец време, кога решил на убиецов да му го препише имотов. Ама се предомислил нешто деновиве и се деси ова што се деси.
Не така одамна на истава тема и ти имаше разбирање за убиецот од Прилеп кој го уби синот на сестра му и внучето, затоа што според тебе кога му го зеле имањето се чуствувал како 13-то прасе.