Која е таа, онаа со белион кроп топ, пардон прслук или онаа со црно пред девојчето што стои? Колку се само сите вулгарни, ух,абе ептен сум гневна.
Створењава да им се одземат на створењата од родители шо ги имаат, директ во поправен дом, нема излегување додека не докажат дека се рехабилитирани и безбедни за општеството, нема враќање назад иначе, седи си затворен настрана од нормалните. А за створењата од родители парични казни најмалце една декада, шо ќе обезбедат поправниот дом да функционира од тие пари. Ова врска нема со млатење по дома, овие створењава само така на хартија постојат ко нечии деца, гарантирам дека цел живот никој не се замарал со нив шо праат, овие не се пораснати и не живеат во реален свет, некој измислен, виртуелен, глејте како перформираат едни за други, се докажуваат. Ова е ретардирано скроз...
Го има и таткото тагнато, има слики од мајката и таткото тие се постари јавни, ќе и текне дека се гледаат ќе ги избрише сигурно.
Не е резултат ова на џентл родителство. Ова е резултат на незаинтересираност на родителите и нивно емотивно отсуство. Неразговарање со децата. И тоа не се прави во седмо одд туку од дете, баш дете. На 13-14 години касно е веќе.
Да ти е страв да израснеш дете во Македонија. Додека не се направат строги закони за врсничко насилство, ова ќе стане честа појава. Еве сега некој нов закон ќе се гласа, за тоа ако нечие дете истепа друго дете во школо, родителите ќе платат казна од 250€. Ама што ако детето-насилник е син/ќерка на некој човек од мвр или на некои од политичарите? Ќе одговараат ли? Ќе го отпишат ли детето од тоа школо? Дали законот гарантира дека и после школо доколку се случи насилство, ќе се казнат родителите?
Ми се згрози кога го видов видеото утрово. Како ми расте детево се повеќе ме фаќа паника со кого ќе го дели градов/училиштето/населбата... Новиве генерации се веќе надвор од контрола и редно време е да се превземат мерки за вакви настани. За мене парична казна за родителот не е доволна казна. Овакви деликвенти треба сите да се пратат како криминалци во поправен дом да седат малце. Па нека ги дознаат сите роднини/комшии/пријатели со кого си имаат работа. Ако се доволно силни и возрасни да матретираат други деца, тогаш се доволно силни да седат во поправен дом. А овие што гледаат сеир од страна и се смеат / снимаат исто така казна. Убаво кажа некој погоре нека пормбаат маце на дождов надвор или на 40 степени пикавци по улица да собираат па да видам дали пак ке им текне да се смеат на туѓата мака. И не, ова однесување не е резултат на џентл парентинг него баш е резултат на оние родители кои уште во градинка не знаат да си ги зауздаат децата па уште на 3 години гребат/кубат/тепаат други дечиња за играчка а родителите ги правдаат - Леле ние на Трпана и збориме дома дека не е убаво ама такво си е детето, борбено. Не сестро не ти е борбено дететот и не се бори за своите права него е невоспитано и бесно. Ќе си најдеш начин да си го зауздаш зошто никој не е должен да го трпи освен ти самата. Па после ко ке пораснат ќе се чудиме зошто се вакви. Што дека се малолетни, мора да сносат одговност некаква без разлика на годините. Неможе општество на силеџии да бидеме. Сега цел Аеродром нека се собере на нозе да бара казна за говедава, па мајка им и татко им а и они да не можат да се симнат до Бисер леб да си купат а не па да шетаат слободно. Мора да се превземе нешто за да се превенира ова однесување, со казна од 250евра или 1000 евра ништо не правиме.
Пред месец дена од МВР ги казнија оние од Битола што фаќаа педофили преку лажен профил на девојче и ги снимаа да признаат. И јас сум за да не се снима така и да не се малтретираат луѓе, но за жал нема друг начин. А по нивно ќе го затворат, ќе излезе после некоја година и пак исто. И што добиваме? Ништо. Во поразвиените европски држави ги пратат преку Дарк Веб. Ги следат со месеци, а можеби и години, и после му влегуваат дома, го апсат, и од затвор веќе не излегува.
Ау шо ми требаше да отворам ? Страшно , колку души гледаат ,снимаат 30? Ова бе ти иде да ги најдеш родителите на мочлава и унапред да им платиш оштета па сите заби в раце да и ги дадеш. И после имаш вести дека родител истепал туѓо дете ,да не треба да ја гали ?
Кога го видов видоето така ми зовре крвта што си реков сва среќа шо немам дете зошо ако беше ќерка ми таа шо клечи господ знае шо ќе им направев и на Дарија и на тој мрсулкото шо вика чекајте да слушнеме како ќе шлапне шамарот. И пак зборете ми како греота биле и оние децана шо го сними Попович во Аеродром и како не требало мрсулко да му каже. Од такви родители вакви деца искачаат.
Вакви се оти родителите од дома ги учат не се дружи со овој, ретардиран е, сиромашен е, чуден е, фамилијата му е таква, оти на луѓе околу нив гледаат со понижување, така и за децава не се замараат како третираат послаб од нив.
Леле леле какви гнасни невоспитсни створења , сите до еден у поправна установа со се тие дебили нивни така наречени родители!!
Страшно е да се има деца тука, страшно, како ИСИС камп е срединава. Кој, кого ќе стигне малтретира. Диво племе да дојде овде ќе се фрапира. И да, децата се материјалисти. Еве внук ми се чудеше во школо едно девојче рекло дека никаде не била на распуст освен кај тетка и, значи не била на одмор, и веднаш се чудат и гледаат што тоа дете нема, а детето сирото нема мајка како прво. Гледаат кој што има, дали и друг го има тоа што тие го имаат.
Каде се сега члнките да "падавичат" за "кутрите" деца што некој мајмун им кажал??? Што се овие тогаш??? Сонца!!?? За вакви створови од дечишта само ќотекот е. И немој одма да скокате вакви копиљаци има зошто многу се мазнети. Тоа девојче долго време трауми ќе има заради дечиштава не тепани.
Од кај знаете дека не се тепани? Може се тепани и само тоа знаат, па сега така прават и на други. На крај краева сега веќе поважно е да се видат последиците, да добијат казни како што треба, да се исправи она што родителите очигледно не знаат да го направат, а тоа е да си ги воспитаат децата да бидат добри луѓе, па барем државата да преземе неои корективни мерки. Иако, знаеме тоа како иде, за жал. Не го гледав видеото, не можам да го сварам.
Дека треба да се казнат треба, мислам дека се и доволно возрасни за во казнено поправен дом, ама дека треба сега сите дома да си ги тепаат децата не! Секогаш мислите дека го прават тоа од што не се тепани, не би рекол, прво од кај знаете дали се тепани или не? Тапаните деца не вршат буинг? Сигурно вршат... Воспитувањето им е од дома и сигурно не се добро воспитани и сигурно има пропуст ама пропустот не од што не биле тепани..
А што ќе ги казнат децава? Родителите ќе си платат по 250 евра и толку готово се заборава за 3 дена. Се сеќавате на детено од Аеродром ( не ми текнува училиштето) кое ги малтретираше сите деца па дури и наставници, родителите бојкотираа настава и што бидна? Ништо. Заборавате каде живеете и дека тука важи " Знаеш кој сум јас, Ќе свртам 2 броја". Имало тепачки од секогаш но ова веќе е монструозно, распрдени деца и дебилни родители има сега.
Не мислам дека само кај нас го има овој проблем. Кај нас само побрзо се шират информаците. Во никој случај не оправдувам. Се згрозив и не догледав. Па кога прочитав и за старчето, што силувал дете. Да даде господ да му се исуши, говедо ниедно. Лигави родители сме. Јас вината ја гледам во нас. Баш сме доба на идиотизам.
Да почекаме да видиме какви ќе бидат последиците за насилниците и нивните родители, па ако се „некое евро“ казни, да излеземе на протест каде би барале насилниците да одат минимум една година во поправен дом. Кај нас за жал само така се притиснуваат партискиве институции да реагираат. Да не излезеа луѓе да протестираат, сега и оној што ја прегази Фросина на партизанска ќе си поминеше со 3-4 години казна.