Психологот Мирјана Јовановска Стојановска вели дека треба да се вратат полицајците позорникари на улиците. Тоа е добра идеја, ама да бидат луѓе кои стварно ќе реагираат. Џабе ќе биде да ги вратат ако мижат. Треба да бидат строги.
Ke si platat sega roditelite po 200 evra ako zakonot e izglasan I nikomu nishta. I po kratko vreme pak drugo dete ke nastrada. Bez maloletnichku zatvor,popraven dom I zatvor za roditeli ne se oprava rabotata. Ova e ispusteno I zanemareno dete koe e veke delikvent.
Општествено-корисна работа како казна, метла у рака и чистиш јавни површини месец-два. Мајндсетот на булингашите е потценувачки, а многумина ги потценуваат баш оваквите луѓе, што ја одржуваат хигиената у градот. Ги ставаш у таа улога месец дена, да се стопат од срам пошто се искомплексирани идиоти, ем ќе придонесуваат и ќе бидат корисни, а со тек на време може и ќе научат што е труд, одговорност и почит, какви пари побогу, многу е тешко да се најдат 15 000 денари, пффф, ќе плати тати или мами и сѐ ќе се заборави за брзо. Холивудски ѕвезди чистат улици и добиваат вакви казни, може и Максимилимилијан од прва-два да собира смет пошто е булингашко гомце.
Решение е сместување во Поправен дом Волковија за малолетници. Таму ќеги научат на ред. Едно 2-3 год , таман. За тие што навиваат 1 год. Авторитет се нема, повторуваме ко папагали сите ама џабе.
Да си жив и здрав. Само под рака метлата и тоа најмалку 1 година. Паралелно и на школо, ангажирање по часови (во другата смена) и помагање на персоналот. Распрдени.
Треба да има протести и за ова, државата да си преземе построги мерки против врсничко насилство. Да се измени законот, кривична одговорност од 12 години и готово. Ќе си лежиш затвор.
Скроз си у право. Исто како што ништо не бидна со тој синот на мајка у аеродром, исто како со она девојчето у ѓорче, така и ова. И вакви уште колку ги има во секое средно и основно училиште? Не знаеме. Се дур така ги “воспитуваат” ништо нема да се смени.
Не знам што е погрозно и повознемиривачки, мочливе што влечат за коса и шамараат или баграта од страна што навива и снима Емпатија 0 , стадо
Случката искрено ми ги раздрма сите можни сетила и емоции во мене, ме тера да сум вулгарен но сепак ке останам пристоен.Прво сите оние кој се дел од немилиот настан, се знае малолетен затвор, едно 2-3 па и 4 год, под ИТНО враќање на Полицајците на улиците, марш низ цела Држава, да се стави, ред, култура, и почитување, деф све забега, отиде све у пм, и се нема одамна за жал емпатија.
А добро што сте изненадени? Ова е резултат на џентл перентинг. Што очекувате кога мајкички постираат видеа како детето прави глупости по дома, расфрла, они се клештат? Што очекувате кога детето има главен збор на динамиката по дома, а нема ни полни 3? Ќе се истрауматизирало. Ма немој? Во околина имам мал милион примери. И гледам во што прераснуваат слатките тодлери од кои муабет не можепе да се направи. Сега се караат со учителки во 2ро одделение. Зошто? Зошто се купува се што ќе се посака, се толерира секое лошо однесување, се исполнува секој хир. Самокритичност, и малце да си видат по дома што имаат. Скоро однесовме подарок, малиот го фрли подарокот и даде одвратен коментар дека нешто не му е погодено. На 8 години! Родителите молчеа. Се е кажано. Имам една единствена другарка што и се воодушевувам со децата. Не е не! Чепка по ташна/новчаник? Се качува на глава? Одма се покажува местото. Вика сега дома, утре надвор други ќе малтретира. Овие ѕверчишта ми предизвикуваат таков револт што сакам да видам име и презиме на тие говеда што ги одгледале! Стока! Дома веќе не се зборува за воспитување и добро однесување! Дома се зборува само за исполнување на желби!
Внатрешно во градите нешто ме дирна кога го гледав видеото. Ауауауууу одамна не сум осетила вакво нешто. Одвратни дечишта, сите навиваат од страна. А за "главните" ликови немам коментар. Како за мое дете се изнервирав, се надевам дека ќотек ќе изеде дома како магарица онаа што шамараше. Заслужува 100%. Жал ми е за деца што се малтретирани ама ова е зло.
Ама се нафрливте со gentle parenting. Не го гледав видеото зашто нема да можам да спијам 3 дена ама сум сигурна дека баш ваквите деца биле сведоци на семејно насилство или пак самите биле жртви или се запоставени деца. Gentle parenting не раѓа насилници, напротив.
Така е. Пишав и прееска. Има линкови во СДК и темата за ќотек кои јасно ги кажуваат разликите помеѓу нежно, пасивно и пермисивно родителство. Нежното не ја применува телесната казна, но не е против казна која не нарушува ниту еден вид на интегритет на децата. Децата одгледани нежно знаат за причини и последици. Децата одгледани пасивно и пермисивно не знаат за причини и последици. И еве го резултатот. Никој не е за да им се прости. Не смее да им се прости. Но не смее ни да се претерува. Идејата на @FriendOfDorothy е добра за справување со вакви насилници. Ем да бидат тргнати од жртвите, ем да научат што е погрешно и тешко.
Не се овие деца тепани туку запоставени, запуштени, невоспитани, немале родители да им се посветат и да им покажат авторитет. Не е тоа нежно родителство туку родител кој е зафатен со други работи и детето оставено само да се учи.
Ќотекот не треба превенција да биде, ова се веќе изградени личности, така да како казна треба еден јак ќотек да им се удри за ова..
Де бре луѓе, и јас сум била малтретирана и запоставувана од моите како дете, па не сум станала малтретирач. Едно дете шо го знам, татко му е наркоман, ги тепаше сите по дома за да му даат пари за дрога, па ете го детето скроз ок си е денеска, тренира фудбал, не пуши ни цигари, а не па да малтретира. Едноставно некои деца такви се раѓаат, па шо сакате прајте им, како сакате раснете ги, они ќе си бидат малтретирачи. Затоа викам, казни. Казниииии. ПОСЛЕДИЦИИИИИ. Само така ќе им дојде умот.