ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Жена од Македонија со кола ѕверски уби куче на улица во Црна Гора — сакала да бега, но ја фатиле на граница
Текстот е збунувачки, искрено, не сфатив дали кучето го убило кучето на типкава па типкава го згазила истото, мада ако не е така, би ја згазил ја неа.
Така е, друго куче го усмртило нејзиното куче и она го згазила тоа куче заради тоа. Може да е момент на афект и шок.
Мене само не ми е јасно како може за едно куче да се дигне цела држава и да ја објават и со слики и со се, ама на педофилите и силувачите ни името не им го пишуваат а не па со слика да ги објават.
Да, исто шарпланинец ми има задавено куче кога бев дете и истото го посакував, да одам и да го убијам, без разлика што сакам животни. Сега од оваа гледна точка не знам како би реагирала ама дефинитивно од тогаш поинаку гледам на таа раса.
Не знам зашто го отворив ова да го видам , многу сакам животни. Без разлика што и како и направиле ова ми е ненормално нешто ,јас да направам вакво нешто би го имала на совест како човек да сум убила . Како луѓе може да живеат со ова еве не можам да разберам
50/50 ми е виновна. Ако од чиста мира ги согазила двете онда е пореметена психопата. Ако го согазила шарпланинецот пошто гледала како истиот агресивно ѝ го дави нејзиниот миленик пред свои очи онда е у афект. Не знам како ќе постапам ако мојот миленик или дете, ми го распарчи некој агресивен пес (или човек) пред мои очи, а истиот ѕвер у средени држави нема да си лежи на улица, пошто претставува опасност.
Прво мислев го гази затоа што е ненормална. После кога прочитав, пишува дека шарпланинецот го задавил нејзиниот миленик. Не знам како јас би реагирала, но не дека го направила тоа од чиста мира. Јас на пример, педофил да се приближи на моето дете, нема да бирам што ќе му направам ако го фатам и најдам. На некои и милениците им се деца.
Воопшто не ја оправдува од вина прочината ама воопшто. Единствено нешто што не дели од животните е разумот и можноста резонираме. Сфаќам афектна состојба но ако сите постапувавме во афектот and act on it светов немаше да биде ваков, уше ќе бевме племенска заедница. Утре вака ладнокрвно ќе помине и преку човек поради што била во афект ид х/у причини
Мене мачорот ми го згазија со кола , очите од зелени му беа од ударот кафеави. Дали требаше јас да го утепам тој што ми го згази или ако чуваше домашно милениче да му го направам истото ? Еве кажете???!!! Не ми е јасно како се оправдува вакво нешто едноставно ужасно е!
Па за почеток не пуштајте мали миленици ко мачки на прометни улици. Маче многу лесно ќе се протне под тркало без да го видиш, како да ви кажам. Моето у стан го чувам па пак му се тресам, пазам кога е отворен прозор, врата, машина за перење, пред очи да ми е во овие моменти. А за другово...што знам. И да е во афект, пак ми е малце психопатски. Еднаш го повредила, океј. Оваа се враќа вторпат со колата. Мислам барем да бидат казнети и тие што (би) требало да дислоцираат/успиваат агресивни кучиња таму. Камо јавен линч за нив?
Мали? Мачорот не беше мал како прво, како второ не можеш сите мачиња да ги собереш од улица и да ги чуваш пошто кола ќе ги удри , ако не беше моето ќе беше друго нели? Како и да е, не оправдувам ако тоа куче и направило нешто ама и ова нејзиното не знам . Јас за себе кажувам дека да убијам куче ѓи е исто како човек да сум убила
Мене ова воопшто не ми е нормална реакција, уште два пати помина со кола врз него. Не можам да се налутам на животно што нема разум и се води по инсинкти колку и да сум бесна. Човечка грешка е и од двете страни а кучињата се жртви.
Ти си го ЧУВАЛА мачето. Значи си била одговорна за него и негова безбедност. Ако било пуштено на прометна улица, да, делумно твоја одговорност е. Јас не можам да ги припазам уличните, ама тоа што сум решила да го чувам, ќе го чувам и си одговарам за него. Така и ти за твоето
Според новите информации, шарпланинецот влегол во нејзиниот апартман или смештај, го фатил тоа малото и го удавил. Она и децата вриштеле пробувајќи да му помогнат. Дури дошле албанците да и се закануваат за кучето. И после она го гази шарпланинецот. Јас да сум и газдата ќе го згазам ама ае. Сега и газдата да одговара шо неговото куче било пуштено надвор и за убиство на друго куче.
Колку нечуствителен и апсурден одговор Кога некој ќе одлучи да вдоми маче или куче, тоа не значи дека животното е затворено во лабораторија или дека треба да се држи во кафез за да биде безбедно од несовесни возачи или опасности надвор. Секој што чува милениче сака тоа да има убав и слободен живот, а несреќите што се случуваат поради сообраќај или туѓа негрижа се трагедија, а не „одговорност“ на сопственикот кој го сакал и го згрижил животното. ЧАО!