Има закон и за чување т.е нечување крволочни кучиња, ама тој закон не го спомнувате? Деца биле загрозени, а овој токмаков си снимал видео! Не знам како ова не ве исфрустрира!?
Така пишуваа по фб како го однела еве не знам,пишав тоа што прочитав.Ти имаш ли сигурни информации дека кучето на газдата не било чипирано и немало никакви документи или се водиме од претпоставки? Нејсе,не е тоа ни толку битно за целиов случај,едино сигурно во овој случај е дека има Кривично дело и за истото ќе одговара,колку год вие да се трудите да го релативизирате овој случај и да ја правдате факт е дека дотичната извршила свирепо убиство на животно!
Па, снимката не е целосна. Знаете вие што претходело на ситуацијава или не ве интересира? Иначе, да се надоврзам на твојот претходен пост во кој викаш дека малтезерчето можело да се спаси… И шарпланинецот можеби можел да се спаси ако сопственикот место да снимал, отишол да го заштити?! Или уште поубаво, ако го чувал како што треба, ништо од ова немало да се случи!
А, ти веруваш на снимката? Знаеш дека е целосна? На крајот, секој верува во тоа што сака Ептен сте со двојни аршини: едно куче жалите, додека за другото ама ич не ви е грижа по муабетиве што ги кажувате.
ДА верувам на снимката!А на снимката се гледа како дотичната оди преку животно кое беспомошно лежи на земјата и квичи со последни знаци на живот а оваа како некој психо иде напред назад да го смачка до крај.Притоа пред да почне да се снима претходело уште неколкукратно прегазување напред назад на веќе беспомошно животно.Таа не се ни свртела да го погледне нејзиното во каква состојба е него и било битно ова да го докрајчи.На снимката не гледаме никој во опасност,впрочем како може да е некој во опасност кога е веќе е во кола?Нејзиното куче било тоа што отишло на територија на шарпланинецот,ова нормално си штитело територија и го здавува.Значи она е таа што не го чувала кучето како што треба,а на крај не се ни потрудила да му помогне да го спаси.И било битно да кидне према граница оти и те како била свесна што прави.Што не отишла газдата да го гази со мерцедесот него отишла да гази животно кое функционира на животински инстинкт.Ама знаела оти ако го прегази газдата ќе одговара нели,а вака ќе го столчи кучето и ќе си се врати у МК никој чул ни видел.Да не беше снимката немаше ни да дознаеме за овој грозен чин кој го згрози цел балкан. А она ако стварно била загрозена ќе се упатела кон полиција а не кон граница да бега. Неа ни за нејзиното куче не и било гајле очигледно чим го оставила да скапува на патот и киднала да бега,па морале тамошните жители да го носат на ветеринар.
Прашајте се што ќе мисли просечен Црногорец за Македонци откако го видел ова видео и жената што сакала да бега преку граница. Ај тоа, денеска читам уапсиле во Црна Гора некој Македонец од цели 19 години, за нарачано убиство на некој криминалец од клан. Во главата на еден просечен Црногорец не си ништо поарен од овие УЧК примитивци. И Македонци скоро ги апсеа во Врање и Лесковац, мамеле старци со приказни за сообраќајки, во Хрватска ги апсеа за истото, па и надрилекари глумеле, друга група обивала станови на богати луѓе по Хрватска. Скоро имаше случај Македонец во Хрватска на брод избодел Србин. Во Цавтат претходно уапсија тројца Македонци, пишувале натписи на кирилица. Сите овие работи што кажуваат? И не треба да се рамниш со некој УЧК од Улцињ, туку да се рамниш со некои европски напредни нации. И џабе глумиш јаден и сирот и само кукаш, утре секој ќе рече „ако им е на тие, вакви, такви, онакви, и малку им е“.
Она шо ќе си одговара ќе си одговара, ама треба да бараме и газдата на шарпланинецот да одговара. Пошо и он е виновен колку шо е и она. Ама како шо кажав, правда нема на Балканот.
А што ако нејзиното куче е тоа што влегува на територија на шарпланинецот?Кој е тогаш крив,газдата на шарпланинецот или оваа што не си го пазела кучето како што треба? Секој што чува куче сноси и обврски и одговорности за истото ама за да се и двајцатa подеднакво виновни треба да се испитаат сите околности.Едното се гледа дека е убиство со умисла и за истото кривично се одговара,но под кои околности е задавено другото куче треба да покаже истрагата а не да се носат заклучоци врз база на исказ даден во нивна одбрана.
Абе каква територија збориш, шо ти е на тебе? Тоа е туристичко место со апартмани каде шо одат луѓе, деца, со миленици или без, не е џунгла. И неможе да се споредува мала чапичка со големо магаре, чапичката ништо не ти може, една нога да и дадеш и ќе умре на лице место, а од шарпланинецот неможеш да се одбраниш, ќе те легне на земјата и ќе те изеде.
Фала ти за објаснувањето за местото,ме просветли. Мојот коментар е од правна гледна точка бидејќи споменуваш одговорност и на двајцата.Жал ми е ако неможеш да ме разбереш,џабе ќе се објаснувам.
Улично куче брани територија ама дресирано треба да биде посмирено. Ако јас на тротоар се разминам со некој што шета куче и ова ми рипне оти "му влегувам во територија" крив е газдата што шета недресирано куче без корпа кое се вознемирува од некој што само поминал. Ако го чуваш неколку години кучето и има ист темперамент како улично диво куче, епа не требало ич да го чуваш.
Ти не разбираш. Ајде, каде е одговорноста и на двајцата? Пошо глеам само она е во притвор, газдата на големото куче го нема никаде. Затоа викам дека правда нема на Балканот, оставени сме сами на себе да се снаоѓаме како знаеме и умееме. Тука ако сакаш правда, треба да ја земеш во свои раце. И се додека не влезе во притвор и тој газдата, за мене жената ќе биде во право. Оти во нормална држава, знаеш дека да пријавиш, ќе направи нешто полицијата. Ама кај нас, ќе ти кажат само да не ги замараш со кучиња и ќе ти спуштат слушалка. Кој разбра, разбра.
Се губиш во објаснувањата, а и ич не ти држат вода Пази молим те, му влегло на територија Јас па мислев дека кучињата, особено крвлочни како шарпланинецот, треба да се дресирани, ама еве, ти ме просветли дека треба да бегаме и да пазиме да не му влеземе во територија, оти може да не задави
Абе ајде,оставени сме сами на себе,па ајде ќе газиме све живо што ни смета.Кој век е ова за на ваков начин да се решаваат проблемите?Па утре може некој човек да и згреши и што треба у афект и него да го испогази пошо правда нема.Луѓе се газат по улица па зошто никој не ја земе правдата и свои раце и да иде да ги испогази? Направила кривично дело во туѓа држава и тргнала да бега што е уште полошо,фатена е на граница и ставена у притвор што е скроз оправдано.Сакаме закон епа еве закон. А за газдата дали и колку е крив треба обвинителството да одлучи.
Па кај нас уште не е стигнат 21ви век, така да. И да, ако некој човек ми чепне дете или ми убие дете, ќе го испогазам 10 пати, не 2. И така казната затвор не е многу, поарно јас ќе го убијам и ќе ја излежам и ќе излезам за брзо, отколку он да ми убие дете и да излезе за брзо.
Јас па мислев дека едино што нас луѓето не дели од животните е дека ние имаме свест за да расудуваме но сеуште имало такви што се спуштат на ниво на животно што се води од инстинкти.Кучето апсолутно нема свест да размисли за своите постапки ама ние луѓето имаме,само очигледно на госпоѓата свеста била анимална чим решила на тој начин да се пресметува со животното.
Шарпланинец може да раскине човек, не мало куче. Со неа имало дете, не дај боже да било детето, дали и тогаш сите вака ќе скокавте за правата на животните????!!!!!