Цело Богданци ќе се собере на една уличка сокаче. Цел регион треба да излезе. Луѓе одвратно е колку на југ има вакви морони, дегени. И после зошто избегав од таму, е од вакви морони.
Море како треба да им се оде на тие полицајците тамо и мавање , мавање до дека не прокрварат од газот. Џабе беа и протести и се.
Ја следел подолг период се плашела и нон стоп пријавувала.... насилно ја земал после теретана и ја убил. Барало помош девојчето последниов месец...
Има на фб страна Гевгелија нет. Мало место е, веста се расири бргу уште вчера навечер. Може чекале порталите да излезе мвр со информации
Аууу ова е хорор. Да не ти се верува какви психопати шетаат меѓу нас. На овој насилникот земјата да му тежи цела вечност, душата мир да не му најде.
И после ќе излезе гомното Богојески на тв и ќе кажува кој треба да биде под надзор, кога и повеќе од очигледно е дека тие што треба да се 24/7 под надзор шетаат слободно, даваат изјави на тв и во најлош случај извршуваат фемициди.
Девојчето било бремено и абортирала без тој да знае. Детето имало некои психички проблеми и почнал да се заканува по менаџерите на кафичите каде што пишувала таа да закажува маса. Ја претепал пошто дознал дека го изневерила и таа пријавила во полиција ама нашиве мочковци ништо не превземале. Ја фатил од пред кафич присилно пошто дознал дека го абортирала нивното дете и ја внесол во автомобил додека неговите пуфежи од другари гледале и ништо не превземале и ја однесол на некое место каде што ја заклучил и ја запалил и одма после тоа се обесил. Инаку им зборувал на другарите дека ќе ја запали ама никој не го сфатил сериозно. Инаку Богданци е доста препознатливо СЕЛО по ваквите инциденти. Пред 2г син си ја избоде мајка му и се пријави сам во полиција. Настанот се случи баш над моја другарка станот. Од таа траума го продадоа станот и се преселија во друг. Ужас, кај ни се институциите во овие ситуации. Сега и оваа случка со девојчето ќе падне во вода, сите ќе креваат рамена и никој нема да превзема ништо. Ќе глумат полиција само пред луѓе кои немаат пари за леб и ќе одат да украдат нешто и ќе ги судат по 4/5 години затвор, само на таквите можат да реагираат, се друго паѓа во вода. После држава сме биле.
Не бе, не до толку. Во наше време пред 10тина години беше мирно. Јесте да имаше едни што се обесија ( во секта) ама да се убиваат едни со други не памтам. Беа познати по тоа што се тепаат, со дрога, трефка ама ваков настан до сега немаше.
Ужас. До пред 10г едвај куртул од Црната Ружа, се бесеа по нивите, правеа ритуали. Најголем процент на сообракајки имаа од патот 'Правото' пошто им беше катастрофа ама никој немаше мозок во глава и сите возеа со екстремно големи брзини. Јас прв пат пред 11г видов лезбејки таму. Е имало сигурно порано, баш памтам моите кога ќе им кажев одам за Богданци кожа им се ежеше. Еве сега сфаќам зошто. Бетер од Тексас се станати.
Не знам, страшно, и овде во наше село се расчу веста. Ја познавам мајката на девојчето, жално. Каде и да излезеш на улица само за тоа зборуваат.
Јас како што разбрав девојката не е од Богданци туку од село во општината. Џабе пишуваат сега. Се е џабе. Кој ќе ја носи одговорноста? Железото се кова дур е топло. Ниту е прва жртва на насилство, ниту ќе биде последна. За жал.
Барала помош од По потекло од село Селемлии а живее во Гевгелија, дечкото е од Богданци. Едно дете е во фамилија нема брат ни сестра.
Досега Ландов со најточни и напрецизни информациии се надевам и на терен ке отиде ... да не може ништо да се смени но да се спречи во иднина да нема вакви трагедии да се дигне свест
Сѐ додека не се сфати сериозно родовото базирано насилство како општествен проблем и не се сфаќаат сериозно мажи кои покажуваат знаци на озбилна психопатија ќе продолжи да има многу често вакви случаи, особено низ селата. Битно министерката го тргнува зборот "род" од учебниците, ќе се правиме дека не постојат фемициди.
Девојчето е едно на мајка и татко, а момчето со тетката бил. Татко му бил починат, а мајката не се знае каде е