Убиството со ништо не се оправдува. Ама првата грешка е кога се впуштаме во авантури со вакви ликови за кои од старт знаеме какви се. Ако самите не се грижиме за себе, нема што да очекуваме од институциите да се грижат за нас.
И јас го подржувам истото дека никок не зашлужува да биде убиен далку од тоа само потрнциравме што довело до ова... очигледно е тука не може да се потпреш на заштита од институциии и КРАЈ. а ако си имаш работа со психопат ..
Тара Симов гласно говори за насилство против жените, споделува се и сешто и опс после имаш следно стори со Аца Лукас, кој пие, се дрогира, коцка и тепа жени. Кој парадокс. За случајот, имам многу да кажам, а всушност немам. Многу работи треба да се сменат, не само во Мк, ама секаде. Она што можеме како родители да направиме е да превенираме кога растеме деца. Учете ги да препознаваат насилници, да не трпат ништо, бидете им пример дека не се останува со насилен партнер, во нефункционален брак. И пазете ги, обично ваквите ликови си наоѓат слични на нив, и се случува тоа што се случува. И дечкото и девојката се со сличен малтене ист бекграунд, што од дома, што со воспитување, што со однесување. Таквите психопати си наоѓаат да речеме послаби девојки, слични во однесување и потоа тоа насилство само се продолжува . Не завршува со еден шамар. Се смируваат, се тепаат. На крај се завршува трагично. За жал. Проблемот е многу длабок. Колку можеле институциите и родителите да сменат нешто, не знаеме. Обично после знаеме како. Затоа единствено нешто што ни останува е да се потрудиме да си ги воспитуваме децата како да се заштитат од идни психопати па и психопатки.
Не е нормално на 17 години да си трудна и да абортираш, макар да го имаш најдобриот дечко на свет и тоа секако не оправдува убиство. По кажувањава ваши нејзината мајка може е 35 години, а таткото колку има, 40? Па поарно отиди удри му еден ќотек, ќе одговараш за телесна повреда и ќе го снема и готово, околку млада и убава да заврши во гроб. А што ако го истепаш и не го снема, ќе дојде ќе ти запали кола, ќе те избоде? Секој треба да се цени, некоја девојка е убава, некоја е паметна, некоја е вредна, некоја е карактерна и морална и ниту една од овие не треба да заврши со измамник, насилник, теле, другото значи не се цениш, ако се вртиш со мрсул да те гледаат по кафичи, се потценуваш себеси. Имаше тука еден коментар одамна „Нема грешка што не може да се поправи“, мислејќи на лош брак и дека има развод, еве ти пример како лош избор не може да се поправи. Ако сме построги со критериумите, мнозинството македонски мажи ќе испадне на заслужуваат жена во животот со очи да видат. Абе прости, насилни, мрзливи, пијаници, коцкари, некултурни, а тоа што наоѓаат жени ти кажува дека жените не се ценат воопшто.
Тоа што абортирала не треба да се споменува во никаков контекст, сосема неважно, важно е дека таа веќе не е жива и грозоморно е убиена. Точно дека секој кој има секс треба да е свесен на последиците од бременост или преносливи болести ама тој чим ја убил можеби и ја принудувал на секс, можеби и се заканувал не можеме тоа да знаеме. По не знам кој пат ова е доказ дека ако си жртва во државава нема кој да те заштити и ти ќе бидеш виновен, секој ја врти главата, тоа не е негова работа. А институциите спијат, закони само на хартија или бесмислени закони од пред децинии како што е дека жртвата мора самата да пријави.
Ни за Кочани народов не реагираше масовно да изрази тага, родителите никој не ги есапеше во градов, емпатија не постои, се е толку бедно
Еве излегоа мвр со детали татко и пријавил.... инаку мајка и е 34 години татко и сега видов 46 .. едно 12 години разлика но период кога се женел за неа таа била малоетна 16 17 години наводно била беганка.. наставик се земал со ученичка очигледно тотално нездрава средина ... жално за девојчето немало кој да му даде ни совет ни зашита ни од кога да научи
И да била и да не била бремена не заслужува да ја убијат. Тоа било уште дете. Значи она не сакала да биде со него, поголем чекор да превземеш од тоа да го пријавиш во полиција ја не гледам што можела друго да направи освен она прва да го отепа. Не зборувајте глупости и тракатанци што барала со него, па ни да сме знаеле уште од прва каков човек може да биде всушност никој од нас немало да има бивши. На чело не им пишува за што се се способни луѓето и плус насилството не е едноставна работа посебно не кога си малолетен и неискусен. И тоа другарите зборувале седела со машки не ти знам шо а сум 100% сигурна дека а преовеличуваат работата бидејќи ги прашаа зошто молчеле ама чекај па сега она вака праеше па така па ние не сме криви тинтири минтири. Амеби. Овој кажал оти ќе ја запали ама овие хе хе брат така е И само да кажам, на полицијата треба да и се дозволи да тепа во вакви сличаи. Ако некој е пријавен за вознемирување, удри му чотек шо ќе го памти и ќе му биди страв да биде приведен уште еднаш. Они се научиле а биле пријавени а не исто му е отиди си, дај си изјава, пивни си кафенце види се со некое другарче во станица, абе брат да и е*ам матер на к*рвана пак ме пријавила, потпиши овде и ај чао.
Што знаело бре дете од 14, 15 години кое се фатило со дечко..? На тие години она ако била свесна во што влегува, еве не знам. Малку што девојчето замина, па сега тука ќе се коментира каде гледала. Дете како ќе гледа, ај. Остајте тоа што границата се подместува кај младите. Просто на тие години НЕ можеш да расудуваш дотолку како кога си 25+ (гаѓам рандом); често љубовта, насилството е малтене исто во детските очи. Ќе престане ли веќе еднаш да се постелува интимниот живот на жртвите и зошто не? Мислам ова е полармантен дел веднаш после фемицидите.
Катастрофа од народ сме. За тоа во Кочани требаше да падне Владата, како во Србија. Србите за нас се Французи. Просто кажано, не не бива.
Кога си толку сигурна дека била наркоманка, изгледа заедно сте се дрогирале... Немам друго објаснување. Се до тогаш е рекла казала.
Разгледувајќи ја дискусијава сватив дека: има според вас членките неподобни луѓе кои не треба да го изнесат случајот на виделина на стори затоа што според вас не се светици. Па подобро сите нека молчат, нека фрли камче прв тој што е безгрешен; Сама си го барала, искачала, седела со машки, имала секс, фатила проблематично момче; Нејзините се криви затоа што се нашла во проблеми толку млада а и тие се пропалици, мајка и млада ја родила. Уствари, вие сте совршени тоа го заборавив. Ниту еднаш на сите овие дискусии во црна хроника до сега немате целосна емпатија кон жртвата и според вас сите се криви освен убиецот и системот кој потфрлил. Ете и во овој случај таткото пријавил во полиција, родителите биле цело време против врската ама како да сте заборавиле дека тинејџери не вртат никого 2% ако ги фатат бубачките, плус и да е најлесната женска на свет не заслужува насилство и вакво морбидно убиство. Нормално пак потфрли и задоцни обвинителството, пак потфрли системот кој не ја заштити девојката. Пак психопатот се шетал слободно, неговите пријатели биле таму кога ја киднапирал и ниту еден не изреагирал. Ама ќе најде напиов народ причина да биде она крива како и нејзините дома. Фуј.