Кој ве праша што правеле родителите и на колку години се земале? Сите што прашавме беше како се случила трагедијата, вие почнавте ко на сред чешма муабет, мајка и кога родила, како била бегалка и како имало кривица во родителите. Единствена кривица на родителите е што останале да живеат во тоа пусто и шовинистичко село, каде сеуште се вреднати фамилијарни вредности канализирани кон жената. А по вашите размислувања, и вие не сте нешто подобри во менталниот склоп.
Но не и ова што вика членката @Bube15 Има нешто што се нарекува осет. Си пишала па што читате ако неќете да трачарите. Озбилно, ти на ова гледаш како на кафе муабет? Не те сфаќам ама ич.
Што читам слики се објавиле од обесеното тело ? Надевам се дека измислуваат не сум видела такво нешто..
Кој ви пенис... Девојче е УБИЕНО. Прочитајте го ова ама малку поспоро. Девојче! Убиено! Трачарска тема има кај македонски јавни личности, не у црна хроника да трачарите кој каков бил и од каква фамилија. Се додека се фокусирате на небитни работи, нема да нѐ биде.
Мало место е све се знае. Сме знаеле??? Па исчитај малку повеќе сигурно нема некој рандом човек да оди со наркомани да си прави проблем. Полицијата од кога ја добил забраната ја контактирале дали пробува да ја контактира сите одговори биле негативни дека не ја замара... никој не знаел што ке се случи
Секоја чест како ладнокрвно коментираш. Убаво реков дека си гледате претстава. Језиво е ова што го правиш, но голема си, ти си знаеш.
Очигледно ти фали внимание. Искоментирав дека и родителите имаат удел се пуштивте како попарени како да ги познавате????? Дали за вас е нормално да имате керка и од 13 години да има сериозни врски? При тоа да е во врска со еден познат наркоман и деликвент? Да спие кај него да оди на училиште од таму и така натака.... ? Све тоа е нормално браво изгледа многу во нереално време живеете... треба да се има надзор над деца и строги правила за да е се во ред . Дисфункционално семејство со многу проблеми и расправии може и она сакала да избега ама пак стојам за мене тоа НЕ Е НОРМАЛНО. ПОЗ
И за мене не е нормална волкава малограѓанштина па еве ја има, жив пример си ти. Не да не е нормално туку крипи е до каде се иде. Не реплицирам повеќе, не вреди.
И да се од село и да се од град… и да ја родила на 15 и да ја родила на 18. И да е од распуштено семејство. И девојчето да имала преку 100 партнери. И да имала 5 абортуси. Да речеме.. и да се десило сето тоа, ќе си кажете епа имал право да ја убие? Таквите одлуки оправдуваат убиство? И знаете која жртва е по ред? Еве некоја членка вика дека се гледа дека се од село. Последнава година имаше случаеви и во Скопје. Значи не е поради руралната околина. Постојано гледаме во жртвата ВИНА (па каде гледала, како одела со него, кај биле родителите… бла бла); Алоооооооооооо Како треба да изгледа пријавата на жена која трпи насилство за да биде сфатена сериозно?! Колку пати ќе го гледаме истиот исход? Кој ја проценува опасноста кога жена пријавува насилство? Ова е сериозен општествен проблем
Не знам од каде заклучи дека е нормално децата да добиваат и да прават сè што ќе посакаат. Тоа не е слобода, туку отсуство на граници и воспитување. Детето треба да има љубов, внимание и можности, но и да научи дека не може сè да има и дека не секоја желба мора да му биде исполнета. Токму во тоа е разликата. А тоа што не се согласувам со твоето мислење не значи дека сум малограѓанка.
Полицијата треба да тепа, за кражби, насилство и слично, ама да тепа. И каде имало фотки со убиецот обесен? Тој што тоа го објавил, исто му треба една пријава.
Цел регион ја гледаше некој што стасал таму прв сликал не знам кој е претпоставете... моментално ја сподели профил потпишан lazo dlgio и објави многу работи поврзани со психопатот... па проценете после дали вие би дозволиле ваше дете да биде во врска со таква личносѕ и таков психопат... абе ке ја испратам на крај на свет ама нема па. Напагајте и лутете се колку сакате дека родителите не биле ништо виновни малограгански било бла бла
Изгледа само на форумов знае секој како треба да се воспитува деца.Во пракса е малку поинаку.Факт е дека никој нема и не може да има надзор 100% на децата,а не пак на 17 годишни.Сите деца не се исти.И воопшто не е битно што е нормално.Едниствено е дека девојката е убиена.Никој нема право да одземе живот на некој па и да е најлош.Како било дома кај нив,никој не може да знае освен ако не живеел со нив.Нема соврешено семејство.