За сликата од обесениот дечко зборувам дека цел регион ја гледаше Каде реков дека некој заслужил жив да го запалат? Или каде го оправдувам убиството???? За сликата реков дека цел регион ја имаше и дека цел регион го познаваше дечкото
Али и тој кој го сликал обесеното тело и го објавил на социјални мрежи, треба да се стави под надзор. Во цел тој хорор, тебе да ти текне да извадиш смартфон и да фоткаш.Сигурно станува збор за некој пореметен и морбиден воајер.
Грозно. Морбидно. @Bube15 зашто кажуваш ваква била, такви биле нејзините ... демек еве зашто ја убил?? Која е поентата.. де кажи за монструмот нешто.
Никој не оправдува убиство и тоа е за секаква осуда . И ние доволно го познаваме психопатот ниту го оправдувам ниту го бранам далеку од тоа. Во цела ситуација се изјаснив само за родителите и кажав мое мислење и направивте целосна драма
Поентата ми беше дека живееме во неномален свет треба да се фокусираме повеќе на воспитување на деца да преземеме повеќе мерки и да не живееме во нереален свет демек слобода што сака нека прави.на институции гледаме дека не можене да се потпреме. Со оглед во какви времиња живееме да ти е страв веќе детето до продавница да го пуштиш само полно психопати со тик ток филмови и многу амерички серии.
Поентата е дека секој е одговорен за своите постапки. Ако на 13-14 години излегуваш и се дружиш со 17-18 годишни криминалци, ванаби мафијаши итн очекувано е дека ништо добро не може да излезе од таа ситуација. Никој не страдал кога не се мешал во вакви перипетии.
Ah, odposle ste tolku pametni.. Site se krivi, samo ne ,, tradicionalnite,, zatucani vrednosti shto izlegle od peshtera. Ne be, ich nema problem, kjuti Mitro, tulumbi pagjaat. I nadzorot da se pojacha.
Пред неколку години неговиот братучед што продаваа заедно играчки ја истепа својата девојка со метална шипка ја соблече гола и ја остави на планина.
Ма ти си искомплексирана личност и ти бодат очигледно во очи родителите на тоа девојче од само за тебе познати причини. Не да не си реална туку си прострасна и задоволна од ситуацијава. Цел ден попуваш тука за нив, во ред свативме дека си најпаметна, ама ете тие не биле како тебе совршени. Да имаш барем малку совест нема во овој момен да кажуваш небитни работи кои само тебе ти служат да се чуствуваш подобро. Трагедијата требаше да се избегне ако беше реагирано од обвинителство на време. А на тема родители и деца немој да бидеш пишман за се што кажа, денес децата се едни дома, други на училиште а трети надвор, не знаеш што може да ги снајде и во каква околина се движат.
Ајдееее... Пак се закасавте. И додека сте вакви којзнае уште колку женски лица се жртви оти вниманието ви е на погрешно место наместо онаму кај што треба.
Хахахаха добро ме насмеа сега . Зошто да ми бодат очи??? Вие живете во нереален свет каде слобода не знам што кој што сакал можел да прави. Јас се изјаснив што мислам а ако не се согласуваш со мое мислење не можеш да ме напагаш. Вие дадовте 3 4 5 реплики дека немало врска тоа . За мене имало . Па ако не се согласуват со мене дека се изјаснив дека според мене и родителите требало малку повеќе внимание да обратат и да бидат внимателни не мора ама не може да ме напагаат и да пишуваат дека јас се ситам на убиство и сметам дека девојчето требало да биде убиено.. никој не заслужува да биде убиен но членката погоре ви објасни
На форумов обожаваат да извртуваат зборови, тоа е чудо едно, јас те разбирам што сакаш да кажеш и во право си, али работата е што во повеќето случаи вакви станува збор за дисфункционални семејства каде нема комуникација, присутни се зависности најчесто алкохол, занемарување на децата, малтретирање меѓусебно, кој кого да воспитува и учи на морално, исправно?
Па јас едноставно го познавам семејството многу добро... ме направија монструмка сум се ситела сум поддржувала па сум имала фрустрации за родителите зошто би имала врз некое дисфункционално семејство што не се знаеше кој што прави????? Да беше во нормална земја уште кога учител се ожени со ученичка малолетна се знаеше што следи... али ајдр фа не сум безобразна. Ниту подржувам убиство ниту подржувам насилство зборев само како е моето гледање на тоа но секој си има фамилија и се поставува како сака
Ајде, пак ли на патетики ќе фаќате? Зашто да не се збори за нејзиниот живот и за нејзините родители? Зашто да не се увиди зашто живеела таков промашен живот, испуштена од раце, незаштитена, без грижа и заштита, ранлива а дете? Ќе спиновате дека е нормално мајка и мое годиште да се жени у средно со професор 12 години постар од неа, најверојатно оти останала трудна на 18се значи била и помлада со него коа се фатила? Дека е нормално малолетната ти ќерка едвај осмо завршила, можда уште нема добиено, не знае газот да си го избрише што се вика да иде да шета со 4ри години постар дечко, кој е криминалец и наркоман, да ја тепа, да ја тера да се дрогира можда, да спие кај него, да искачаат у град, па да тера шпански серии и бурни љубови уште неполнолетна место да игра со другарките и да учи школо? Што друго да научи од такви родители. Да не завршело девојчето како што заврши, и да го родела детето, па ќе имавме Ивана и Стојанче два, Телевиса презента промашени животи само за детето да ти е жал. Никој нит кажа дека требало да биде убиена оти имала дечко, швалер, оти абортирала или што ти ја знам, него ли да се биде реален дека најголема вина има у семејството за тоа каков живот имало девојчето и да не се праиме слепи коа нешто не чини. Сепак има разлика јас магарица на 30се години да ми се дешавало све ова, каде сама си одлучувам како така, и ДЕТЕ за кое родителите одговараат. А конкретно за тој волот, глеам му стаиле тажна вест по бандери, па тој не смее да се закопа, а камо ли слики да му лепиш. Тоа само на свињите да се фрли.
Девојче те читам од вчера и ти се чудам на размислувањата. Зошто побогу измеша баби и жаби и ни објасни се' што треба и не треба да се знае за фамилијата на девојчето?! Мајка и' ја родила млада. Океј, и?! Ни прва е ни последна што родила на 17 или колку и да имала. Се грижела за девојчето? Се грижела. Што сакаш да доловиш со муабетот, живо ме занима? Или попросто да те прашам, зошто НАВЛЕГУВАШ во туѓите животи? Се случи трагедија што се надевам ќе биде неповторлива, грозоморно убиство со УМИСЛА, а ти се фати за фамилијата на девојчето... Зошто не ја спомнуваш фамилијата на монструмот, велиш од регионот си, нели? Те читам и бев воздржена од секаков коментар, но веќе навистина изгледа ко да сакаш да си пукаш сеир.
Напишав и погоре. Монструмот нема фамилија. Татко му е починат мајка му мн мали ги напуштила , брат му е во притвор. Ненормална средина . Се занимаваше со секаков криминал и дрога .Не се пукам сеир далеку од тоа... сакав да доловам дека повеќе треба да се обрне внимание со кого се дружат децата и започнуваат љубовни врски.
Јасно. Сфативме. Двајцата потекнуваат од дисфункционални семејства. Но, свесна си дека на форумов читаат луѓе од цела Македонија? Од кај знаеш, можеби јас сум роднина на девојчето, еве. Во црно се луѓето, преживуваат хорор, да не си им во кожа, ти дојде овде да проповедаш морал наводно си сакала да доловиш од каде потекнувале. Тешка е темава станува збор за убиство на малолетно девојче, нешта што се најмалку потребни се оговарања и бладање кој, што, како и зошто. Фокусот се става на најнебитни можни работи, ко на селска чешма да си па ајде ќе си збориме вака било онака било и ќе ни пројде времето.
Има многу работи што сеуште не се објавени се надевам ке ги објават од мвр. Ајде јас проповедам не мораш да ме читаш не кажав ништо ниту лага ниту клевета. А да отвориш фејсбук моментално мајката пишува коментари под објави и кажува многу работи. Инаку денес беше погребот нс дрвојчето.. Наводно од пред теретана кога си одела ја удрил со кола па ја качил, а прртходно ставал гориво на бензинска во канти.