Утврдување на родителска негрижа кон малолетник не постар од шеснаесет години трачарски муабети било. Али океј, у Македонија само мртва жртва е ( добра) жртва. Се додека не умреш, небитен си. А и тогаш, ќе те зборат два месеци и животот иде даље. И на двајцата родителите под истрага, и ако имаат и други деца да им се одземат.
Во распаднати семејства, какви што има многу, само децата да си имаат самите осет, памет, дисциплина и да си направат ред, инаку шансите да бидат деликвенти се многу големи ако дома не се знае кој пие, а кој плаќа. И децата денес се со слаб карактер или без карактер, без свое ЈАС, па ако видат дека другарката фатила дечка, опп, да не се подоле, макар да имаат 11 години. Копираат, гледаат едни од други, а повеќето од тие работи што ги прават не да не се паметни, туку се глупости.
А, каде видовте дека починатата со убиецот се следат? Јас не го наоѓам него ниту во followers, ниту во following кај неа на профил. И, каде е мајка му на убиецов? Заедно живееле, или тој сам живеел? Зошто знам дека татко му починал пред три години.
Затоа јас многу ја почитувам Пале од Велес. И нејзиниот партнер бил насилен и плус бил полицаец. Што да прави девојчето. Судот ја ослободи.
Мајка му живеела со друг партнер и не отишла на погреб на син и пошто рекла дека она не васпитала такво дете. Што да очекуваш од жена која си одела дома на 1/2 недели и ќе одела со друг партнер и ја снемувало по 2/3 месеци. Распад фамилија.
Ова е научна фантастика во држава каде што се смета дека ќотекот е од рајот излезен, во држава каде социјалните служби не си ја работат својата работа кои што се секако партиски вработени, каде (некои) полицајци се семејни насилници...
а на фб под сите објави на сите портали коментари - а што барала со него вкола кога ја малтретирал, - а да се знае кој е мажот во куќата многу им мрда газо на жените... и уште многу бљувотини во стилот - сама си е крива што вгла у кола
И јас ама за Пале се дигна цела јавност и баш тој притисок мислам дека беше пресуден за ослободителна пресуда. Затоа што пред некоја година имаше сличен случај, жената во самоодбрана ги уби сопругот и свекорот од кои со години трпела малтретирање ама никој не се дигна за неа и ене ја, си лежи. Греота.
Да ама во случајот на Пале, насилникот беше полицаец и знаеја дека они се криви и дека нема кај да бегат, и затоа ја ослободија. А во другиве случаи, институциите "постапиле како шо треба" , пошо им се може. Стварно греота. Незнам шо да кажам, освен дека џабе се и протести и се, уште колку жени ко Пале и Биљјана ќе ги пееме тука, којзнае. Треба правдата во свои раце да си ја земеме, од затвор се излегува ама од гроб не.
Од правен аспект се различни, меѓутоа се согласувам дека жената и од овој случај не требаше да е осудена, а мислам и дека не доби најтешка запретена казна. Жртвата не е виновна што е жртва никогаш, ама како и да е, немојте да ги аболирате родителите од одговорност. Потфрлиле и на двајцата, а тоа што механизмите на оваа држава не функционираат, па можело ученичка да се мажи со наставник, можело бог знае што со неговото семејство да се случува, значи само дека касниме и тоа многу со развој на свеста колективно. Жената е најранлива кога го остава насилникот, тоа е статистички податок, а не дали сакам јас така или не. Ако нешто треба да сфатиме како поука од убиствово е дека кога оставаме насилник, не сме сами никогаш и никаде доволно долг период. Лист хартија ништо не вреди за некој што е решен да ве убие и да се убие себе. Справување со насилници е многу тешко, посебно во затуцани патријахални средини, и повторно се враќаме на тоа дека овој имал историја на насилство и криминал, а пресуда никаде. Па ете, си земал сила, државата му покажала дека може. И овде зборите другар му ја соблекол и претепал девојката со шипка, како да е некој таму настан, дали другар му е во затвор? И зошто не? Чекаме да убие некоја?
Многу има девојки што се срамат воопшто да пријават или да кажат што се случило. И затоа овие што се насилници земаат уште поголема сила.
Еве пример јас знам дечко што неговата девојка го пријавила за силување, правење порнографска содржина и споделување на истата. Отварам профилот негов на фб. Прва слика. Тој се сликал со пушката, до него убиено животно. Насекаде крв. Окезен. Red flag. Зошто девојки воопшто да давате шанса на вакви луѓе. Па само од таа слика може да ти стане јасно дека нешто не е во ред со човекот. Ни еден нормален човек не би се сликал и не би постирал слика со убиено животно. Следна слика. Тој со другар некој, му вперил пиштол во вратот на другарот. Двајцата летва на сликата. Пак окезени. Како што кажа @Mesmeric како човек се претставува на социјални мрежи, многу може да ти каже за човекот.
Стојам зад тоа дека многу може да се дознае за некого од тоа што објавува, кого следи и што лајкнува. Ма да, не е секогаш толку очигледно како во твојов пример, каде што на повеќето луѓе би им се згадило од самите фотографии. Некогаш и сосема спротивното може да биде знак дека нешто не е во ред, на пример кога некој премногу се труди да создаде совршена слика за себе. Во однос на тоа зошто девојките им даваат шанса на такви ликови, некогаш на почетокот стварно не можат да препознаат со кого си имаат работа, некогаш се премногу наивни, а некогаш едноставно немале примери за здрави врски. Ако од дома не научиле како изгледа еден здрав однос, претставата за љубов често ја градат според тоа што го гледаат во разни медиуми, каде што токсичното однесување неретко се претставува како романтично. Додека да сфатат во што се впуштиле, често е веќе доцна. Но, какви и да се причините, ништо не го оправдува насилството. Со обвинување на жртвата ништо не се постигнува. Жените и онака премногу често се третираат како да се одговорни за однесувањето на мажите, како да е нивна работа да им ги регулираат емоциите. Не е. Секој возрасен човек сам ја сноси одговорноста за своето однесување и емоции, без разлика на полот. За жал, живееме во свет во кој мораме и самите да преземаме превентивни мерки за да се заштитиме колку што можеме. Тоа значи да ги земеме предвид и социјалните мрежи, но и сите други предупредувачки знаци, особено кога системот што треба да нè штити толку често потфрла.
Не допишав дека овој ист човек потоа се жени за друга девојка, чека дете од другата девојка. И се тужи со полицијата, зошто му се одземени оружјата. Затоа што кога го пријавила првата девојка, полицијата му ги одземала оружјата. Е сега, тој си ги бара назад.
Жал ми падна кога го видов протестов, мајке ми. Нема ни многу луѓе, повеќето жени, по некој маж тука таму. А да беше собиранка на вмро и сдсм, сите ќе излезеа. Ова е доказ колку е алармантна ситуацијата во државата. За жал, не верувам дека ќе има некаков ефект. Институциите ќе си продолжат пак по исто се до следниот фемицид, и тие после него. Освен да ги советувам жениве да бегаат шо подалеку од овде и да не се мажат во Мк, незнам шо друго да им речам. Друго нема фајде.
In Germany, a woman is killed almost every day, typically by a current or former partner. Official tracking by the Federal Criminal Police Office (BKA) highlights an alarming trend in gender-based crime and domestic abuse across the country https://www.euronews.com/2025/08/02...rmany-has-never-been-so-high-new-report-shows Фемицидот не е уникатна појава за Македонија, ни за Балканот, светска е. Нема "сигурна земја". Мене ми е прашањето, што поточно бараме на протестов? Законски измени? Бидејќи за конкретново насилство и односот на овие двајца, од досега прикажаното, полицијата направила што можела. Обвинителството зошто не го затворило и порано е друго прашање. Полицијата не може бесконечно да го држи затворен пошто за тепање едноставно не може доживотно да седи во затвор. Од друга страна, повеќе ме интересира како стоиме со сигурни куќи, социјално, има ли некој да работи со жртвите и да им помогне? Да им објасни чекори при напуштање на насилен партнер? Протести без смисла се вака, протестираме против фемицид, како божем на тој што решил да убие ќе му смени нешто. Конкретни барања, па да протестираме. Моментално имаме еден од најпрогресивните закони на Балканот барем што се однесува на делото фемицид, повеќе ме интересира што би довело до превенција на истото.
Нема сигурна земја ама има земји кај шо полицијата може одма да дојде и поголема казна да јаде насилникот. А во Мк идат и на жената и се дерат, ја смируваат наместо да го соберат насилникот. Иам полицаец во фамилија, ова ми го има кажувано. Трета земја сме по број на фемициди во Европа. Никоја институција не си ја работи работата, никоја. И не верувам уопште дека ќе има некакви измени, се по старо ќе си биде.