Па и не се глупости. Добрите мажи на прсти се бројат во Мк. Ги читате ли коментарите на интернет за протестов од страна на мажите? Оди прочитај ги па после дојди и пиши дека пишувам глупости.
Држи вода и твојов муабет за жал. Од една страна имаме проблем со наталитет ама од друга страна мислам дека децении и децении се потребни да се искорени ставот дека ќотекот е од рајот излезен.
Не само од мажи,колку што ме држи паметот членкава и за случајот со Ивана го бранеше психопатот а тој патерн се повторува пак сега. Женска солидарност гомна да јаде.
И во темава се пишува исто од жени. Сама си го барала. Тоа е тој круг што се врти, така се воспитуваат синовите од такви мајки.
Бивши дечко на моја другарка беше претерано љубоморен, посесивен и ја малтретираше психички и физички…одвај се откачи од него, дури откако се замеша фамилијата. Истиот тој “фраер” се ожени во скандинавска земја и по неколку години брак и три деца ја нападна жена му бидејќи побара развод. Веднаш жена му повика полиција и за нецела недела се исели од станот и се разведоа. Не е тоа Македонија па пред деца да малтретираш жена, полицијата си ја знае работата и се почитуваат закони.