Каде можам да купам комплет четки за шминка?? Каде четките се најквалитетни и кои им се цените. Препорачајте некои четки за шминкање. Фала
АУРА и јас барав, барав, купував од пазарџискине, од Гош се поскапи, од други фирми во ПП не ни има, благодарение на Сеси, купив, меки, убаво нанесуваат, има две четки за сенка, потенка и подебелка и една голема четка. Нежни и плус што ми се допаѓа е што имаат футролче и убави рачки околу 400 се
Аура се навистина убави. Комплет од три четки е околу 400 денари. Гош ги немам пробано, но ми изгледаат добри. Орифлејм се убави повеќето. Од Авон не сум воодушевена. Артдеко се одлични.
Да, да, три четки, две за сенка и една голема, плус футрола. За парите се одлични, оти еве Гош се убави, ама од 220 нагоре се, една по една, значи нема шанси за 400 денари три четки а меки се, еве ги испробав, од природно влакно се, прва лига
јас си порачав од oriflame цел комплет четки од visions беа намалени на 220 ден и мислам дека ги има за последен пат во каталог
Јас имам неколку четки купено ама од странство, минатото лето. Можам да ја издвојам една на Мах Фактор исто од надвор ја земав али гледам дека и во јуник има. Ајшедоу браш иначе е и доста е добра
Ги имам видено четките од Аура за кои пиша Кате..стварно се преубави.. Јас си ги порачав од Авон комплет со футрола што се..5 четки во комплетот..Убави се али замерка имам што се со премали рачки(ако можам така да кажам ) Инаку ја меркам една четка од Gosh...220 денари е... Мислам дека ваква беше.. Spoiler
аууууу соннн..бегај ова е за да се онесвестиш но сепак ја би земала 2-3 од овие, не се, ипак цел комплет е за професионални шминкери..што ке ни е нас
јас си нарачав преку интернет четки.. сеа пишува дека се MAC ама многу многу не ми се верува оти чинат цели 2$ oвие четки си ги нарачав и нестрпливо чекам да ми стасаат
Користам едне сет од Авон, четката за руменило не ми се допаѓа, премногу е мала другите се добри, има две за сенки и една за веѓи (во сетот има плус чупалка, ноктарица, турпија и стапче за кутикули) Последниов пат кога бев во Џамбо начекав четки за сенка и прекрасни се Велешанка, дај линк од која страна нарачуваше ? На сликава четкиве се перфектни, а и ценава е феноменална... како оди тоа со царини при нарачки преку интернет ? Ти благодарам и се извинувам за офф
www.ebay.com за царини и такви работи обично не се доплаќа, освен ако не нарачаш некоја поголема работа.. мене само еднаш ми имаа земено и тоа 100 денари а нз баш како се нарачува, не нарачувам јас туку преку еден братучед, што ми се свиѓа му пракам линк и он ми нарачува
Една типка , професионалец , одамна работеше кај мајками имаше вакви слични , ама од "немукает" не ја прашав кај ги најде. Инаку сакам и јас вакви , ептен ме бидува за шминкање , ама само ако не ме мрзи .Во последно време стварно се заинтересирав, мислам во слободно време да си зимам еден курс и да почнам да работам кај мама Така да стварно ми треба нешто вакво.Шминката поинаку изгледа кога е нанесена со убава четка.
за очи и веѓи Avon Gosh за руменило Studio Basics не се нешто баш но вршат работа, на Гош четката суѓерчето не е многу цврсто па затоа не сум нешто задоволна, од Авон двојната четка сум задоволна само од гумицата но не и од самата четка, ја измив еднаш и тоа со нежен шампон и се стврдна, не е тоа што беше.
Пред некое време ги купив овие четки за шминкање од аура, доаѓаат во комплет. 3 четки сите од природни влакна, 2 се за очи и една четка за руменило. Презадоволна сум а и не беа воопшто скапи само 400 ден