Пред 3 години запознав дечко што сеуште многу ми се допаѓа. Некако не успеавме да бидеме заедно, не беше доволно заинтересиран за да бидам со него, и си фатив друг дечко. Со него одев година и пол ама никако не помина ден да не помислам на овој првиот. На крај, се скарав со дечкото и се беше супер, ама немав храброст да го побарам пошто нели во цутот си фатив дечко и го откачив. По некое време ме додаде и ми пиша као демек кај си како си и сл... За жал, имал девојка. Останавме во контакт и дојде времето за факултет. Ме побара да се видиме и отидов пиевме кафе и си поминав убаво. По некои две недели го викнав кај мене на кафе. Дојде, пиевме кафе и јадевме (му зготвив, нешто штоо не сум го направила за никого) после тоа остана да спие кај мене. Спиевме во ист кревет, поточно тој спиеше а јас го гледав. Некако не можев да си поверувам дека е тука до мене. Во еден момент заспав. Сега тука почнува тоа за што сакам совет. Во спиењето осетив дека ме гушка и бев пресреќна. Во еден момент назад почувствував дека му станал. Се завртив и видов дека спие па продолжив и јас. Потоа ме гушна силно и ме заврти накај него. Почна да ме гушка и да ме допира на интимни места, ама беше многу груб. Не сакам такви работи и му реков полека ме боли. На тоа тој ги отвори очите и скокна од креветот. Ми се извини и рече дека спиел и не сфатил што прави. Прашањето ми е, дали е можно навистина да спиел или се работи за нешто друго?
Абе почудно искуство јаа не сум видела , кога го прочитав насловот си реков кизнајт што е , а тоа да ти било на дечкото му се се**ало ама се преправал дека спие
Се правел малкуцка на будалка. Убаво и филмски те омрсил малку и сега ти како изненаденка. Абе дечкото што ти се свиѓа си го викнала дома, што очекуваш да праите. Самата си го дала сигналот.
Чекај, чекај.. јас лошо сфатив или тој има девојка па прво те викнал на кафе и убаво сте си поминале, па потоа ти си го викнала дома каде што си му готвела па сте си легнале заедно на што ти си била многу среќна арно ама тој почнал као во спиење несвесно да те пипка ваму таму и ти мн изненаџена? Да не знаеш кој се прави поголема будала овде.
Ех, требало и ти да се преправаш дека спиеш. Па на спиење еден јак секс ќе паднел. И после ништо како да не било. Сте спиеле. Шала на страна. Ти прави филмови типот. За таа работа останал тој кај тебе. Ама си му го покварила планот.
Чудно е само што заспал пред да почне било што. Којзнае какви приспивни мирудии си му ставила во јадењето
Мислам дека е многу очигледно дека не спиел. И не е само тоа чудно,туку и целата ситуација е чудна. Типот има девојка,те викнал на кафе, си го викнала дома, решил да остане кај тебе...
jas se chudam sto mu glumish nevina ..si go viknala da spie vo ista postela so tebe a ne mu davash grrrrrr..ako ti se gushka tolku kupi si eden teddy bear i gushkaj se so nego