Ја изгледав првата сезона. Ме заинтересира, прилично. Навистина те задржува пред екран, не ти дава да дишеш, мислиш и размислуваш, кој е, што е, како е. И кога Шерлок ќе каже нешто, ти иде да се мавнеш по глава и да си кажеш „Како ли не видов нешто толку очигледно?“ Ликот на Холмс, како лик, отсекогаш ми бил интересен - способноста на човечкиот ум е нешто што не може да се сфати, ниту предвиди, не знаеш до каде може да одиш. Ама, генијалноста се граничи со лудилото. Или не? Како и да е, отсекогаш мислев дека Холмс е луд генијалец, дека ретко кој може да го прави тоа како него. Ама сфатив дека се' е во опсервацијата, правилното поврзување на податоците и изведување логичен заклучок. Сето тоа може да го прави било кој просечен човек со нормална интелигенција, секако, доколку сака. Ама најчесто, ние луѓето складираме толку многу непотребни информации, што очигледното ни бега од вид и без да сакаме. Ех, Шерлок, Шерлок... додуша, не е само тој книжевен лик таков, ги има и други (Поаро, на пример), ама мислам дека ликот на А.К. Дојл е ненадминлив. Сега ќе ја симнам и втората сезона, за која очекувам да биде уште поинтересна, се надевам дека нема да се разочарам. Штета што толку малку епизоди снимаат, ама мора да се задоволиме и со тоа. Што се однесува до главниот лик, или актерот... да, привлечен е... ептен. Не само заради улогата... ниту пак поседува некоја вонсериска телесна убавина... едноставно, човекот има харизма со која ретко кој се раѓа... да е мажот ми тука, да го чита ова, ќе рече да не трескам глупости. Ама морав да си кажам
Јас штотуку ја изгледав последната епизода од втората сезона и останав подзината Цело време се обидувам да најдам некое логично објаснување за тоа што се случи, дури главата ме доболе! Серијава прави да се чувствувам глупава наспроти Шерлок И не ми се верува дека така мистериозно заврши! Зар ќе чекам до 2013 за новата сезона?! Па до тогаш може светот ќе заврши, под итно нека прават нова! Инаку, пред некој си најдов еден стар беџ, кој се сеќавам дека го купив за 10 денари. Не знам што сакал да каже авторот, тумачев низ годиниве, па си го нареков I love shoes. Ама сега ќе си го прекрстам во I love Sherlock Holmes и почесно ќе си го носам
Јас на фокс ќе ја гледам серијава, поубаво ми е така на голем телевизор. Да не се мачам на екранчето од компјутерот. Сакам се убаво да можам да доловам.
Прееска го дадоа во неколку крупни кадри со тоа очите, уф леле поцрвенев и почнав да се смешкам ко некоја попалена тинејџерка. Не треба веќе да ја гледам со маж ми. Инаку како баш така заврши, ептен неизвесно, се надевам наредниот понеделник ќе ја продолжат втората сезона на фокс крајм.
Мене глумецот ич не ми е убав, ама затоа ми е многу фармантен. Да го видам на слика, одма тргам поглед, ама во движење е прекрасен Инаку името на серијата е само Шерлок.
Се чуствувам како најголем идиот кога Шерлок ќе успее да го реши случајот со сите докази кој се пред очи, а јас тоа воопшто не сум ги забележал, а сум некој академски граѓанин
Нема веќе да ја даваат на фокс крајм, ја проверив програмата. Си ја симнав втората сезона и првата епизода ми е изгледана. Значи целата епизода беше страшно интересна со ептен добри пресврти.
Серијава ептен ми е интересна и планирам да си ја симнам целата.Значи во серијава има ептен пресврти мозгање и што уште не.Дефинитивно најдобра серија која ја имам загледано во последно време.
Оф, јас па не знам зошто цело време мислев дека се три сезони. Тоа две само биле. Последната епизода е Spoiler птен беше добра, пуштив некоја солза на крајот за Шерлок, иако знаев дека нема да умре. Сепак, ептен ми беше трагично. Аиии кој ќе чека сега до 2013
http://thepiratebay.se/torrent/6925297 http://thepiratebay.se/torrent/6943334 http://fenopy.eu/torrent/sherlock+2x03+ ... Nzg5Mzc4Mg
Може да ми дадете торент да ја спуштам првата сезона? Нешто не знам или не ми фукционира со овој на Трендафилка што го оставила. Втората сезона ја спуштив, првава не можам да ја најдам.
Изгледа дека дечко ми не е единствениот "попален" по Шерлок Холмс. (this doesn't seem right :?) Ја симнувам и полека ќе си ја гледам. Не знам оти не ми текнало до сега тоа да го направам.. Се изначитав добри критики за серијава, па сакам и јас да пишам една. :geek:
Трета сезона ќе биде на пролет мислам. Со душа ја чекам! Ова е најдобрата серија што ја имам гледано во 2012. Саат ипол да гледаш и да не трепкаш и одма откако ќе завршиш со една епизода мора да пуштиш и друга да гледаш. Двете сезони ги изгледав во два дена, па после уште еднаш, па уште еднаш. И пак ми беа интересни. Во секоја изгледана епизода го студирав ликот на Шерлок и се повеќе и повеќе ми се допаѓаше главниот лик (додуша и Вотсон е ок). Ако дознае некој точно кога искача сезона 3 одма да пише.