Секоја сезона на Шерлок завршува со cliffhanger. Not surprised at all. Како што напиша AnaKarenina, општо познато е дека Мориарти е антагонистот во приказната, слично како Џокерот (ете морав пак да направам делумна корелација со Бетмен). Све у свему, прејјака епизода. Полека и расте рејтингот, сега за сега 9.6 на imdb. Овде има некоја информација за четвртата сезона. Се надевам дека нема да чекаме пак две години.
Во април има симпозиум на тема Шерлок Холмс: Минатото и сегашноста http://bakerstreetbabes.com/new-directi ... pril-11th/
Серијава е лудница!!!! Бенедикт и Мартин се смртоносна комбинација! Мислам дека подобри глумци не можеа да изберат. Требаше пролетва да има една епизода, prequel или што и да е, ама и тоа не го дочекавме. Паузиве се убиствено долги, ама на крај се исплати. Малку ми пречеше само што во последнава сезона Шерлок беше со некои малку повеќе хумористични ноти во однос на тоа што сум навикната, ама се простува! Ехххх...
http://variety.com/2015/tv/news/sherlock-special-airdate-title-1201625919/ Ќе има Викторијански спешл на 1 јануари 2016 И тоа 90 минути Без разлика што нема врска со досегашните епизоди, главното дуо Бенедикт и Мартин се тука,па очекувам јако филмче/епизода/masterpiece.
Јас не знам веќе колку пати ги имам изгледано епизодите, ама па ги заборавам и морам да се потсетам што се случило Стварно паузиве се предолги, нови делови на играни филмови прават за побрзо време И се надевам дека стварно ќе го пуштат ова на нова година, многу пати излажаа до сега, веќе не им верувам
Како ви се допадна Christmas Special-от? Само што го изгледав и можам да кажам дека е прилично интересна епизодава.
Го гледав на http://www.bbc.co.uk/iplayer/live/bbcone . Само има фрки со локацијата, само за гледачи од Ук е, ама се прави тоа и може да се гледа.
Ја гледавте? Добра е? Што прашувам глупости, сигурно е добра. Којзнае до вечер дали ќе излезе српски превод.
Има англиски сабтајтл за глуви, ѕверска е Има десетина шашави збора, ама океј е. Како ќе биде уште една година без епизода? Секоја чест. Иако.... епизодата каде Шерлок загинува е ненадминлива...
Уште една епизода која завршува со cliff-hanger, и ајт чекај си уште 120 века за друга. Се надевам дека ќе добијам одговор на сите прашања што ги имам... пред да навршам 90 години. А што си беше маестрално направена епизодава како и секоја досега, си беше, нема збор за тоа.
Си стартува епизодата и покажуваат што се дешавало претходно и срцето ти се исполнува Стварно ги сакам двајцава глумци заедно,таков склоп на два карактери,толку совршено се надополнуваат... А епизодата беше мајндфак,како и секогаш,сценаристот е благо речено генијален. Masterpiece серија ,колку пати да ја гледам,никогаш нема да ми здосади и мора да ја убрзаат некако,вака по 100 години чекање,ќе станеме костури И еве сега почнувам пак од Study in Pink...
Изгледано и од моја страна. Завршена домашната задача. Се' на се', закон епизода, многу имагинација, многу креативност и способност така да ги испреплетеш работите, а на крај да бидат јасни. Интересно ми беше се, само уште не сум проверила колку време ќе се чека до следната нормална сезона. Ова епизодичево и така доцнеше многу, мислам цела година дека се фати. Мразам што не' лажат на секои неколку месеци дека тогаш и тогаш излегува новата сезона. И колку и да ја сакам серијава, мислам дека со следната сезона треба да ја завршат, зашто ова чекање не е хумано. Ми се одмилува поради временскиве дистанци. А да не зборувам што претходната сезона, која удри малку на хумор (што не му личи на Шерлок) е можеби најслабата сезона според мене. Пикот го достигнаа со смртта на Шерлок и толку. Сега почнува да се движи серијава малку во надолна линија. Како и да е, Бенедикт и Мартин ми се најпар како Шерлок и Вотсон на маливе екрани. Дефинитивно!
Spoiler: Спојлериште од последната - special - епизода Најискрено, се надевам дека со Мориарти ќе завршат што е можно побргу. Некако, тој лик за мене е мртов во секоја смисла на зборот. Кога Мориарти е во игра, Шерлок не се фокусира на ништо друго, а тоа мене ми асоцира на недостаток на свежи идеи и приказни. Плус, нивното надмудрување кај водопадот - ах, таа сцена - ми беше тотално невозбудливо и само очекував побргу да заврши - Фала ти, Џон.
Јас тек синоќа ја изгледав, едвај се воздржав да почекам неколку дена Ама сигурно деновиве пак ќе си ја пуштам, чисто да видам што сум пропуштила во текот на првото гледање. Затоа што секогаш има детали кои на прв поглед не ги забележувам, а се прилично паметно осмислени Spoiler Враќањето назад во 19ти век мислев дека е дел од некоја претстава што ја прават Шерлок и Џон Некаде кон средината на нивните авантури сфатив дека преку таквата приказна, Шерлок всушност се обидува да открие како преживеал Мориарти. Многу ми се допадна тој дел, како сè беше маестрално вклопено и скоцкано Кога сум веќе кај Мориарти - мислам дека Шерлок не би бил Шерлок без него, како јинг и јанг ми се, и двајцата брилијантни умови кои дејствуваат во спротивни насоки. Мориарти го предизвикува, без него на Шерлок ќе му биде ужасно досадно. И така, сега можам да си отворам tumblr и да се смеам Едит: Еве, редактирано во спојлер Дали дека јас каснам неколку дена, па сите околу мене веќе ја гледале и имам чувство дека знаат што се случило
@AnaKarenina Мислам дека треба да вклучиш пола од постот во „спојлер“. Сепак, епизодата е се' уште тазе и има луѓе што не ја гледале. На твое место, спојлерот би го почнал од „Некаде кон средината...“ и би го терал до сам крај, сосе сликата.