Шеќерна диета

Discussion in 'Диети' started by vikktoriaa, Feb 22, 2012.

  1. vikktoriaa

    vikktoriaa Активен член

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    18
    Likes Received:
    2
    Слатката диета или диетата со мед, спаѓа во категоријата флеш диети или диети што се практикуваат за кус временски период. Значи оваа диета се држи од 3 до 5 дена.
    Ваквиот режим на исхрана најчесто се практикува со цел организмот да се прочисти од наталожените токсини, желудникот да се одмори од тешката и мрсна храна и да се поттикне метаболизмот - нешто слично на детоксикацијата што ја правиме на пролет или по големите празници кога се јаде многу храна.

    Појадок - исцедете неколку портокали, додајте една лажица јаболков оцет и мед. Ваквиот природен енергетски пијалак консумирајте го на празен желудник. За да не се заситите од ваквиот оброк, можете да го замените со овошно фрапе од 200 грама јагоди, 100 грама банани, еден јогурт и лажичка мед.
    Ручек - овошна салата (забранета ви е само бананата) и какао сир направен од 200 грама кравјо несолено сирење, 100 грама јогурт, лажичка какао и лажичка мед.
    Попладневна ужина - излупете еден свеж портокал, еден безмастен јогурт, зачинете со малку цимет и лажичка мед.
    Вечера - можете да избирате помеѓу две истолчени банани со лажичка мед или 200 грама кравјо несолено сирење со 100 грама јогурт, една лажица суви кајсии и мед.
    За слатка ноќ - за мирен и сладок сон, почестете се со топло млеко со мед.

    Моментално сум на оваа диета па ќе ве информирам за резултатитее.Позз :*
     
    Ellena07 and macky like this.
  2. Ellena07

    Ellena07 Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    119
    Likes Received:
    12

    Што се случи со диетава?Ја дрќиш ли уште?Какви резултати имаш?