Премногу одржување, јас со мрсен скалп би требало секој ден да мијам коса. Многу бргу ми се мрси косата.
Лејдис со шишки Ми треба совет за одржување и негување на шишките. Вчера направив, а немам носено од дете и врска немам како да ги негувам. Каква четка да земам, како да ги фенирам, како да не ми се мрсат и слично
Цел живот имам шишки и најдобра опција што најдов за нив е миење само на шишките секое сабајле со благ шампон и после тоа фенирање со мека средна четка
Има девојчиња и жени што ептен добро им стојат, али јас не сум една од нив. Имам пробано неколлу пати да носам шишки, али не ми стоеле убаво.
Неколку пати сум имала, ама ме нервираа кога подраснуваа и ми одеа во очи, па морав да ги фатам со штипче, тешки беа за одржување. Сега одамна сум без шишки.
После 10 + години или повише пак ги имам. Сакав некоја промена, ме фати таков мерак за шишки не знам ни сама од каде. Како мала не сум се замарала со стилизирање, а сега морам да читам што и како се одржува ова чудо. Читам дека биле комплицирани, јас па и мрсна коса имам Друга работа е што ме прават уште помлада, небаре детенце сум, наводно сме добивале упатувачки погледни кога шетаме со дечко ми, се чуделе луѓето, како малолетна сум му била, иако јас не се осеќам нешто променета. Може згрешив, може не, но мене лично многу ми се свиѓаат, ко освежена сум, скратена цела коса ми е, целосна промена Така да, скроз сум за. Би ги носела некое време, да се порадувам. Коса расте како и да е.