Кога треба да плати само Не сака да иде со мене, зашто знае какво ѓубре има па затоа обично со мајче си одам, тато надвор чека или ректкост е со нас да оди и да гледа.
Ретко со татко ми одам на шопинг, го мрзи него. Последно знам требеше да одиме на свадба а штикли немав, и во 5 до 12 дојде со мене и на крај тој ми ги одбра штиклите, итоа баш се преубави Најчесто ни дава пари и со мајка ми одиме, на раат да си прошетаме
со тато најдобриот шопинг дефинитивно се што сакам, за се ми дава пари да си купам....ако сум со мама таа лелле ова е многу скапо, вакво такво....тато си е закон хехехх што си сакам тоа си купувам.....
Исто и јас ... Кога одам со татко ми на шопинг секогаш се враќам среќна и задоволна. Срцка е .. се труди да ми ги исполни сите желби , но и јас се трудам да имам скромни побарувања..
омилено нешто,најубаво ми бира и често знае уште нешто „ситно“ да ми докупи плус,тато обожава брендирана роба...мислам дека кажав доста хаха
Кога ја видов темата одма ми дојде насмевка на лицето, абе од еден на друг крај до уши дури! Значи јас со тато мој, официјално, во моите 22 години и 6 месеци, не сум била ниту еднаш на шопинг. Значи многу пати сме биле низ Скопјето, низ Грција, Бугарија заедно по шопинзи, ама не со тато, он кафенце, цигарче во рака, си гледа, си кулира надвор додека јас и мама ги превртуваме продавниците. Значи никогаш се нема случено да влезам со него во продавница, пошто тој не е тип кој сака да шета низ продавници, така да мајка ми од млад го научила по дома да му носе кошули, панталони и ако му се свиѓаат и ако му се таман земи ги ќе и рече, и пријатели негови кои имаат конфекции низ Македонија, само ќе му пратат пакет од дуксери, блузи и наредено му е. Но, 2-3 пати се има случено да додека сум си купувала, видиме со мајка и нешто за него, го викаме внатре и од како ќе проба, не ја прашува мама како му стое, туку мене јас сум критичарот низ дома. Шо се однесува до мене, колку пари ти требат Ане, или еве ти картичка, и чао, нема шопинг со тато за мене. Ама затоа мајка ми е вечен партнер за шопинг, и најубаво ми е кога пазарам со неа.
оф оф оф. Јас да, одам на шопинг со тато мој. Во последно време дури со него почесто одколку со мама. Колку пати кога има време, а често е во Скопје знае да ми се јаве или јас да му се јавам да одиме да видиме што има низ продавниците и да си купиме по нешто (додуша он за него не ни гледа освен јас несто ако не му пикнам под нос), ама затоа со мене не секогаш, ама во најголем број случаи заинтересирано гледа. Па и кога сме во солун на шопинг. Оф повеќе сакам да одам и шетам со тато одколку со мама. Ма со неа ќе се истепаме. За матура, во Солун купував и готово кренав раци, татко ми го оставивме настрана си седеше он јадеше пиеше, и јас таква нема ништо не купувам ништо, си одиме. Луѓе дали ви се верува, влагов со тато у прва прводавница пред мене, ми покажа фустан, не се мислев, тој го купив. За апсолвентска исто, со татко ми со го одбрав фустанот. И така после секој шопинг со тато си седнуваме у кафана и си се частиме поштено е за тоа го сакам шопингот со мојот тато
Ааа не, не, фала. Нема трпение тој за такво нешто, кај него се е добро, само побрзо да завршиме. После се научив (некои 13, 14 години кога имав) и барав пари и си купував сама или со мајка ми.
хехе.. обожавам да одам на шопинг со тато. Никогаш не ми вели "немам доволно пари со мене" или "ее.. јас незнам дали е убаво. ти си знаеш". Значи има повеќе вкус од мајка ми иако понекогаш знае да го одбере најгрдото можно парче. сепак, тој ми е татко и гледа да бидам облечена како детенце. пред 2 недели бев со него во шопинг, ми купи едни адидас, уф колку се убавки. остарува, но сеуште знае да ми одбере убави парчиња облека. Можеби ќе го викнам и за полуматура заедно да одбереме фустан.
Со тато НИКАКО. Постојано ќе ми зборува дека ова е скапо, тоа е скапо, неквалитетно, брзо ќе се скине, бла бла со мама е најдобро
Татко ми е најискен кога е во прашање облеката. Секогаш ми кажува што ми стои, а што не. Во принцип мразам влечарање по 100 саати по продавници, со него влагам во неколку продавнички и си завршувам работа за пола саат
Многу многу често одам на шопинг со тато..најчесто заедно купуваме спортски,лежерни работи (и секако он части ) ама затоа јас частам кафенце и тоа не еднаш туку после секои 5-6 поминати продавници освен шо се дружиме имаме време за муабет...Го сакам тато женски,за него секогаш сум малата кукличка (Иако имам 22 )
Човек да не тргне со татко ми на шопинг по облека 1.Ќе си сретне пријател 100%,па дреми ти и поздравувај се со некои што прв пат ги гледаш 2.Тој е машко па мисли и јас сум па оди кај машките работи па коа ќе дојде кај женските :geek: Да не збориме 3.И за полуматурата на сестра ми оди кај што не треба не кај фустаните Така да скоро секогаш одам со мајка ми и сестра ми татко ми аут Тој си има вкус за себе но не и за мене
Ахахаххаа интересна темааа Кога и да отидеме иде по мене и ми збори ајде побрзо, досадно ми е, ајде да искочиме ајде пробај го, ќе го земеме, ама да не не ти се сфиѓа, па после нема да го носиш блабла и ред други работи..Абе машка работа, што сакаш
„Купувај ќерко што ти душа сака“, е баш ни е ваков шопингот со тато. Не ми се буни дали тоа што ќе го купам е скапо или неквалитетно. Татина маза сум, што да се прави
Шопинг со тато е најубаво. На него се му е убаво и се ми стое. Не гледа дали е скапо или не, ако ми било мене убаво веднаш го купуваме.
Со тато е најубаво, секогаш знај искрено да ми кажи дели нешто убаво ми стои убаво или не. Секогаш кога оди на пат насвор од земјава ми носи нешто убаво и знае убави парчиња облека и накит да одбере.За пари никогаш не спомнал дури и ја кара мајка ми што и за специјални пригоди е многу штедлива, ама и знае дека имам осет дека нема ни да пробам нешто ако е скапо. И со тато нема кое е поубаво да го земам, штом види дека се двоумам одма ми ги купува и двете