Што значи да се има свое ЈАС? Што значи да се почитуваме себеси општо, кога сме во врска и на работното место? Често сме ја слушнале добро познатата изрека 'Почитувајте се самите за и другите да ве почитуваат'.
Самопочит е да се заштитиш самата себе, да си дозволиш да растеш и да се развиваш во силна и независна личност, а не да подржуваш и прифаќаш омаловажувања и понижувања од шовенисти со комплекс на мало к*ре.
Самопочит е вреднување на себеси. Оттука, тие што имаат самопочит, се ценат себеси и точно знаат кои се и што сакаат и не дозволуваат други да манипулираат со нив или да ги користат. Се стремат кон развој и напредок, кон големи а не мали нешта. Додека, тие што немаат самопочит, всушност не се свесни за својата вредност како битие, не се свесни колку можат во животот, па дозволуваат да бидат искористувани за да добијат некоја мала, безначајна добивка.
Самопочит е да заминеш од местото каде не си доволно почитуван пример друштво, врска, работа... иако работата е широка тема и многу од луѓето трпат непочитување бидејќи немаат друг избор.
кога во вистински момент знаеш да кажеш НЕ и цврсто да стоиш на тоа- тогаш имаш свое ЈАС. Самопочитта кон себе си кога станува збор за врска или работен однос никогаш нема да биде присутна се додека се исполнуваат само туѓите интереси. Јас за жал не се снаоѓам најдобро ниту со сопственото ЈАС, уште помалце со самопочитта.
Да не се газиш себе си. Да имаш карактер, принципи, да не отстапуваш од нив. Да знаеш каде си тргнат во животот, а не попат да се изгубиш. Да не потпаѓаш под влијание на околината која сака да те направи аморфна маса. Инаку, денес ретки се луѓето со самопочит. Посебно во врски. Еден куп знам девојки кои се жалат од дечковците, вакви, онакви, пијат, не работат, неодговорни, и пак се со нив од пусто сожалување. Е тоа е за мене пример за немање самопочит. Добро е да се има самопочит, тоа ви дава некоја насока во животот. Оној што не ве заслужува не треба да му дадете простор и време во својот живот.
Да имаш силен карактер и да знаеш што сакаш во животот. Да не дозволуваш друг да ти дава правец на живеење и секогаш да се стремиш кон она што го заслужуваш. Да не прифаќаш помалку од она што го заслужуваш и си вреден за него.
Самопочит е да имаш свои ставови кои во секое време ќе бидеш подготвен да ги одбраниш со аргументи, да бидеш цврст и доследен во она кое си го зацртал и да не дозволиш некој да те одврати од намерата. Да веруваш во себе, да изградиш своја личност и да не се огледуваш на други затоа што секој си е приказна за себе. Да се бориш достоинствено за она кое ти припаѓа. Да се одбраниш од оној кој ќе се обиде да ти наштети. Да не се сожалуваш себеси и да потклекнуваш пред останатите.
Самодоверба, оддалечување и спротивставување на личности кои ти ја разнишуваат истата и не ти пружаат почит; исполнување на блиското опкружување само со луѓе што те прифаќаат таква каква што си; цврсто стоење зад своите ставови и идеали без дозволување никој, колку и да ти значи - да те манипулира и да ти ги моделира.
Заради себе добро е да се има самопочит. Луѓето што немаат самопочит, сами ќе се удават во своите замки.
Да си се сакаш сам себе со сите маани и доблести! Да знаеш да кажеш "НЕ " кога навистина треба, во било која ситуација од животот и да не дозволиш ниеден фактот да влијае на тебе, бидејќи друг така сакал.
Самопочит е да знајш да стојш на нозе и да си завртиш грб од личности кои се свесни дека вредиш, но сепак те изиграле на поле доверба со нивните гнасни игри.
Самопочит е да се сакаш, прифаќаш и цениш себеси каков и да си.Буквално самиот да си се почитуваш себеси.Ако сам се почитуваш тогаш и другите ќе те почитуваат тебе.
Самопочит, самиот збор кажува, да се почитуваш пред се’ самиот себе си, ако не се почитуваш самиот себе си, не можеш да очекуваш да те почитуваат ниту другите.