Што е самопочит?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Askopje, 5 ноември 2017.

  1. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    Што значи да се има свое ЈАС?
    Што значи да се почитуваме себеси општо, кога сме во врска и на работното место?
    Често сме ја слушнале добро познатата изрека 'Почитувајте се самите за и другите да ве почитуваат'.
     
    На Sungold, Tanjamm и Lolo5 им се допаѓа ова.
  2. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    48.597
    Самопочит е да се заштитиш самата себе, да си дозволиш да растеш и да се развиваш во силна и независна личност, а не да подржуваш и прифаќаш омаловажувања и понижувања од шовенисти со комплекс на мало к*ре.
     
    На Bender Rodriguez, Someonespecial, makedonkamak и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    48.998
    Пол:
    Женски
    Самопочит е вреднување на себеси. Оттука, тие што имаат самопочит, се ценат себеси и точно знаат кои се и што сакаат и не дозволуваат други да манипулираат со нив или да ги користат. Се стремат кон развој и напредок, кон големи а не мали нешта. Додека, тие што немаат самопочит, всушност не се свесни за својата вредност како битие, не се свесни колку можат во животот, па дозволуваат да бидат искористувани за да добијат некоја мала, безначајна добивка.
     
    На blonde_supergirl, zokystanoevsky, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lolo5

    Lolo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    самопочит = самодоверба
     
    На EraBon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    2.542
    Пол:
    Женски
    Самопочит е да заминеш од местото каде не си доволно почитуван пример друштво, врска, работа... иако работата е широка тема и многу од луѓето трпат непочитување бидејќи немаат друг избор.
     
    На esperansa777, Someonespecial, blonde_supergirl и 5 други им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    29.602
    Пол:
    Женски
    кога во вистински момент знаеш да кажеш НЕ и цврсто да стоиш на тоа- тогаш имаш свое ЈАС.

    Самопочитта кон себе си кога станува збор за врска или работен однос никогаш нема да биде присутна се додека се исполнуваат само туѓите интереси.

    Јас за жал не се снаоѓам најдобро ниту со сопственото ЈАС, уште помалце со самопочитта.
     
    На Lolo5, blonde_supergirl, Dadusicka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    5.391
    Да не се газиш себе си. Да имаш карактер, принципи, да не отстапуваш од нив. Да знаеш каде си тргнат во животот, а не попат да се изгубиш. Да не потпаѓаш под влијание на околината која сака да те направи аморфна маса. Инаку, денес ретки се луѓето со самопочит. Посебно во врски. Еден куп знам девојки кои се жалат од дечковците, вакви, онакви, пијат, не работат, неодговорни, и пак се со нив од пусто сожалување. Е тоа е за мене пример за немање самопочит. Добро е да се има самопочит, тоа ви дава некоја насока во животот. Оној што не ве заслужува не треба да му дадете простор и време во својот живот.
     
    На Lolo5, blonde_supergirl и Jane.Birkin им се допаѓа ова.
  9. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    1.775
    Пол:
    Женски
    Да имаш силен карактер и да знаеш што сакаш во животот. Да не дозволуваш друг да ти дава правец на живеење и секогаш да се стремиш кон она што го заслужуваш. Да не прифаќаш помалку од она што го заслужуваш и си вреден за него.
     
    На eliesaab, SeaMermaid, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    23.279
    Пол:
    Женски
    Самопочит е да имаш свои ставови кои во секое време ќе бидеш подготвен да ги одбраниш со аргументи, да бидеш цврст и доследен во она кое си го зацртал и да не дозволиш некој да те одврати од намерата. Да веруваш во себе, да изградиш своја личност и да не се огледуваш на други затоа што секој си е приказна за себе. Да се бориш достоинствено за она кое ти припаѓа. Да се одбраниш од оној кој ќе се обиде да ти наштети. Да не се сожалуваш себеси и да потклекнуваш пред останатите.
     
    На blonde_supergirl, Someonespecial, Lolo5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.049
    Допаѓања:
    160.516
    Пол:
    Женски
    Самодоверба, оддалечување и спротивставување на личности кои ти ја разнишуваат истата и не ти пружаат почит; исполнување на блиското опкружување само со луѓе што те прифаќаат таква каква што си; цврсто стоење зад своите ставови и идеали без дозволување никој, колку и да ти значи - да те манипулира и да ти ги моделира.
     
    На blonde_supergirl, Tanjamm и Lolo5 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    5.391
    Заради себе добро е да се има самопочит. Луѓето што немаат самопочит, сами ќе се удават во своите замки.
     
    На hermosa и Lolo5 им се допаѓа ова.
  13. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    29.001
    Пол:
    Женски
    Да си се сакаш сам себе со сите маани и доблести!
    Да знаеш да кажеш "НЕ " кога навистина треба, во било која ситуација од животот и да не дозволиш ниеден фактот да влијае на тебе, бидејќи друг така сакал. (hollest)
     
    На hermosa и Lolo5 им се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    3.223
    Пол:
    Женски
    Самопочит е да знајш да стојш на нозе и да си завртиш грб од личности кои се свесни дека вредиш, но сепак те изиграле на поле доверба со нивните гнасни игри.
     
    На bubi75 и hermosa им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    18.559
    Пол:
    Женски
    Самопочит е да се сакаш, прифаќаш и цениш себеси каков и да си.Буквално самиот да си се почитуваш себеси.Ако сам се почитуваш тогаш и другите ќе те почитуваат тебе.
     
  16. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.587
    Пол:
    Женски
    Самопочит, самиот збор кажува, да се почитуваш пред се’ самиот себе си, ако не се почитуваш самиот себе си, не можеш да очекуваш да те почитуваат ниту другите.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.668
    Допаѓања:
    148.199
    Самопочит ? Да не дозволиш ниедна будала да лечи комплекси на тебе ...
     
    На EuHenIa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    4.115
    Пол:
    Женски
    Самопочит е да осознаеш дека некој е токсичен за тебе и да го отераш у курац со време.
     
    На Herrera, Alisa22 и stetoskop им се допаѓа ова.