Сте биле ли во 7D кино? Како ви беше?Кој филм го гледавте? Јас сум била Би требало да одите. Бев 2 пати до сега на 5 филма.Колку што знам има во Веро,на друго место незнам.Значи за тие што можеби незнаат што е тоа. Значи тое е како мала соба со седишта(обично 8,во 2 реда).Си бираш филмче од понудените секако и обично траат од 5 до 10 минути. Бев на најстрашните леле незнаете како е,змиите ги гледаш пред тебе,ти прскаат вода,столовите се мрдаат,кога излегов незнаев кај сум Spoiler Не е препорачано за луѓе со слабо срце,трудници или за луѓе со епилепсија http://www.youtube.com/watch?v=ARociiYFGUw Еве видео
Баш сеа скоро бевме со либето во тоа киното во Веро центар што е. Живи радости иако мн кратко трае филмот. Се одлучивме за хорор да гледаме . Доста интересно беше како мали деца возбудени бевме. Со тоа тресењето на столиците , па прскањето со вода па ефектите деф пак би отишла иако сметам дека 150 ден за 5 мин е малце преценета карта. Али во секој случај интересно искуство е.
Сум слушнала за ова д и многу би сакала да појдам кога ќе дојдам во Ск, но откако ќе се породам Гарант е прејако со сите тие ефекти неможе да те разочара. Колку кошта картата одприлика баш ме интересира ?
Имам гледано 2 пати, еднаш со мама тато и бато, а другиот пат со другарките. Со другарките бевме на 7Д пред 1 недела кога бевме на екскурзија и го гледавме најстрашниот филм од понудените Колку се дерев само, женаата што беше одговорна за тоа рече да не ги ставаме нозете на железото и кога почна филмот таа излезе нели и кога нешто почна да ме чепка на нозете јас ги качив, а надвор имало телевизор Леле луѓе која брука, кокја излеговме сите во нас гледаа Ццц веднаш си заминавме од таму, ни рекоа дека сме се слушале и надвор како се деревме Инаку Дона картата е 150ден
Хахаха леле јако е оваа сигурно . Не сум била а многу сакам да одам по оваа што го прочитав од вас. Обожавам хорор јас ама кога гледам покриена сум до глава само очите ми се гледаат од страв А можам да замислам таму како ќе бидам
Јас сум ги гледала филмовите: -Луда куќа,Супер лабараторија,Крвав пат 1,Трка со глувчето,Луда железница
Кога ставија ваква кутија во Рамстор, ах колку сакав да одам пустата, ама милиов мој не сакаше да чуе, прашав другарка-две едната нејќеше, другата ќе видиме и на крај ништо не бидна. Ах леле требаше сама да си одам, ич не ми е гајле. Сега не знам каде има и дали има некаде во Скопје?
Двапати бев во 7D во Рамстор, ама повеќе не би сакала да одам. Си умрев гледајќи ги тие Лудата Железница и Страшн Куќа... Бевме пет девојчиња внатре, сите до една пискавме Олд, гуд меморис, ама сепак не би одела пак таму... Ух,, уште паметам како ги стававме нозете горе за да не не` фати пајакот
Хахахах, абе јас не се сомневам дека ќе врискам и дека ќе ми лупа срцето 300 на саат, ама барем ќе имам олд гуд меморис како што викаш, ете сум видела нешто интересно и ново.
Да. Спомени за паметење се тие. Столицата се навалува, де лево, де десно. Сакаш да избегаш, да не поминуваш низ овој нереален пекол, а од друга страна пак, сакаш да го покачиш адреналинот, да ја почуствуваш возбудата, иако не се наоѓаш навистина на такво место. Сепак, не го препорачувам за оние кои имаат анксиозност, јас потоа се чувствував ужас, а и во текот на таа замислена вожња.
Пред неколку дена гледав Луда железница беше многу јако,сеа сакам пак да одам ама незнам кој да одберам се мислам за Луда куќа мислам дека така се викаше,хорор...девојки дај предложете вие нешто
Јас исто гледав луда железница со братучетка ми, прејако е, таа пиштеше јас пак си се смеам ко од марс падната. Исто ми текнува гледавме и лани еден со ајкули нешто под вода како бегаме ама незнам како се викаше. Кога гледавме луда железница почна нешто да не удира по нозете и јас цело време исправени си ги држев да не ме удира. Сега планираме да гледаме луда куќа, а тој многу е страшен?
Беш пред неколку години во Италија. Гледавме некое кратко филмче со подводен свет. Ептен беше јако, се чувстував ко да нуркам Пуштаа балончиња, прскаа со вода, на крај ќе ме изедеше ајкула. Седиштето ми вибрираше и се навалуваше, ме дуваше ко да сум на мотор. Многу ми беше смешно, до мене седеше едно мало детенце и ме држеше за рака цело време Надвор имаше поставено телевизор кој во живо ги пренесуваше реакциите на луѓето внатре во собата каде што го гледавме 7д филмчето. Јаки фаци имаше Тука не сум била, а баш ми се иде на некое хорорче.
Бев еднaш гледaв Тркa сo Глувчетo и интереснo беше сaмo мaлце језивo е кoгa те фaќa нештo пo глaвa и нoзе
Бев еднаш, мислам дека беше во Франција, филмот беше со летање низ вселената, а јас паника од летање, пола филм го мижев Ептен се исплашив. Ми се оди пак, ама нешто што не е со летање сакам да гледам.
Имам појдено Прејако е, бев со една другарка, таа цело време викаше и ме држеше за рака.. Ова го гледавме:
Има во Рамстор ама само 5-10 минути е А за цел филм не знам во кое киноима И јас сакам да гледамнекој во 7Д