Здраво ни треба вашата помош Имам другарка што има проблем.Таа имаше дечко и биле во врска 5 месеци,таа сватила дека веке не постојат никакви чуства во неа спрема него па прекинале со нивната врска.2 месеци разделени таа ретко го гледала и кога ке го видела не чуствувала ништо спрема него.Овој е 3тиот месец од кога се разделени и во неа се будат страшни чуства,чуствува нешто многу силно спрема него го сака повеке од се,од ден за ден се повеке расте нејзината љубов а тој незнае ништо...И сакавме да дознаеме дали бившиот и направил некоја љубовна магија за да му се врати и никогаш да не се разделат ако имате нешто слушнато за љубовни магии ве молиме пишете на форумот поздрав
исто така сакав да прашам дали постојат некои на форумов што некој нејзини блиски го имат ова доживеано љубов преку магија што неможат да се откажат од таа љубов
Да, и за раскинување на магијата треба да прочиташ една библиотека во рок од 3 месеци, по можност природни науки, нешто од Британска литература и задолжително цел комплет од сликовниците што ни ги даваа во прво
Сериозно си девојче со она со магијата?Со 17 години,сеуште веруваш во магии?Јас во магија престанав да верувам кога имав 10 години.Девојката е ЗАЉУБЕНА во типот.Таа на момент помислила дека не е заљубена во него,но ете била,а не признавала.Не си признавала самата на себе си,па ни вас тоа не ви го признала.Треба таа да си зброува со типчето,во секој случај.Ако се сакаат сеуште,да си го вратат статусот „во врска“,под ИТНО.Ако не се здравје,ќе и помине „магијата“. Наједноставно кажано таа магија се вика ЉУБОВ!
па ни имат кажувано дека имала таква магија и дека многумина се оставале па се смирувале со помош на таа магија и ние само мислиме дали е тоа и какви се реакциите на таа магија
Океј епа,видиш магијата дејствувала .Ако постоела,секако .Ајде сега после многу перипетии те пак ќе се заедно,ХЕПИ ЕНД.