Ја купив јас. Едвај најдов нијанса што би ми одговарала, па излезе дека ми е малку светла. Инаку на моето лице е многу мат, а имам комбинирана кожа. Ја мешам со новата пудра на Мејбилин, таа ми е многу темна па добивам совршена нијанса и формула Предност би и дала на новата бб крема од Мејбилин пред оваа на Катрис.
Фала ти, ќе пробам од тестер колку да ја осетам каква е во допир со кожата, но речиси сум сигурна дека ќе ја земам. Гледано од рилсите што ми се појавуваат, ми личи дека ќе ми биде добра. А и многу ме влече, интуицијата не ме излажала во последно време, па ќе видиме.