Ја купив јас. Едвај најдов нијанса што би ми одговарала, па излезе дека ми е малку светла. Инаку на моето лице е многу мат, а имам комбинирана кожа. Ја мешам со новата пудра на Мејбилин, таа ми е многу темна па добивам совршена нијанса и формула Предност би и дала на новата бб крема од Мејбилин пред оваа на Катрис.
Фала ти, ќе пробам од тестер колку да ја осетам каква е во допир со кожата, но речиси сум сигурна дека ќе ја земам. Гледано од рилсите што ми се појавуваат, ми личи дека ќе ми биде добра. А и многу ме влече, интуицијата не ме излажала во последно време, па ќе видиме.
Сеуште ги нема во ДМ, можеби во други помали дрогерии ќе се најдат. Во онаа од Кочани гледам на инста има некои работи повеќе отколу во ДМ.
Да не е оваа? @anggell Не сум нарачувала, ама колешка ми ја препорача. Цените биле пониски од другиве поголеми парфимерии и како што гледам на страната имаат поголем избор од ДМ. ДМ во последно време ми е тапа.