Ги сакам! Пријатни ликови, многу акција, убави луѓе и одлична актерска игра! Сериозно потценети, има некои познати лица и има и некои одлични нови. Ми се допаѓа, бидејќи оваа е поинаква серија што не сум гледала до сега како оваа. Многу е добра! Има 6 сезони, сега оваа година во есен ќе биде 7ма сезона. Се работи за пожарникари, спасувачки тим и болничарите на Чикаго Пожарникарска куќа 51 кои се главно во опасност, изборот што го прават може да значи разлика помеѓу животот и смртта. Но, од немилосрдниот притисок за спасување на животот, се проширува едно пошироко семејство. Предводени од главните улоги Валас Боден, Метју Кејси, Кели Северид, Габриела Досон, Firehouse 51 секогаш се тука еден за друг кои се една голема фамилија. Оваа високо-октанска драма од извршниот продуцент Дик Волф нуди визуелно гледиште за животот на секојдневните херои посветени на една од најблагородните професии во Америка.
Ми беше една од омилените серии се додека не дознав дека Spoiler Досон ја напушта серијата и некако веќе ми немаше смисла без неа и престанав да ја гледам.
да многу е лошо така кога ќе ја напуштат серијата некои што се од почетокот ама ќе видиме у 7ма сезона што ќе биде, би сакала да се врати она хаха
Јас само што ја почнав 5 сезона и не можам да престанам да ја гледам серијата. Ја обожавам!! Spoiler Досон ја напушта серијата и некако веќе ми немаше смисла без неа и престанав да ја гледам. Знаеш зошто ја напушта??
Spoiler Мене и подобра ми е без Досон, ме нервираше некако. Не знам што да мислам за Брет и Кејси, повеќе ми се ко брат и сестра, ми немаат хемија. Кели саксм ептен со Емили да ги спојат, супер ќе бидат. Кид ич не ми одговара со Кели. Боден ми е омилен.
Не ја гледате серијава луѓе? Баш мислев дека има фанови. Spoiler Ептен ми е жал за Брет, таман ја најде мајка и и сега вака. Што упорно ја туркаат Сигер не ми е јасно, ама ич не ми е симпатична.
Јас ја пратам серијава, не се откажувам, ја обожавам!! Spoiler Последната епизода што излезе сеуште не сум ја гледала, ама тоа што ја вратија Сингер воопшто не ми се допаѓа. Таа сигурно ќе биде причина за кавга помеѓу Стела и Северајд. А инаку сум голем фан и навивам за Брет и Метју, се надевам ќе бидат заедно.
Spoiler Актерката што ја глуми Габи ја напушта серијата, а приказната е дека Габи оди во Пуерто Рико по ураганите за да помогне.
Утре финале. Spoiler Се надевам конечно ќе има нешто помеѓу Кејси и Брет, ајде се влечкаат цела сезона.