Сигурно личностите кои обожаваат вакви кломпи ќе ми љубоморат. Ги имам илјадници од бабите и дедовците. Ама не се осмелувам да ги носам, само до продавница преку улица, дури и тогаш ми е срам. Гломазни ми се и не ми се воопшто женствени. Како стари сто години да се, така ми изгледаат.
Неееее... никако не ми се убави.... не би ги носела па колку сакаат нека бидат во мода... за мене дефинитивно не се
Кога бев малечка се сеќавам имав црвени кломпи со штрумфета и многу ги сакав. Сега не би носела во никој случај
Девојки, кога ја отварав темата за кломпи не мислев на тие што ги имаат нашите баби и дедовци и нашите мајки на времето тие No WAY! Мислев на оние помодерните на штикла, како што ги постирав на сликата и какви што мајка и на Трендафилка си купила ( и да напоменам Трендафилке имаш многу модерна мајка ) нешто во овој стил
Имам многу одамна купено рамни дрвени со платно одозгоре уште ги чувам одамна не сум ги носела.Ако ви текнува на Струмичката фирма ''Дексим''од таму ги имав купено.Штосни беа ама сега мислам дека се веке демоде.Ке ги потражам по плакарите баш фино ме потцетивте.
Погрдо нешто здравје!Ужасни се и овие во болница вработените кога ке ги видам со бели кломпи уште повеке ми се слошува...сите видови на кломпи ми се грозни дали оние од пред 20 години или овие од "најнова мода"
Нешто погрдо од кломпи немам видено досега. Не би ги носела бидејќи пред се мислам дека не ми стојат, како второ реков дека се грди и гломазни.
Еве модерни варијанти на кломпи. Што е до мене, ако сакаат златни нека бидат, со кристали или бисери, никогаш нема да ги ставам на нозе. Толку грубо и неженствено ми делуваат, тоа е чудо. А, и делуваат незгодни за носење, гломазни се. Дефинитивно еден од погрдите трендови, заедно со летните чизми.
Прегрди се. Прегрди... мајка ми, што работи во здравство, веќе не ги носи за на работа, а камо ли јас да ги носам за во јавност некаде. Општо, мразам обувки кои во петицата се отворени, а кај прстите затворени.
За низ двор ,кога не ми се при рака патичињата. Ни на пракса не ги носам ,значи на место кај што се експлоатирани до максимум ,па не низ град
Вакви освен на гости кај баба ми кога сум била за да се прошетам до негде, никогаш не сум носела. Кломпиве според мене повеќе прилегаат на постари жени. И да, ни овие помодерниве варијанти не ми се допааѓаат. Покрај сето тоа и изгледаат многу неудобни за носење.
Мене ми се свиѓаат тие црните , за позирање на некој чопер. И вожња, цела облечена во кожно и со кломпиве. Баш со вакви