Исто и јас колку пати имам порачувано од нив, имав купувано и од продавницата во Центар плус, тестер ми немаат ставено. Последниот пат им направив сметка од 8000 денари и исто ниеден тестер. Си ги земаат за нив, за нас нема. Доколку не читаат, тоа треба да си го средат , а и да бидат пољубезни на инстаграм. За течните пудри Тиртир и мене ме интересира, јас 17c од таа со сунѓерчето ја користев и добра ми беше нијансата. Ако некој ја проба да кажат дали е мат
Тестери не даваат повеќе ниту при купување во физичка продавница, додека продавање на тестери, за било која цена е апсурдно. Затоа е тестер, да тестираш нешто, се работи за количина од 2-3 мл. Во Европа, насекаде низ аптеките и продавниците за козметика, даваат тестери, дури и без да купиш нешто. Само кај нас, тестерите се скапоцени, или воопшто ги нема оти вработените ги грабаат. Друго нешто шо ме нервира, во физичка профавница, освен ако не им спомнеш ретко прашуваат за е-маил за да ти додадат поени на акаунтот. Тоа треба да им биде обврска на вработените!