Исто и јас колку пати имам порачувано од нив, имав купувано и од продавницата во Центар плус, тестер ми немаат ставено. Последниот пат им направив сметка од 8000 денари и исто ниеден тестер. Си ги земаат за нив, за нас нема. Доколку не читаат, тоа треба да си го средат , а и да бидат пољубезни на инстаграм. За течните пудри Тиртир и мене ме интересира, јас 17c од таа со сунѓерчето ја користев и добра ми беше нијансата. Ако некој ја проба да кажат дали е мат
Тестери не даваат повеќе ниту при купување во физичка продавница, додека продавање на тестери, за било која цена е апсурдно. Затоа е тестер, да тестираш нешто, се работи за количина од 2-3 мл. Во Европа, насекаде низ аптеките и продавниците за козметика, даваат тестери, дури и без да купиш нешто. Само кај нас, тестерите се скапоцени, или воопшто ги нема оти вработените ги грабаат. Друго нешто шо ме нервира, во физичка профавница, освен ако не им спомнеш ретко прашуваат за е-маил за да ти додадат поени на акаунтот. Тоа треба да им биде обврска на вработените!
Женски за колку време ви стасува нарачката од coslove? Ми се потроши серумот па сакам да купам пред да одам на одмор и не знам дали ќе стасам во физичката продавница
Јасно, фала ти многу. Ќе одам на безбедната опција до продавница да не случајно не ми стасаат до петок.
Во врска со последниов попуст. Нарачав минатиот викенд два продукта, сметката беше над 1500 и во кошничка си ја ставив маската за лице што беше подарок. Ај што не ми стигна сеуште, па гледам на фактура и ми ја наплатиле маската. Не дека ми е за тие 150 денари, ама ако е подарок, нека биде. Јас воопшто и не би ја нарачала, дека не ми треба, ама ај си викам нека ја има во кошничка. Им пишав меил чисто дека инат ме фати, па ќе видиме што ќе вратат.
Од радозналост куцнав на Тему,сакав да знам дали има од познатава козметика.Ми искочија производи на Тиртир и Центела…што мислите? Да не се глупирам и да не нарачувам или да пробам? Имате искуство?
Како ти ја наплатиле? Чудно... Јас нарачав од друг сајт (бебехоум) и ми стигна маска и мислев ставиле као тестер хаха, ама уствари ме следува, така?
Да, на факутра беше наплатена, арно ама им пишав меил до кај е нарачката и ете денес ми стигна и ми ја одбија. ама на фактура си стоеше како наплатена. Да не ги исконтактирав, веројатно ќе ја платев без да приметам. Ова го приметив дека ми каснеа со нарачка и го барав мејлот да им пишам до кај е пратката.