Само колку за информација, трансвестит и Drag Qween, се слични поими, ама имаа разлика: Трансвестит - некој кој се облекува во облеката од тугиот пол Drag Qween - некој кој се облекува во облеката од тугиот пол, со перформантичко-артистичка намера (односно, да настапува) Сакав да ве прашам: Што мислите за Drag Qween-овите? Дали познавате никои кај нас? Дали мислите дека Македонија е доволно социјално развиена за Drag Qween-овите да бидат прифатени во општеството?
Јас мислев трансвестит дека е и целосно менување на полот.. Не познавам вакви луѓе во Македонија не би било лошо да зпознаам. Не е доволно развиена Македонија за ништо.. Се сеќавам на една утакмица си одев и имаше 2 мажи така малце како геј стил и ги истепаа а не пак за перформанс или трансвестит да се шета и да знаат дека всушност некогаш бил друг пол.. И исто така сега многу актуелна ее Кејтлин Џенер поранешен Брус Џенер.. Мене забавно ми е тоа и не судам..
На инстаграм гледам се повеќе и повеќе вакви машки. Знам еден србин шминкер е, а и воедно drag queen... како се трансформира. Оди па препознај го дека е машко. Мене не ми сметаат, секој нека си го живее животот како сака, нека биде што сака, мене тоа ништо не ми менува. Кај нас вакво нешто миалам дека нема, а и во скоро време нема да има, поради огромниот број на предрасуди.