Јас сум била на интервју. Интервјуто беше едно од најлошите интервјуа што ми се случиле. Беа две жени. Односот им беше предрзок. Како да сакаа да кажат овде ние знаеме се ти појма немаш. Исто така дојдов порано и заѕвонив на телефонот да прашам дали може да дојдам малку порано и ми вратија дека мене состанокот ми е закажан за во два и не ги интересира што сум подранила и ми го треснаја телефонот. Потоа, кога стигнав за интервјуто чекав + 20 минути од предвиденото и на самото интервју ми кажаа дека уствари не му требале за тогаш работници и дека чисто онака го пуштиле огласот за да видат дали ќе има одзив. И дека можда ќе им требале работници за три месеци. Се на се ужасно.
Ако другпат ти се случи вакво нешто барај им надоместок (дневница) за загубено време, не може било кој работодавач да си тера мајтап ако нема потреба нека не објавува оглас, а не вака да види колкав одѕив ќе имало...