Отворив нова тема, зошто ваква не сретнав. Станува збор за полска козметика, која содржи широка палета на производи, за нега на лице, тело, нокти... После голем број прочитани позитивни коментари за производиве решив да отворам тема за истите. Па дали вие сте употребувале некои нивни производи? Како сте задоволни од истите? Еве ја и нивната официјална страна: Spoiler http://eveline.laura.com.mk/face.html Како за почеток, јас од Eveline имам лак за зацврстување на ноктите: 1. Nail Therapy Professional - Diamond Hard Nails Зацврствувачот за нокти го купив во ДМ - 115 денари и сум многу задоволна. Ноктите ми пораснаа конечно, без притоа да се скршат или излупат, како што тоа се случуваше претходно. 2. Гел за чистење на кожата + пилинг + маска После подолго двоумење, дали да земам гел за чистење на лице на Avene или Neutrogena, јас одбрав 3то и тоа овој гел на Eveline, кој има тројно дејство. Се користи како гел за чистење на лице (кој се употребува 2 пати дневно), пилинг (кој се употребува 2-3 пати неделно) и маска (која истотака се употребува 2-3 пати неделно). Го купив во Космо околу 150 денари, не ја знам точната цена зошто купував повеќе производи. Сеуште не сум го пробала, кога ќе го пробам ќе го напишам моето искуство со производов. 3. Маска за длабинско прочистување од зелена биоглина: Маскава чини 34 денари, ја купувам исто од Космо и сум презадоволна. Не ми ја суши кожата и после секоја употреба чуствувам како лицето да ми е “препородено“. Ова пакување јас го користам два пати неделно. Има и други типови од истата линија, и тоа: Маска за интензивна регенерација од жолта биоглина и Маска за инстант хидратација од бела биоглина. 4. Лосион за отстранување на шминка 3 во 1: Млеко за отстранување на шминка кое мириса прекрасно и темелно ја чисти шминката. Лицето после чистењето со ова млеко нема потреба од крема, зошто е доволно хидратирано, меко...бебешко! Толку засега, се надевам дека овој гелов нема да ме разочара, па ќе си ја зголемам палетата на нивни прозиводи, во мојот несесер.
Пред некој ден пишав темата: Производи кои не би ги купиле повторно Јас го имам гелов за отстранување на кутикули и ич не сум задоволна.. гелов е многу леплив и не мириса убаво.. мислам дека од него уште повеќе ми се оштетија прстите го имам и гелот за забрзување на растот на ноктите и сум презадоволна, брзо се суши, ноктите ми се по цврсти и за брзо време ми пораснаа
Го имам Nail Therapy Professional 8 ин 1,и би можела цел ден да пишувам само пофални зборови за него Ноктите ми беа катастрофа освен што ми се кршеа,лупеа ме болеа и како да се распаѓаа на мене,сега се преубави не можам да им се изнагледам. За околу 2 недели,или 3 пати по 4 дена како оди третманот,абе блескаат Исто така имам и крема за раце со козјо млеко во кафено тубиче,73 дена презадоволна сум Сега сакам да пробам нови работи од оваа фирма,еве на ред е гелов за лице,др крема од алое и уште нешто
Ја зедов на шала, си купив уште, преубава е Активна термичка маска за подмладување - За секој тип на кожа, со исклучок на многу чувствителни со проширени капилари! Нежна алтернатива на микродермоабразија - терапија која обновува младинското емитување на кожата - Клеј, Масло од камилица, екстракт од зелен чај. Технологијата на затоплување го засилува дејството на активните состојки.
Дали некоја ја има кремава? Доста е ефтина, на декларацијата пишува дека е и одлична подлога за шминка. Мене ме интересира дали има навистина добар мат ефект и дали и покрај тоа овозможува соодветна хидратација ? Инаку, презадоволна сум од маската за лице со зелена глина! Преубаво го матира лицето, кожата ја остава свежа и препородена, не ја пресушува и не знам дали бладам или е вистина, ама и тенот како да ми стана почист. Не знам веќе кое пакување по ред го цедам, предобра е и веќе си ја имам на залихи. Едно пакување ми трае за два-три пати нанесување.
Каде има повеке производи на Евелин , Космо или ДМ? И ме збуни амбалажата, дали станува збор за истиот лосион за остранување на шминка 3 во 1 што го има постирано Лепаа? И која цена е?
Омилена! Веднаш се впива, а лицето е мнооогу меко! Исто така и многу споро се троши. Ги користел некој овие работи? Каде ги има и цени отприлика
Го имам користено Nail Therapy Professional 8 in 1 и многу сум задоволна. Многу ми ги зајакна ноктите и почнаа брзо да ми растат. Сега си го користам како подлога пред да се лакирам и така повеќе дена ми стои лакот.
Се што сум пробала од евелин, се било убаво. Овие со арганово масло не сум ги видела, ама секако одма би ги пробала.
Од Eveline ја имам 3 in 1 течната пудра и е трајна, можда не баш 24 часа како што стои ама 12 сигурно, и е многу добра за тие што сакаат изглед на голо лице и воошто не е тешка и не се осеќа. Цената и е од 200 до 250 ден зависно од дрогеријата, во Cosmo скоро секогаш е на попуст.
Незнам зошто толку малку мислења има темава кога eveline е козметичка линија која навистина дава резултати. И не добивам никакви пари за рекламава, да си биде јасно!
Јас ќе ви ја откријам мојата "тајна" за предолги трепки. Моментално користам маскара на Гр од 100денари а трепките ми изгледаат ко вештачки да сум залепила,и тоа со само 2-3 слоја а не па да им опстојам повеќе.. Серум за регенерирање на трепките од Евелин,кошта 200ден трае 2-3месеци! Сум прашала ете погоре за него,го земав тогаш тој со арган и многу многу е убав, сега и зелениот го купив исто сум многу задоволна. Нанесен на трепките дава бела боја која откако ќе се исуши не се познава,и без да се стави маскара трепките "живнуваат", долги се. Одлично за "fake make up free day" Заблагодарете ми се подоцна. едит:еве ви и слики од серумите