Eveline cosmetics

Дискусија во 'Лице' започната од Lepaaa, 19 декември 2013.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.065
    Допаѓања:
    8.074
    Пол:
    Женски
    Отворив нова тема, зошто ваква не сретнав. :)


    Станува збор за полска козметика, која содржи широка палета на производи, за нега на лице, тело, нокти... После голем број прочитани позитивни коментари за производиве решив да отворам тема за истите.

    Па дали вие сте употребувале некои нивни производи?
    Како сте задоволни од истите?



    Еве ја и нивната официјална страна:


    Како за почеток, јас од Eveline имам лак за зацврстување на ноктите:

    1. Nail Therapy Professional - Diamond Hard Nails

    [​IMG]

    Зацврствувачот за нокти го купив во ДМ - 115 денари и сум многу задоволна. Ноктите ми пораснаа конечно, без притоа да се скршат или излупат, како што тоа се случуваше претходно.

    2. Гел за чистење на кожата + пилинг + маска

    [​IMG]

    После подолго двоумење, дали да земам гел за чистење на лице на Avene или Neutrogena, јас одбрав 3то и тоа овој гел на Eveline, кој има тројно дејство. Се користи како гел за чистење на лице (кој се употребува 2 пати дневно), пилинг (кој се употребува 2-3 пати неделно) и маска (која истотака се употребува 2-3 пати неделно).
    Го купив во Космо околу 150 денари, не ја знам точната цена зошто купував повеќе производи. Сеуште не сум го пробала, кога ќе го пробам ќе го напишам моето искуство со производов. :)


    3. Маска за длабинско прочистување од зелена биоглина:

    [​IMG]

    Маскава чини 34 денари, ја купувам исто од Космо и сум презадоволна. Не ми ја суши кожата и после секоја употреба чуствувам како лицето да ми е “препородено“. :) Ова пакување јас го користам два пати неделно. Има и други типови од истата линија, и тоа: Маска за интензивна регенерација од жолта биоглина и Маска за инстант хидратација од бела биоглина.


    4. Лосион за отстранување на шминка 3 во 1:

    [​IMG]

    Млеко за отстранување на шминка кое мириса прекрасно и темелно ја чисти шминката. Лицето после чистењето со ова млеко нема потреба од крема, зошто е доволно хидратирано, меко...бебешко! :lol: :lol:


    Толку засега, се надевам дека овој гелов нема да ме разочара, па ќе си ја зголемам палетата на нивни прозиводи, во мојот несесер. :D
     
    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.890
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден пишав темата: Производи кои не би ги купиле повторно

    Јас го имам гелов за отстранување на кутикули и ич не сум задоволна.. гелов е многу леплив и не мириса убаво.. мислам дека од него уште повеќе ми се оштетија прстите :sweat:
    [​IMG]

    го имам и гелот за забрзување на растот на ноктите и сум презадоволна, брзо се суши, ноктите ми се по цврсти и за брзо време ми пораснаа :)
    [​IMG]
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Го имам Nail Therapy Professional 8 ин 1,и би можела цел ден да пишувам само пофални зборови за него :D
    Ноктите ми беа катастрофа освен што ми се кршеа,лупеа ме болеа и како да се распаѓаа на мене,сега се преубави не можам да им се изнагледам. За околу 2 недели,или 3 пати по 4 дена како оди третманот,абе блескаат :inlove:
    Исто така имам и крема за раце со козјо млеко во кафено тубиче,73 дена презадоволна сум :clap:
    Сега сакам да пробам нови работи од оваа фирма,еве на ред е гелов за лице,др крема од алое и уште нешто :hai:
     
    На Elen4e_sonce и EMoonlight им се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    1.548
    имам коректор од Еveline и за таа цена (околку 150тина денари) сум презадоволна
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.244
    Дали ги имате пробано производите за коса и какви се ?
     
  6. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Ја зедов на шала, си купив уште, преубава е

    Активна термичка маска за подмладување - За секој тип на кожа, со исклучок на многу чувствителни со проширени капилари! Нежна алтернатива на микродермоабразија - терапија која обновува младинското емитување на кожата - Клеј, Масло од камилица, екстракт од зелен чај. Технологијата на затоплување го засилува дејството на активните состојки.
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    74.650
    Пол:
    Женски
    Дали некоја ја има кремава?
    [​IMG]
    Доста е ефтина, на декларацијата пишува дека е и одлична подлога за шминка. Мене ме интересира дали има навистина добар мат ефект и дали и покрај тоа овозможува соодветна хидратација ?

    Инаку, презадоволна сум од маската за лице со зелена глина!
    [​IMG]
    Преубаво го матира лицето, кожата ја остава свежа и препородена, не ја пресушува и не знам дали бладам или е вистина, ама и тенот како да ми стана почист.
    Не знам веќе кое пакување по ред го цедам, предобра е и веќе си ја имам на залихи. :lol:
    Едно пакување ми трае за два-три пати нанесување.
     
  8. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    860
    Каде има повеке производи на Евелин , Космо или ДМ?
    И ме збуни амбалажата, дали станува збор за истиот лосион за остранување на шминка 3 во 1 што го има постирано Лепаа?
    И која цена е?
     

    Прикачени фајлови:

    • 400165.jpg
      400165.jpg
      Големина на фајлот:
      16 KB
      Прегледи:
      324
  9. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.441
    Допаѓања:
    3.735
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Омилена! Веднаш се впива, а лицето е мнооогу меко! Исто така и многу споро се троши.
    Ги користел некој овие работи? Каде ги има и цени отприлика :)
    [​IMG]
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Го имам користено Nail Therapy Professional 8 in 1 и многу сум задоволна. Многу ми ги зајакна ноктите и почнаа брзо да ми растат. Сега си го користам како подлога пред да се лакирам и така повеќе дена ми стои лакот.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    284
    Се што сум пробала од евелин, се било убаво. Овие со арганово масло не сум ги видела, ама секако одма би ги пробала.
     
  12. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    284
    Која антицелулитна крема од Eveline e најдобра?
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.409
    Допаѓања:
    18.475
    Пол:
    Женски
    2.jpg Црвената е многу добра ти ја препорачувам.
     
    На SAMIRA, India и honesty им се допаѓа ова.
  14. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    13.000
    Пол:
    Женски
    И јaс јa имaм црвенaтa oкoлу 400 ден oд ДМ.
    Имa зaтoплувaчки ефект и мнoгу гo нaмaлувa целулитoт.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Meli97

    Meli97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2016
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    111
    Од Eveline ја имам 3 in 1 течната пудра и е трајна, можда не баш 24 часа како што стои ама 12 сигурно, и е многу добра за тие што сакаат изглед на голо лице и воошто не е тешка и не се осеќа. Цената и е од 200 до 250 ден зависно од дрогеријата, во Cosmo скоро секогаш е на попуст.[​IMG]
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    284
    Незнам зошто толку малку мислења има темава кога eveline е козметичка линија која навистина дава резултати. И не добивам никакви пари за рекламава, да си биде јасно!
     
    На Ицолгудбејбе и Meli97 им се допаѓа ова.
  17. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    962
    Пол:
    Женски
    Каде може да ги најдам маските од глина на Евелин?
     
  18. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    23.974
    Пол:
    Женски
    Некоја од вас да го има користено серумот за трепки ? Пофалба/критика?
    Или јас прва ќе бидам?:D
     
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    1.018
    Би требало да ги има во ДМ, Веро, Космо.
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    23.974
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ви ја откријам мојата "тајна" за предолги трепки.
    Моментално користам маскара на Гр од 100денари а трепките ми изгледаат ко вештачки да сум залепила,и тоа со само 2-3 слоја а не па да им опстојам повеќе.. :)

    Серум за регенерирање на трепките од Евелин,кошта 200ден трае 2-3месеци!

    Сум прашала ете погоре за него,го земав тогаш тој со арган и многу многу е убав, сега и зелениот го купив исто сум многу задоволна.
    Нанесен на трепките дава бела боја која откако ќе се исуши не се познава,и без да се стави маскара трепките "живнуваат", долги се.
    Одлично за "fake make up free day" :D

    Заблагодарете ми се подоцна.:inlove:

    едит:еве ви и слики од серумите IMG_3385.JPG
    IMG_3384.JPG
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.