На Grouper има доста убави понуди за патувања во некои хотели во околинава (Бугарија, Грција и сл.), со спа центри, со базени, џакузи, сауни, со појадок и/или вечера и сл. Сепак некои од нив во реалноста не се исти како на сликите. Па затоа мислам дека фали една ваква тема каде што ќе споделиме некое тазе искуство од некој хотел, ќе дадеме еден реален и од прва рака опис на услугите во хотелот, а и на околината (природата, ресторани, барови, градот, плажата и сл.)