Серијата е сатирична или црна комедија, и го прати престојот на богати фамилии во луксузните ресорти White Lotus ширум светот. Секоја сезона се снима на различна локација, првата беше на Хаваи, потоа во Италија и сега третата е на Тајланд. На почетокот на секоја сезона е прикажано како некој од гостите умира последниот ден и потоа дејството се враќа назад на прв ден. Ликовите се супер разработени, со доза исмевање се прикажани богатите и нивниот морален компас. Мене ми е топ, не сум гледала ништо слично. Чекам нова епизода во недела.
Знае некој да се најави на HBO на тв преку телеком? Никако ме успевам не знам кој е тој сим број, ниту успевам да се најавам на симната апликација на телефон
https://auth.hbomax.com/providers Последните 6 бројки од сим картичката, извади ја од телефон и види ги.
Можеш и со конто број, го има на било која од минатите сметки. Јас со телефонски број и со конто број се најавив. После секако мора да ставиш податоци и мејл за да се креира акаунтот.