Серијата е сатирична или црна комедија, и го прати престојот на богати фамилии во луксузните ресорти White Lotus ширум светот. Секоја сезона се снима на различна локација, првата беше на Хаваи, потоа во Италија и сега третата е на Тајланд. На почетокот на секоја сезона е прикажано како некој од гостите умира последниот ден и потоа дејството се враќа назад на прв ден. Ликовите се супер разработени, со доза исмевање се прикажани богатите и нивниот морален компас. Мене ми е топ, не сум гледала ништо слично. Чекам нова епизода во недела.