@prominent Исто! Никад не сум сакала недела. Самото тоа што е крај на викенд ми е тапа. Инаку си ја сакам работата, не е дека не сакам да одам понеделникот на работа, така што не е само тоа, туку вајда дека е крај на времето за себе и блиски Во последно време недела ми е ден за чистење и готвење, па поок ми е. Порано во сабота чистев, а сега сабота уживам, па се правам од работа по дома во недела. И навечер после тоа, време за себе Апсолутно Actually, да Ама секад ми се одбрани блиски и секад јас ги викам. Ако мене ме прашувате ако сакам да се видиме, најубаво ми е да ми дојдете на гости Ем не мора да излегувам кога ме мрзи, ем ќе готвам нешто интересно Сакам гости, ама пак, одбрани. Ненајавени гости не ми дошле, и тоа ми е комплетно несфатливо како луѓе одат ненајавени накаде.
Кај мене слободно можат да дојдат ненајавени личности кои ми се драги,ама не некои комшии и подалечни роднини,не секогаш. Како што спомнав,ми пречат незгодни прашања и почнав со некои луѓе да се договарам преку телефон или во 4 очи кога да дојдат.
За татко ми тоа што млада неќев да се мажам беше коа имав 20 години А сеа, 27. Сеа сум веќе стара мома
Јас имам 24 години,а од 20 почнав да ги слушам тие муабети за мажење. Среќа бар татко ми престана да зборува за тоа годинава. Тетка ми ме удави за тоа пред 2 недели.Станав и си отидов.
Се слагам со вас дека може да биде врска интроверт-екстроверт успешна, дури и по компатибилна, но јас не сум ја преферирал никогаш. Најчесто сум бирал особи слични на мене и никогаш не сум се гледал со екстровертна личност во долгорочна врска. Се разбира, има исклучоци и многу зависи на која страна од спектарот се личностите, но од досегашното искуство мене ме привлекувале интроверти Гости дома не сакам премногу, посебно кога ми доаѓаат ненајавени, па макар и да ми се работи за најблиската фамилија. Како стареам се помалце ги викам и пријателите-другарите дома и повеќе преферирам некаде да се видиме на онолку колку што јас можам да издвојам време. Во домашни услови, гостинот е тој кој го темпира времето. И сум имал негативно искуство со неколку личности кои немале сенс за време и ми останувале по цел ден. Еден од проблемите кои ги имам кај себе се и стегите кои ме попречуваат да дејствувам сам и да уживам максимално во денот. Тешко ми е да седнам во кафич сам, или да отидам на кино или било каков настан без друштво. Претходно беше проблем и да завршам обични работи како одење на фризер/бербер, па сум го чекал другар ми за друштво... Со текот на времето почнав овакви ситуации да ги надминувам и се повеќе да се опуштам и чувствувам комфортно кога сум сам меѓу луѓе. Кај нас е и доста осудувачко општество кое те гледа "на криво" ако седиш на кафе сам или не дај боже отидеш на кино... Доколку би бил на некое непознато место со подруг менталитет, би ги надминал овие проблеми полесно. Ова ми е една од целите кон која се стремам во иднина, кон тотална независност и self improvement во овој дел.
Јас татко ми секогаш кога ќе ми рече, му велам : Еј види, некој што на 33 години се оженил ми збори за мажење! На што одговара дека за мажи е друг стериотип Што да кажам, војно лице, полковник, командант, старешина, дисциплина. Сестра ми е уште студент, да доучи и веднаш ќе и скокне и на неа. Ама ја не го фермам. Пишав еднаш за тетка ми, сестра му во Австралија на форумов, нема деца, немаше маж до скоро, во пензија е а изгледа како жена на 40 години, па тој мисли дека сум се метнала накај нејзе. Уште да бев екстроверт како нејзе, и таман
Јас примам совети,ама мудрувања не ми требаат. А,тетка ми се омажила на 27-28 години и мисли дека доцно е во 30-те.
Само да ти кажам дека ја го држам рекордот во тоа сам да отидеш негде, сама си отидов 5 дена на одмор у Малта годинава
Мојата врска е интроверт- екстроверт. Ама ние се работиме на компомис. Некогаш се бериме кај него дома со друштво, ама пред то и после то сме сами. Некогаш излегваме во бар, некогаш само си се виткаме во ќебенце и си гледаме филмој. Некогаш збораме, некогаш само дремкаме. Чист пример за компромисите ни се Новите Години. Тој сака да е со другар, друштво, да се види оти тие му се два- три слободни дена шо можи да ги има. Јас сакам шо по интимно. Па секогаш одбираме некое релаксирачко место, со ептен интимно и мало друштво, а пред да одиме таму си гледаме некое филмче, си јадиме пица. Тој има другари, тој има друштва, и јас имам неколку блиски пријатели кои ги собрав по пат низ годините ама воглавно тој има многу поќе. Вчера прв пат се запознав со колегите негови и искрено се надевам дека не остајв лош впечаток. Тој се тушираше, тие подранија па јас им отворив врата и ги внесив внатре и после само седиме, јас на едно место, тие на друго и го чекаме мојов да дојди, единствената работа шо не спојва. Сега се смеам, вчера главата ми работеше 100 на сат, не знаев шо да зборнам, а никако не ми идеше да ги прашам нешто. Ако не ми се излегва во бар, ми вели дека е океј, ама нели да не го одбивам секогаш пошто другари му се и мило му е да сме заедно. Знам пошто и мене важно ми беше него да му тргни муабетот со другарка ми. И многу ми е мило дека и тие многу си имаат муабет. Тешко е да имаш притисок од страните. Ама сега на тие кои му се поблиски другари, едно два- тројца +/-, почнаа да ми стануваат и мене блиски преку летово и сега веќе ич не ги одбивам за во бар. Ама да речиме летово направивме една година како официјално се знаевме. Ако некој ги праша нив, јас однос сменав преку ноќ, година покасно. И после, за да се релаксирам од премногу комуникација, а да имаме на ум дека јас седев во еден ќош и зборав со еден- двајца, кои ги знаев од претходно ( тие опишани малку погоре ), па бегав пешки, да ме фати дождот малку. Ама мислам да ги видам дечкиве уште неколку пати и ќе почнам да се опуштам околу нив. Има доста океј меѓу нив кои ми личат на прв поглед. Еден од тие кои не дојде, дечко ми ми го креваше ептен, и ептен се разочарав дека не дојде. Онака од после се смеевме колку бев разочарана јас оти не запознав некој. Ми го претстави како многу специфичен човек и дека е или хит или мис со мене, или ептен ќе ми се допадни и одма ќе му зборнам, или ќе биди од оние „корпа“ луѓе кои штом замини јас му велам на дечко ми: „овај ич, ама ИЧ го неќам“, и дечко ми тука враќа: „зато одби поканата да те вози до дома, а буквално пред куќа ти врви?“ Често ми вели дека не давам шанси, ама тоешодапрамнеескроздомене. И така денес цел ден го исчистив денот и го резервирав за децата и за сериите. Дождот ми е изговор да останам дома. Утре само нека не врни, дип треба ветеринарот да иди, сакам да одам да купвам палети и треба другарка ми со Цобе нејзин да иди да се запознај со Бобан мој (упорно ми иди песот Давид да го викам, буквално од ден 1, ама Бобан сакам да се вика од друга страна), па да можам да почнам со подготовки за градењето куќарка утре. После то нека врни пак да имам изговор. До Недела. Недела нека не врни пошто имам драг пријател и колега од друг град и сакам да прошетам до таму за едно кафе. Сите пати тој иди Битола, ко дипломирав се крена и дојде за мене, па да го испоштовам и јас да одам на едно кафе викендов. И то е то. Да се вратам на новата епизода, доста е јас и драма за денес. Следна прилика ќе зборам и за домот, гледам за то сте зборале, колку е „разгиран“.
Би ти препорачала апсолутно и топло од срце да идеш! Ама, летно време. Јас си изготвив ол инклузив понуда со доручек и ручек, па си шетав по цел ден, на плажа, а невечер во ресторан некој седнував сама, и кога ќе отидев на рецепција имаше да избереш каков стол сакаш, 1, за двајца тројца, 4 ца или 6 луѓе. Ми беше мило што имаше опција за 1 човек само. И, како што видов, повеќе луѓе си вечераа сами. Една жена ми падна у око, си наручила еден куп храна седнала на маса за 1 човек, и доаѓаат децата мали и она ги избрка од ресторанот да си се качат горе, ЦАРИЦА! Па си го кркна јадењето, виното, си праеше фотки..... Навечер, на тераса си гледав филмови дури сите се журкаа.
@1992g Ова одамна ми е е во план ама никако да го остварам највеќе поради тоа што слабо има понуди за една особа се се од за двајца па надаље и треба да плаќаш дупло ти како направи? #правдазасамците
Јас сум (полу)сопственичка на туристичка агенција, па сама си направив аранжман. Секако си платив за хотелска соба со брачен кревет, но пуштив меил дека сакам цена за сама особа, бидејќи идам сама, демек работно а не на одмор, као јас снимам и сликам и правам репортажи за емисии и списанија им реков па дури и ми симнаа на цена само да ги спомнам у патешествијата
Интроверт - екстроверт мислам дека можат да си одговараат во врска (пријателска или љубовна). Можат да се надополнуваат меѓу себе, да си помагаат онаму каде имаат послаби страни, да функционираат со компромис. Најбитно е да се разбираат меѓусебно, бидејќи не можат секогаш да сакаат да прават исти работи. Гости дома немаме често. Сакам гости само кога ми се блиски некои и ги очекувам. Други, just no. Трауми имам од порано ко помала ко ми велеа пред сите: "Дојди да се поздравиш со гостите ајде". Денес го направив најинтровертното нешто. Кога завршив на факс си викнав такси за до автобуска бидејќи ми беше многу ладно а пеш е 20 минути одење. И вртам на една компанија кажувам дека ми треба такси и чекам. На телефонот ми дојде порака дека колата со (некој број) е кај мене за 3 минути. Чекам, застана пред мене едно такси и се качив одма мислејќи дека е тоа што го повикав. Ми иди порака на пола пат дека колата што ја повикав е на местото ме чека, а ова такси било сосема друго. Тоа е си реков, барем ќе стигнам побрзо на автобуска. По 5 мин ми ѕвонат од компанијата и ме фати страв леле сега што направив ако кренам ќе ми се развикаат зошто ме нема, и дека не знам да се расправам не им кренав. Само се молев да не ми ѕвонат пак ама очигледно не се замараат до толку, за среќа. Повеќе не ѕвонам таму, којзнае, можеби сум им на црна листа, па кога ќе видат дека ѕвонам ќе ми се пуштат. Сте имале слично искуство? За седење на кафе сама или одење во кино сама, искрено многу ми е незгодно и го немам тоа направено. Мислам дека сите околу ќе ми судат и осеќам голема бариера за да направам такво нешто. Секоја чест за вие што си излегувате сами, храброст треба за тоа во нашево општество. Не можам да сфатам зошто би гледал некој попреку друг што одлучил сам да седи. Ама Балкан.
Домот ми е ... „разигран“. Од кога сум била најмала немам рает дома. Некогаш имам и по три- четири бранови на гости, едно по друго. И постојано сум на слушалки зимно време пошто немам греење в соба, до толку шо сериозно имам мака со ушите. Не би да влегвам каква. Најмногу ги неќам тие далечни роднини, на кои ради почит кон мајка ми и татко ми (патем уште една интроверт- екстроверт врска) не можам да им речам ништо, ама тие се од појадок до после вечера кај нас. Има татко ми и такви пријатели. Има многу пријатели. Ќе дојди еден, па ќе викнат друг, за мајтап ќе се јават кај трет и пред да се сетам имам цела маса полна со прегласни средновечни мажи кои ме вадат од такт. Толку многу се имам жалено и плачено на татко ми, и конечно после едно 10тина години како живејме тука, си напрај една соба летово, си стави шпоре за греење, стави маса и столчиња и сега се берат, технички, надвор од дома. И за ова сум премногу благодарна. Пред недела дена биле собрани и ... јас врска немав. Не сетив. Мајка ми од друга страна е интроверт, као, јас имам една другарка, ама мајка ми нема ни една. Т.е. вели дека има една ама се гледаат еднаш, преку сила два пати годишно и во меѓувремето немаат апсолутно никаква комуникација. Кога сме дома пуштаме тв да брчи, и ете сега во овај момент јас седам на лаптоп и пишам тука, во тишина. Таа до мене скрола на телефон, во тишина. Имаме по цел ден седено дома сами во тишина. Исто како другиот да не е тука. Сем кога ќе излези надвор за нешто и се враќа дома да се кара дека многу мачки имам ама нема врска то. Се сеќавам еднаш дека му јавив на другарка ми, вечерта, дека нема да излегвам зошто во 10 ми беа првите гости, во 12 вторите, таман заминаа вторите во 4, во 4 и пол дојдоја третите и дека сега третите се преклопени со четвртите, во 8 вечерта и дека ми се плачи и штом заминат сакам да легнам. Кога ќе се пожалам кај мајка ми, вели: „а шо мислиш, јас сакам?“. Барем јас можам слушалки да клам, та мора да седи на маса. Летно време си седам в соба и ако треба не јадам ама дур не си одат гости не излегвам. Мајка ми често вели дека не сум дома и јас сум сосем океј со то. И така по звук се ориентирам, ако е роднина ама не блиска: излегвам само да се поздравам и се повлеквам пак. Ако е роднина ама блиска, со ќеф излегвам, многу често со брачеда ми шо ми е в комшии си пиеме кафе. Ист карактер сме така да еднаш неделно, до еднаш на две недели кафе ако пиеме, а буквално на 5 минути оддалеченост сме. А ако се некои неблиски пријатели, или пријатели на моите онака не ни излегвам да се поздравам. Ако се задржат предолго, како шо знат, дур се дерат и бистрат политики полека се повлеквам да си наполнам бокалчето со вода и да си земам нешто за јадење. Од кога догледав епизодите играв со децата. Денес ќефот направив на Гарфилд (мачорот). Кога ми бара внимание и сака да се гали, а то е секогаш, прво ми мјаука и одма после то се крева на задни нозе. Ако не го кренам продолжва да мјаука и почнува да ме греби зад коленото да го земам. Ако пак не го земам, ова најново од сабајлево, ми се качва на нога со скокање како да сум дрво. И конечно кога ќе го земам в раце, почнува да преди како трактор и ме лижи на раце, на лице - сегде. И преѓе им турам јадење, сите јадат Гарфилд ми мјаука ко за галење. И одма се крена на нозе и таман се крена јас го кренав в раце. Толку изненаден и среќен го немам видено до сега. После го однесов кај јадењето и среќно јадеше, претходно гушнат нели. Па песот одма љубоморен, го имитира Гарфилд. Значи се движи како него, кога Гарфилд си игра има специфични движења и Бобан ги имитира. Гарфилд како шо ми се качва на нога, Бобан пробва исто да ми се качи на нога. Накратко, немам пес јас, растам уште една мачка. Е децата ме прат многу среќна, а ми е досадно, а сум тажна, тие знат како да решат секој проблем. Посебно ќеф ми е како и најплашливите мачиња не се плашат поќе од песот. Буквално преку нив скока ко ќе си игра. Ајде одам на нов бран активности за врнежливи денови. Ако отворите уште некоја тема тука во меѓувреме ќе напишам нов реферат.
А за шопинг како сте? Сами или со друштво? Јас со години назад идам сама на шопинг. "Girly girl" сум и сакам се од облека, обувки, шминка и се тоа, ама неќам никој на шопинг. Порано во градот кај што живеев беше многу страшно ако одиш сам на шопинг, значи си фрик без друштво Фала Богу никад не ми значело туѓото мислење многу
Драги гости не постојат во интровертен свет секој потенцијален гостин е непожелна личност ок знам дека звучам дури како мизантроп али сепак не фала, гости стоп! Дури и кога нарачувам пица ми е мачно да имам контакт со луѓе баш размислував пред едно време како не беше напредната технологијава па место доставувач човек доставувач робот да дојде. Сама идам на кафе, сама идам во ресторани, сама идам на шопинг, на кино сеуште не сум отишла сама иако сум размислувала и за тоа, знам дека би ме гледале ко фрик али на крај краева who cares.
Или сама или со мајка ми идам.Сепак,во последно време повеќе сама.Така послободно можам да разгледувам.