Јас често играв сама ама не бев скроз затворена дур растев. Ама како шо кажав претходно, нема ден некој ненајавен да дојди и мислам дека во пубертет со гратис хормоните ескалира ситуацијата во то еден долг период да бев скроз затворена. Пост пубертетно сум стабилна колку- толку. Мислам чудно е, во куќа со луѓе обично имаме поотворени деца, комуникативни нели, ама кај мене имаше контраефект. Не велам дека не можи да се случи овај контраефект али треба и предиспозиција на еден начин. Нешто како @1992g само шо мојата промена беше нешто околу 5то одделение, не толку касно. И играв сама, поштовав мое време ама во исто време на училиште бев ѕвезда, со сите постари гости кои идеа вртев мајтапи, без проблем "чував" помали деца од мене. На следна тема: има некој кој сака да му висат над глава? Јас не. Изненадувања ... Немам проблем со нив ако е нешто кое го сакам. Имам проблем ако знам дека ќе се случи, као hint ми е даен ама не знам шо е. Ме јади љубопитност. Неќам јавни изненадувања, интимни се океј. Не сум религиозна. Растена сум религиозно и голем дел од животот имам и практикувано религија. Најлошиот мајндсет го стекнав тој период и уште не можам да се ослободам. Бог можеби постои, немам проблем со него. Имам проблем со организирана религија. И уште за смртната казна. Никогаш не би поддржала. Не ради хумани причини туку чисто садистички. Оти некој да убијам кој ете, се изживува врз дете, кога можам остатокот од животот да му го направам неподнослив? Смртната казна е дур како награда за таква личност, оти е лишена од сите можни казни кои можи да ги добие. Аман нека ми дојди, ми излегва третото алтер его со ПМСов.
И да, и не. Зависи од степенот на злосторството. Воглавно сум за цел живот затвор и кастрација ако се работи за педофилија. Ама, би го искористила животниот век на злосторникот и би го стаила да копа у рудник се до последен здив.
Сите што имате по две/три блиски личности за мене сте екстроверти ја немам ни една блиска личност. Малтретирање деца ми е слаба точка и многу ниска толеранција имам за тие луѓе искрено најлошо им посакувам на сите што тепаат, психички малтретираат или сексуално злоставуваат деца. Сепак мислам дека ќе се сложам со 1992g дека хемиска кастрација и доживотен затвор е најразумна опција пошто ако таква личност падне во мои раце буквално ќе нае*е. Изненадувања не сакам воопшто а спонтана сум можеби и повеќе отколку што треба, знам дека едново со другово не оди во смисла ако сум спонтана би требало да ми се свиѓаат изненадувања но НЕ спонтана сум за се освен у социјализација у превод у мој свет сум спонтана и не се придржувам стриктно до плановите, пример ми текне да идам у Белград и за два дена ќе идам од нигде никаде, нормално сама. Инаку отсекогаш сум префериала сама да бидам барем од коа памтам за мене сум била мирна и мајка ми ми кажува дека многу мирно бебе/дете сум била а и во школо исто така па како што кажа некојa членка погоре и јас понекогаш бев мета у клас баш ради тоа што бев мирна а тоа уште повеќе влијаеше на моите асоцијални ставови. Па дури и подлабоко (мизантропски) развивам хејт кон луѓе поради нивните глупи/злобни постапки не само кон мене туку генерално. Па затоа пробувам да бидам што е можно понезависна како што впрочем вели и мојот јузернејм за да можам да откачам све живо што се нарекува human и среќно сама да си живеам со моите мачки до крајот на животот. Додека некоја посакува принц на бел коњ ја не би имала ништо против само коњот да дојде и да формирам мало животинско царство. Уствари кога ќе размислам на нас интровертите уопште не ни е лесно у овој френдли свет.
Во врска со смртната казна сум главно против. Не за друго, не верувам дека е доволно сурова, најчесто. Некои видови на криминал заслужуваат извршителот да се измачува, а не да заврши со неколку минутно мачење на електрична столица или со една инјекција или апче. Некако не ми изгледа праведно. Ете затоа сум против, не од жал за таквите Атеист сум и отсекогаш сум била. Пред некое време дури водев и вжештени дискусии во темите за религија на форумот, ако ве интересира можам да ви копирам некое мислење за да видите дека сум ептен тврдокорен атеист. Посебно ми одат на нерви догматични следбеници на религијата, како и оние дволичните што се големи верници а инаку си ги тепаат жените, малтретираат, дискриминираат и омаловажуваат на секој чекор.
Јас би рекла прво да се докаже вината,па потоа да се спроведе смртната казна доколку мора оти одамна прочитав и слушнав дека во САД се докажало дека над 80 погубени лица не ги извршиле делата за кои биле обвинети и погубени. Друго прашање... Ако некој ви понуди милион евра под услов да поминете 24 часа во иста просторија/куќа со 100 луѓе од кои 80 се екстроверти,а 20 интроверти и плус меѓу нив има ваши познаници,дали ќе го прифатите предизвикот? Јас не.
Абе ајде не, за милион евра би издржала еден ден и после аривидерчи свима ќе купам некој пуст остров со парите.
Е да, во право си за докажувањето вина. Баш пред некое време читав за ваков пример, не се сеќавам на името, знам дека има и филм за случајот, станувало збор за дете погрешно обвинето и осудено на смрт. А во врска со прашањето, па ќе ги издржам некако тие 24 часа, па како што кажала @Independent Girl после тоа ќе си правам што сакам со парите. Јас нема да купувам пуст остров, ќе отидам прво на луксузен одмор сама па за другото, ќе видиме
За Милион евра и месец можам да издржам у таква куќа. Едноставно е, ќе попиздеам по сите никој нема да ми збори никому нема да зборам и ќе сум си ко сама баш ме боли брига. Имам таква особина да блокирам луѓе.
Со едната комшика супер.Стара,пријатна жена,секогаш спремна да помогне. Таа многу ни помага,а и ние неа.Ни се нашла во многу црни,тешки денови. Ама,другите се првокласни оговарачи и маалски надзорен сообраќаен систем.Секогаш детектираат кој и каде излегува,па дури и со кого. Од овие единствено позитивно нешто е што можам да дознаам каде ми се мачињата кога се надвор од мојот дом.
9 Things You Learn In Your 20s From Being An Introvert https://www.bustle.com/p/9-things-you-learn-in-your-20s-from-being-introvert-70418
Комшиите ми се сите скоро кој од кој. Немам некој за дружба, ни по возраст, ни по карактер, ама навиките им се катастрофа. Кога имавме мака со олукот, па и со кровот, само моите дадоа пари за поправање, демек тие од долните катови немале зошто и напразно им објаснуваш дека законски и покрив, скалила, влез и слично се заеднички делови од зграда. Зимно време ранат мачки по влезови кои вршат нужда каде стигнат и мува не ги лази, а не си ги земаат дома на чување, ниту пак се да им се изгради некакво куќиче, катче ако толку не сакаат да мрзнат. Има и такви страшно скарани со хигиената, ама најсеризоно. Многу се мешаат и во приватен живот и имаме лошо искуство со ова, најискрено и за жал и тоа претходно никаква дружба со ликот, никаква. Лично, јас не сум за некаква комшиска дружба, но сум за коректен однос, за да ете имаме на кого да се обратиме во случај на протекување вода, не дај Боже поплава, пожар и слично и секако да имаат осет да преземат или подржат иницијатива за унапредување на животните услови во целата зграда. Толку од нив.
Туку, може е дискутирано, но дали ви се случувало на пример, ете добивате желба да излезете со луѓе, да им појдете на гости, да испиете кафе, ама кога ќе падне договорот да не ви се оди и да го чувствувате како некаква обврска, побрзо да мине, па да си бидете раат? Мене често ова ми се случува во последниве години.
Одамна сакав да ви се придружам на темата. Интроверт сум до степен што пола саат размислувам дали да влезам во продавница мастики да си купам и најчесто (секогаш) одговорот е не. Комфорна зона ми се семејството, две другарки и дечкото, и со нив не сум 100% опуштена. Поентата на постот ми е друга. Во еден момент осетив како сите прават нешто во животот, само јас тапкам во место. Иако се сметам за амбициозна, самата комуникација и мешање со луѓе ми го попречуваат патот. Имав шанса да се пријавам за размена на студенти во период кога бев разочарана од сите страни. Грдото пајче нема да е Грдо пајче ако не направи глупост. Ми надојде две секунди храброст, се пријавив. Е сега кога сум избрана многу се каам, страв ми е да запознавам нови луѓе, страв ми е како ќе се снајдам и дали сум доволно способна. Ама решив дека треба нешто да променам, какво искуство ќе имам на крај, ќе видиме.
Смртна казна мислам дека е премалку за педофили и силувачи. Тие треба да се измачуваат, да се тепаат секој ден. До толку што на крај самите ќе си пресудат што не можат да ја издржат таа тортура. Истото сметам дека треба за насилници и трујачи на животни. Хаха, за милион евра и подолго би се нафатила. Доволно е телефонот да е со мене, после е лесно. На едно здраво, како си кога ќе се сретниме. Просечни. Инаку знам дека некои од нив се портарки, па затоа не им откривам детали и се држам на дистанца. Дали ви се случило блиските пријатели да ве заменат со други нови пријатели и да не сте им битни повеќе? Ако да, како го поднесовте тоа/како го поднесувате? Мене да. Цело друштво ми го направи тоа освен една. Не ми е сеедно ама го имам прифатено како реалност. Нормално е да стекнуваш нови пријатели, но не и да ги баталиш старите потоа. Бидејќи бев од мала со истите, сега не знам како да стекнам нови.
За среќа ретко ги гледам и ми се свиѓа односот затоа што е ладен но многу мразам кога ќе сретнам некој комшија по скали/лифт или некаде у град.
Комшиите ми се ... специфични. Само една иди на кафе на сабајле да истури трачојте и веќе по толку години ја навикнав да иди за моите. Другите се ... специфични. Стварно, не би да одам во детали. Ама имам еден кој ми е омилен, буквално цело маало го заобиколува онака, и место по патот десно да оди, тој кружи лево по ливада за со никој да не зборни. Да, ми се случило пријатели да ме заменат.
Дали ви се случило блиските пријатели да ве заменат со други нови пријатели и да не сте им битни повеќе? Ако да, како го поднесовте тоа/како го поднесувате? Мене да. Цело друштво ми го направи тоа освен една. Не ми е сеедно ама го имам прифатено како реалност. Нормално е да стекнуваш нови пријатели, но не и да ги баталиш старите потоа. Бидејќи бев од мала со истите, сега не знам како да стекнам нови.[/QUOTE] Ми се има случено како помлада на 16 години. Имав несреќен настан кој резултираше со телесни повреди, еден ден лежев во болница, а потоа бев пратена на домашно лекување со препорачано мирување. Кога малку закрепнав морав да одбегнувам гужви, особено бучни места еден период од околу еден месец. Кога повторно се пуштив во промет, "другаркиве" си беа нашле нова која како демек требаше да претставува моја замена, или така барем личеше, а јас некако не им бев многу важна. Полека разретчија со телефонски повици и се останато Кога бевме заедно се однесуваа студено. Бев многу револтирана зошто за жал кога се случи несреќата беа како многу ужалени, плачеа, тажеа, а потоа кога се опоравив се однесуваа како да им пречам. Да не зборувам дека деноноќно им бев поддршка, ги советував, бранев, дружев и се останато. Да биде уште полошо наредното друштво во кое улетав се состоеше од страшно иритантни, себични и завидливи суштества. Секако и од овие се дистанцирав. Не посакувам никому, не е најлошата работа на светот, ама за млд човек и тоа како е поразително.
@INNERBEAUTY ,Извини дури сега гледам прашањето за стрелаштво! Јас порано одев во стрелачки клуб - Стрелец. После тоа си купив воздушен пиштол, па пневматски снајпер и сеа сум со огнено оружје за кое имам дозвола само дома да го имам, додека воздушниве обично викенд носам на викендица или во Маврово, пукам во мети, шишиња, лименки и слично. Во клубот престанав да членувам бидејќи интроверта не членува во хоби клуб едноставно Што се однесува до комшиите, јас израснав со нив и околу нив, во Центар кај што живеев до скоро. Многу си ги сакам сите комшии, ама ми пречеше што ненајавени без прашање си влегуваа со широм отворена врата. А сега кај што сум во кисела вода, највисоко живеам и имам само 1 комшија, лепенка ѕидови, постар човек со 2 огромни аљаски маламути во 40 метри квадратура. И, делиме тераса, шро малце ми пречи. Сакав да му предложам да ставиме бариера измеѓу, ама ми беше страв да не се навреди. Неговите кучиња се нонстоп на тераса, па другаруваат со моето, се до вчера. Уште чистам крв по ѕидови и теписони, пред малку и кречев. Моето ја нападна женката која што беше у мојот стан и едвај ги раскачив. Имаше сериозни рани иако дупло поголема од моево. И, ми се развика и ја однесе на ветеринар. Сега на тераса не ми збореше а јас баш му реков дека мислам оти време е да ставиме бариера на терасите. Само ми речњ ЛАЈК и толку. Така да во Сабота фирма за огради ангажирав, ограда непробојна и што не се гледа ништо измеѓу.