Јас денес ќе го искористам денов и ќе прошетам со другарка ми да видиме шо попуст има, дали е 5/10/20% . Уживам во прошетки со нејзе. А потоа ќе одам кај дечко ми да се видиме. Сабајлево рано станав и зачистив дома, така да денес добро искористен ден ќе биде.
Според она што мојата интуиција може да го долови, колешките се среќни што вечер идат кај мене дома на пица и пастрмајлија, ама колегите се со кисели фаци. Мужишта созреани, ваљда пица и пастрмајлија им звучи "детско" а и знаат дека не можат да локаат количински дома Така да знак ми е тоа дека ќе се накркаат и ќе си идат
@1992g, и мене така ми звучи Ама јас во секој случај повеќе би се радувала на пица и пастрмајлија отколку на алкохолот. Воопшто не сум по пиењето... Знам дека тоа е и поради тоа што немам кондиција за пиење, ретко излегувам, ретко пијам. А немам навика да пијам и ако излезам, една чаша некогаш може со либе уз јадење, ама и тоа е ретко, не пиеме воопшто. А кога ќе се напијам воопшто не сум весела, баш напротив, ми се случило и да заплачам, да се јавувам каде што не треба, и едноставно да сум си за никаде цела вечер. А после тоа сум мамурна неколку дена... страшно, не можам да функционирам. Какви сте вие кога ќе се напиете некоја чашка?
Kаква сакам Углавно имам јака самоконтрола,никогаш не ми се случило да се изалкосам до тој степен да изгубам скроз филм,правам глупости и не се сеќавам утредента на ништо(сум пробала да видам како е тоа ама не ми успеа ) .Мада сега ретко пијам и кога пијам не пијам многу и жестоко Ги спомнав паничните напади оттогаш престанав(бидејќи почињав да паничам кога губам контрола над мозокот од алкохолот дури и од малку ). После тоа си реков епа нема вака да живеам во страв цел живот и така почнав пак од инат мада сега немам некоја посебна желба/потреба од алкохол.
Превесела сум и хиперактивна. Ама многу ретко да се напијам. Јас имам друго, сензибилно прашање. Имено, сите сме се/ќе се најдеме во ситуација кога на некој близок пријател ќе му соопштат потресна вест, и таа личност ќе пукне да плаче и да сподивува и во тој момент треба цврста рака за да исконтролира. Како вие се снаоѓате во слични ситуации, и дали ви се случувало во јавност или пред некој друг лично вие да заплачете? Мене ме фаќа паника! Се дешавало на другарка кога беше со мене и се јавија дека мајка и е во болница со итна помош, па се скрши таму на лице место и требаше некој да ја додржи а мене ме фати паника, се стаписав, ококорив очи и не можев да прозборам, како парцијален шок некој дури таа урла. Вообичаено треба да гушнеш и ти да плачеш и да тешиш, ама јас апсолутно не сум тоа! Кога умре првороденото на брат ми, сите крекнаа да плачат а јас се затворив у соба. Најтешко ми беше ама не пуштив солза. Е, кога загина пријателка многу блиска, стоечки издржав све, дури и на микрофон пред сите пред цел клас и професори и се зборував дури сите плачеа. Ама ме стигна после 2 недели, кога ме лупоса реалноста ме фати хардкор депресија. А во јавност или пред некој не плачам и никогаш нема да плачам. Таква сум си....
Кога ќе се поднапијам сум многу весела и се претворам во екстроверт на моменти. Последниот пат танцував додека не ми паднаа нозе. Ама тоа многу ретко се случува, еднаш годишно најмногу. Некогаш ни толку. Како што имав пишано во фмќ, единствен алкохол што го пијам сега е црвено благо вино, па ако нема такво нема ни да пијам. Едно од нештата што најмногу мразам е да плачам во јавност. Значи многу многу мразам да ме гледа некој расплакана. Единствениот пат кога плачев во јавност беше на погребот на една школска од основно, пред 8 години. Сите плачеа и не можев да се стегам, посилно беше од мене. Исто така пред скоро 2 месеци ми се деси да дознаам дека кучето ми е отруено додека бев на кафе со либе в град. Само ги ставив наочарите за сонце и пуштив по некоја солза, а ми идеше да врискам на цел глас. Не знам како ја најдов таа сила да ќутам, а одвнатре се распаѓав. Не сакам сцени да правам и да привлекувам внимание. Кога друг би добил потресна вест најверојатно ќе се обидам да тешам некако, не ме бидува многу за тешење ама верувам дека за блиска личност и мене исто ќе ме заболи. Инаку денес немам план некаков. Ќе седам дома, дури вечер ќе излезам. Либе е зафатен има работа. Ама ако, ќе си поседам со мачорот.
Како вие се снаоѓате во слични ситуации, и дали ви се случувало во јавност или пред некој друг лично вие да заплачете? Ретко, но ми се случило. И јас како @Amellie13 сум плачела со очилата за сонце како заштита, и тоа се случи баш пред некој месец кога имав проблеми со поранешното работно место. Не знам зошто толку (од оваа перспектива гледано) неважен проблем, тој ден ми се чинеше огромен. И во такси накај дома плачев. Инаку, малку сум невешта во искажување на емоции. Посебно ми е непријатно кога знам дека тој/таа што е со мене тагува или се радува за нешто, не знам како да реагирам во тој момент, се кочам некако и се затворам во себе па дури и јас да ја споделувам таа иста емоција. Поради тоа некои ме сметаат за ладнокрвна и бесчувствителна. Сум добивала такви коментари. Но тоа е далеку од вистината, проблемот е во тоа што не знам/не можам во некои ситуации да ги покажам или да ги искажам емоциите. Како да се блокирам скроз.
Сум плачела во јавност.Ми било срам,ама после увек си викам јбг,човек сум. Не пијам алкохол.Дури и мирисот ми пречи. Мој близок се руши дел по дел поради алкохолот.Лошо се чувствувам затоа што не можам да му помогнам. Јас сум мачкарка,ама сакам и кучиња.Едното куче ми е Англиски овчар,едното ми е пола Питбул-пола Лабрадор и имам и 2 мешавинчиња за кои не ми е баш јасно што се.
Чашка- две ме опушта, се ми е поинтересно ама во глава. Надворешно не знам како изгледам. Неќам да плачам во јавност ама ПМС често ме насолзва. Не пуштам солза ама ако не си гледам мимс би пуштила.
Хелоууу.Ова катче баш за мене. @prominent кога ќе се напијам чашка, две почнам да зборувам без престан и да се клатам лево десно. Ептен брзо ме фаќа. Ама ретко пијам. @1992g и јас сум иста за плачење. Ретко плачам во вакви моменти и затоа ме гледат како ладнокрвна. А, внатре се кршам на делови. Вака беше кога почина баба ми. Сите се чудеа зошто не плачам. А, јас во тој период западнав во депресии. Ама, не можат сите да сфатат дека сите не жалиме исто. Инаку мене поради оваа интровертност не можам да се спријателам со никој на факс.И по природа имам таква фаца ладнокрвна, не знам како да им пристапам на луѓето без притоа да не изгледам чудно. Сега имам чувство дека на факс ме гледаат како да сум "дива". Не дека сум желна да имам другари. И вака ми е добро. Ама те ако ми затребат за некоја информации не знам како да се поставам. Се трудам да сум максимално културна. Тешко ми оде социјализација. Во друштво сум секогаш тивката и неприметната и искрено ова ми одговара. Никогаш не сум сакала да сум во центар на внимание.
Јас кога пијам у екстроверт се претварам ептен сум весела и на сите околу мене им се ставам и само се смеам ко неарна али па затоа и ретко пијам пошто коа ќе се сетам сабајлето што сум праела ми иде да се убијам. Инаку мачкарка сум најголема и кога ќе видам на улица секогаш пробувам да ги погалам иако за жал ретко некое питомо да најдам али буквално ги обожам и јагуар да ми се појави не би се исплашила сите мачки ми се слатки. Околу емоциите и јас не можам најбоље да ги изразам понекогаш ми се плаче или ми се вика на цел глас но едноставно премолчувам а знам да се затворам во соба и сама да се изнаплачам едноставно не можам јаки емоции у јавност да искажувам и околу тешењето не ми иде баш, посебно ако нешто изненадно се деси не знам како да изреагирам се блокирам цела од паника. А и хипохондрик сум, болести ептен знаат да ме исплашат па дури да испаничам и да помислам дека имам одредена болест, порано дури одев да се тестирам по лаборатории а сега развив некој дефанзивен механизам и одлучив да не читам повеќе за болести и да не идам на доктори толку често и стварно ми делува и не сум толку опседната али суплементи, анти бактериски сапуни, марамици, гелови и слично ми се неизбежен дел од секодневието.
Се осеќам како ова уствари да е вид на дневник како шо праевме како деца, со три страни прашања шо се даваја на сите пријатели да одговорат. Омилена боја, дете шо му се бендисва, омилена песна, омилен пејач. едит. Ме потсетивте со хипохондријата. Јас си наоѓам болести, имам многу маки со организмот ама не се замарам да одам на лекар. Последно зимава бев, поточно лани ова време. Ми рече докторот да дојдам Јануари после празниците да ми дај упут за специјалист и јас му реков добро и ете кај да е пак ќе дојди Јануари. Е сега куц туц ќе ме фати глава ненормално да ме боли и плачам и си ветувам дека 100% ќе одам на лекар овај пат за глава. Немам одено до сега. Си желудникот имам мака веќе 11+ години и треба пак да одам на специјалист после извесно време ама ме мрзи. На забар требаше Јуни да одам, бар се токмев, еве дојде Декември за два дена, а и докторката прекина со работа. Не дека неќам да одам, едноставно мака ми е да одам. Ќе ми текни ред чекање, па внатре да објаснувам шо ми е. Па после на болница одење и влечкање. Многу тормозење ми е. Па повремено си читам нарочно на интернет за да се уплашам и да одам на лекар. Нема како поинаку со мене. едит 2. Сепак морам на лекар. Само шо ме извести мајка ми дека апчињата за желудникот ми биле повлечени од продажба и морам да одам да ми смени терапија. О не.
Дали сакате бебиња? Јас сум малце резервирана. Едноставно околу бебиња ми е страв и да се вртам да не напакостам нешто. Периодот од 6-7 месеци кога веќе не се толку кршливи, почнуваат да ми се омилени. Се дури не почнат да зборат течно и да се пентарат на секаде.
@1992g, не сакам бебиња и деца, генерално. Не сакам да имам мои и не се справувам со туѓи. Да не се разбереме погрешно, не ми се одвратни, едноставно не ми се толку слатки како што им се на други @theowndemon, има два вида на хипохондрици. Такви што трчаат на лекар за секоја сигурност, и такви што по секоја цена избегнуваат да одат на лекар од страв...
Ок, сега читав за апојте зошто генериката е повлечена мислам дека никогаш толку не сум била мотивирана да одам на лекар. Вика по долга употреба (и постојана) можи да предизвика рак. Јас ги користам од ко бев 7мо. Не активно ама дефинитивно долго. Ај да одам да си ги сменам, не ги допивам. Се думам дали да одам сега ама ме мрзи. Мене не ми е страв да одам на лекар @prominent сем на забар, едноставно ми е многу малтретирање.
Леле исто не знам како со бебиња буквално ми се стаклени, пренежни ми се и се плашам да ги допрам еднаш дури ми се налути една девојка (од другарка роднина) што одбив да го подржам бегај таму уште несакајќи да го гребнам па уште толку грижа на совест да ме јаде а и со поголемки деца не можам посебно не со гласни и хиперактивни.#скрозсумантихјуман
@theowndemon Ди,оди на доктор за да бидеш на раат. Интернетот драматизира непотребно. Овој мојов хирург ми посочи од кои вебсајтови можам да читам реални објаснувања за мојот проблем,а од кои не,но сепак ако ми треба помош да тркнам кај него,а не да губам време онлајн. Тоа негово 6 сетило ме спаси,па му верувам повеќе отколку на блиските. @1992g Мачешки и кучешки бебиња,да,бескрајно.Дури им помагав на моите мачки кога се породуваа. Човечки,не баш.Децата на брат ми ги обожавам,најмили ми се од кога дојдоа на овој свет. Свое нејќам да имам 95%,а 5% можеби. Има/ло ли ситуации во кои едниот родител ви е/бил поомилен од другиот?
@nextredstyle па не е непотребно драматизирање на интернет пошто апојте се повлечени веќе од употреба и не смејат да се користат поќе и кај нас и странство. Така да, дека е сериозно - е сериозно. Па само прочепкав да видам зошто и видов зошто. И сега си манав од „замената“ шо ми е за киселини само, морам да се прилагодвам. Сепак утре ќе одам, денес ако ептен испаничам. Пробвам да се испаничам шо поќе за да одам, редно е.