Бебиња и деца не сакам (да се разбериме, не ги мразам), едноставно не ми се мили и не ми иди да ги играм и да му зборувам "бебешки". Плус се плашам да држам бебиња да не ги повредам. За свои уште не знам дали би сакала, и либе е со тој став. Дека ако одлучиме некогаш во иднина арно, ако не и без деца да живееме не е крај на светот. Или ако случајно еден од нас испадни неплоден, нема да го сфатиме тоа поразително туку ќе си продолжиме со нормален живот. Инаку да е куче или маче ќе го гњавам, гушкам, ќе го играм и ќе си правам муабет со него. Ми иди природно со нив, премногу ги сакам и ми се мили. Дома и јас си правам муабет со кучето и мачорот. Им се обраќам со "Бебе мое". Ден, два не ми е проблем. Ама после имам желба да излезам да се излуфтирам, да се напијам кафе, да си направам некој муабет со драга личност. Не сакам големи настани, собири, забави и слично, бидејќи после такво нешто морам да ги полнам батериите. А кога сум со личност што ми значи воопшто не чувствувам потреба да полнам батерии отпосле. Туку баш времето со таа личност ми е полнење батерии после напорен ден. Еве сега што ми се случи. Една познаничка (сестра на другарчево наше со либе) има објавено на стори една книга и многу сакам и јас да ја имам. Му кажувам како е на либе ми вика абе пиши и слободно таква е и таа ко брат 'и (не се срами, комуникативна). А мене ептен ми е срам да и пишам да ја прашам од каде 'и е купена. Се имаме 2-3 пати сретнато во животот само. Да беше брат 'и ќе му пишев јер повеќе се имаме дружено со него, ама за неа ми е срам. Не знам што да правам. А книгата многу ја сакам, баш е за нешто што мене многу ме интересира. Ахх..
Јас во вакви ситуации напишам на најфин и најкултурен начин со смајли.Пет минути се мислам.Затворам очи и стиснам send Прашање:Дали ви е проблем цел ден да не излезете никаде?(освен на тераса/во двор/до продацница, тоа не го сметаме) -Не ми е проблем. Дури и уживам во времето што си го поминувам сама со себе.Ама, евентуално по 3-4 дена ми здосаде. И да, највеќе мразам откажувања во последен момент. Ама, ги научив јас што марки се
Помислив и на тоа и малку ми е глупаво него да го замарам како поштар да е. Плус не живеат заедно за одма да ја праша на лице место, таа е мажена. Да собирам сила некако јас да пишам.
Ти фино обрати ѝ се,секако дека ќе ти каже. Не ја прашуваш за нешто непријатно,туку за книга. Мене некој да ме праша за книга,јас би одговорила.Сметам дека ќе ти одговори.
@INNERBEAUTY, првпат слушам за денов. Ден по Нова година, кога останатите ќе бидат уморни од славење, ние стапуваме на сцена @Amellie13, стисни заби и пиши и' Јас во вакви ситуации мислам на крајниот резултат т. е. на уживањето со добра книга, во твој случај, па мислам дека вреди да пишеш
Со другарка ми дека сум. Попусти видов и можам да кажам дека денес потрошив пари за работи за кои нема да жалам, а тоа е храната. Тие се добро потрошени пари. Сакам деца и бебиња и би си играла со нив. Дали ви е проблем цел ден да не излезете никаде? Нема да ми е проблем. Посебно на ладново не сакам од кревет да мрднам.
Мојата интровертност е поизразена наутро. Сакам кафе да пијам во тишина, да скролам на фб итн. И се тоа трае сат, сат и пол. Исто така ме изморуваат и луѓе, по 10 часа на работа со преку 10 различни карактери, ау доаѓам дома со чувство ко да сум копала во бавча цел ден. Ме фаќаат денови коа не ми се збори, ни искача. А најубаво ме опиша сликата погоре девојка покрај прозор со кафе или чај во раце.
Уште седат! Се разлегнаа и гледаат тв! Пушат цигара на тераса надвор внатре! Вино отиде да купи едниот колега, замислете ! А не, сеа ќе експлодирам.
Јас обожавам кафе сама. Си практикувам ритуал за душевен мир кога ќе се приберам после напорен ден. Кафенце или чај, социјални мрежи исклучени еден сат, нејќам ни да знам што се случува со светов, музика си пуштам само и си дремам индиферентно левел- војна да има не мрдам. This helps. Јас на пример кога сум некаде и ми е тапа, си мислам "ај уште некој саат, под ќебе ќе си бидам, издржи јака си... ајде можеш, уште една пијачка и дома раат".
Сте се изнапишале и јас бев со гости, ама блиски, ред смеење, ред филм, ред мезе, убава вечер @1992g Што направи? Се надевам заминаа...
Заминаа во 1 ипол! Пијавици, паразити, луѓе без компас, без сенс за простор и време ! Шетав до сега со кучето, а сеа средувам мијам чинии дури и шмукав ко ненормална пред малце, уште полиција некој да ки викне. Ми смрди станот на смрдливи чорапи и се гадам ужасно! Утре ретроспектива, битно хелекс мавнав, магнезиум и б6 и валеријана со пасифлора капки дупла доза. Толку сум истоштена што имам аритмија а утре ќе спијам докај 14-15ч сигурно!