Се согласувам со ова, не знам побогу кој се дрзнува да коментира нечиј туѓ изглед, дали е слаб или дебел или било што. Многу навредливо е. Може ако си ми некој близок да искажам грижа ако нагло ослабнеш или се здебелиш, во однос на здравје нели, ама од друг аспект, стварно не ми е јасно. И зборувам за блиски луѓе пак. Не за комшивката, знам дека не и е гајле за моето здравје.
Да си кажам јас, со вишокче сега. И кога сум била слаба, со BMI underweight, со 50 кила на 178цм, ми коментираа, и сега здебелена, ми коментираат. И кога бев во најдобра форма, со вежбање трипати неделно и здрава исхрана, ми коментираа. Или леле колку си исушена, или леле колку си поправена. Не можеш со луѓе, злобни се
Не сум сингл, ама не сум човек што мора да има врска. Сум имала подолги периоди кога сум била сингл и сосема ок сум функционирала. Дека е пречка не би рекла, не сме неспособни за социјализација. Само мислам дека за да се заинтересирам за некој, треба стварно да се истакнува позитивно во мои очи, зошто инаку веројатно нема ни да го забележам.
@theowndemon @nightingale, си кажувам дека ми пречи, секако. И на тоа најчесто добивам коментар: Види ја, се навреди зашто и кажав дека е слаба итн итн. Навредлив е начинот на кој ми се кажува сето тоа... Инаку не' има секакви, слаби, дебели, средни Тие што добро ме знаат знаат дека за мене физичкиот изглед кај другите е на последно место, ти може и како чудовиште да изгледаш а за мене да си најубав/а и најмил/а. Блиските знаат што е работата и не коментираат, најголем дел од коментарите сум ги добивала од обични познаници што демек се грижат за тебе. Се случило и да ми пукне филмот и да си кажам тоа што ми лежи на душа. Среќа многу ретко веќе ги гледам овие личности.
Во поглед врски, нели помината тема ни е. Јас сум во врска интроверт- екстроверт ама се е ствар на договор. Мене пристапувањето ми е тешко, во врска со дечко ми сум многу комотна. Знам да функционирам во врска, тежок ми е периодот пред да се дојди до тој дел.
Имало периоди кога сум била подебела,имало кога сум била послаба. Освен од мојот хирург кој ме советуваше да намалам само малку од тежината и да пазам на истата,од други не ги прифаќам коментарите за мојата тежина.Ај,докторот е учен и фино и одлично ме советува Господ да го благослави,но коментарите на другите ме лутат. Јас самата сум и повеќе од доволно свесна за тоа каква треба да биде мојата тежина. Ослабев поради моја волја и поради советите на докторот,а не поради мислењата на Петко и Трајанка.
Здраво девојки Леле колку теми сте отвориле за викендов, не може да престигнам и не знам од каде да почнам да одговарам. @1992g , ти го прочитав апдејтот и многу ми е жал што баш така се одвивала вечерата. Како да имав претчувство од преходно напишаното дека се работи за овакви луѓе, без осет. Посебно пак кога е во прашање машкиот пол, ептен сме без осет и се понашаме детско-инаетливо. Затоа и ти пишав дека имаш премалку алкохол земено и се плашев дека може истото да допринесе до контра ефект. Јас сум сигурен дека има и поголема позадина ова нивното останување до касно и чачкање се по стан, се мислам дека е направено со умисла, што од твојот однос кон нив и начинот на кој пробуваш да се дистанцираш од дружење, што од тоа дека си им шеф (ако добро прочитав), кои по дефолт не се најомилените личности. Мислам дека е време да прекинеш да бараш изговори и директно да се конфронтираш и да ги ставиш бариерите меѓу вас како што си ставила бариера на балконот! Баш поради овакви ствари иначе се поретко викам друштво дома и се помалку сакам да се дружам. Таа инфериорност кога контролата не е кај мене и не сум тој кој регулира колку некој ќе остане кај мене ме ужасува. Ајде сега да одговорам на некои од прашањата: Како се справувате со возбудата кога знаете дека во некој од деновите што следат ве очекува нешто стресно/ напнато? (позитивен случај) Ова нешто му доаѓа како изненадување на оваков или онаков начин, а јас изненадувања не сакам. Сакам кога работите се одвиваат спонтано без притисок. Тешко. Најчесто го поминувам времето во овертинкинг и дејдриминг кое секогаш се протега од крајно позитивно, до крајно негативно расположение. Како се доближува настанот, напнатоста расте. Се трудам да се опуштам со добра музика, преку зимово и топлење со фен ми дава чувство на комоција која ме смирува и се разбира дистанцирање од другите и затворање сам со себе. Кој ваш миленик има интересно или невообичаено име ? Немам милениче моментално. Порано имав маче кое беше крстено Џими (сите мислеа по Хендрикс), а оно всушност беше по рекламата на Фанта и целото име му беше Џими Хумухумунукуапуа. Другар ми, од друга страна, неговата полничка мачка ја има крстено Дунде. Многу креативно. Дали ви се случува кога завршувате одредена активност да ја правите брилијатно добро, а кога ја правите пред други луѓе изгледате ко никогаш да не сте ја правеле претходно ? Понекогаш да. Затоа се стремам добро да ја совладам истата и да си ги подобрам вештините. Дали сте утринска (дневна) птица или ноќна? I am a morning person if you wake me up with sex. Дали сте склони кон дебелеење т.е дали како интровертна особа што обожава да биде сама сте склони кон повеќе храна, грицкање, десерти итн? Да. Се тешам дека е до гените. Девојки/момци дали сте сингл? И дали интровертноста ви го отежнува пронаоѓањето партнер? Не ми го отежнала толку пронаоѓањето на партнер, колку што ме минирала на патот кон бидувањето со некој заедно. Едноставно, не секогаш сум имал потреба од партнер кај себе и не секогаш сум се чувствувал добро кога сум бил во врска. Некој пат ми преставувала преголема обврска и гушење на мојата воља да го поминам времето сам со себе. Па, така, кога сум почувствувал такво нешто, сум се дистанцирал додека самиот не сум почувствувал дека сакам некој крај мене.
Кога сме уште кај склоноста кон дебелеење, се запрепастив кога ми пушти сестра ми видео од грандови ѕвезди денес каде дебела девојка се натпреварува, притоа одлично пее и веднаш што заврши коа ја пукнаа со коментари дотичното жири просто си се расплакав гледајќи и го лицето како пробува да остане прибрана при навредите од Карлеуша пред (ваљда) милионски аудиториум. Еве, пак се распукав.... Ама и у пмс сум ... Edit : Видео од настапот , пуштете на 1:06:20 почнува девојката. Ако не сакате да слушате како пее, премотајте 3 минути напред.
Кој ваш миленик има интересно или невообичаено име ? На првите мачки им смисливме имиња како Мишка и Лиса а другиве како доаѓаа или по шарите или по некои нивни специфични реакции/активности на пример сега ми се: Лемур, Вепар, Тарзан, Пентуш, Шарен. Дали сте утринска (дневна) птица или ноќна? Оу, порано бев утринска, сега имам некој баланс, легнувам малку покасно и станувам малку покасно. Дали сте склони кон дебелеење т.е дали како интровертна особа што обожава да биде сама сте склони кон повеќе храна, грицкање, десерти итн? Yup. Девојки/момци дали сте сингл? И дали интровертноста ви го отежнува пронаоѓањето партнер? Иако сум во врска, претходно не дека барав туку не ми било приоритет и одбегнував многу такви ситуации како што се местења, дејтови. Знаев дека ќе се осеќам несигурно. Дали некогаш ви се лутеле другите бидејќи сте интроверти? Да имав вакви случаеви и морав да се објаснувам зошто не искачам на пример и секој пат ми збореа со зачудување што на крај ќе завршеше со лутење. Не знам зошто не сфаќаат дека си зборам за себе за свое време.
Како и зборува, дека таа треба да се засрами поради дебелината. Не, обратно, Карлеуша треба да се засрами. Девојкава дошла да се натпреварува со својот талент, пошто нели талент шоу е, сака да успее врз база на својот талент, ама не. Упорно во овој свет физичкиот изглед пресудува за тоа каков е еден човек, за тоа каков карактер има и колку е озбилен, зошто Карлеушава ја смета за неозбилна, некултурна, слабич и незнам ти каква само врз база на физичкиот изглед. Алал да и е како не се расплака и како цврсто стоеше на нозе иако од внатре гарант умира. Кревам раце.
Ми се имаат лутено оти не сакам да одам во диско. Не можеш да им докажеш дека тебе едноставно не ти е забавно, како што им е нив и дека неодењето не е ништо лично. Фала Богу нема кој да ме моли веќе. Склона сум кон дебелеење, ама сепак мислам дека метаболизмот во моја полза ми работи. Со ова што јадам треба 100+ кг да имам, а реално според висината BMI ми е само малку над просекот. Мене, ај што не знам сама да пријдам некому, ко ќе ми се пушта некој сум ко изгубено некое. Е исто ми се дешава. Ма да на моменти си имам trust issues, ама не се последица на тоа што сум интроверт туку на нешто друго, ќе прескокнам, пошто темава е сепак за интроверт. Откако ќе совладам одредена ситуација ми станува дел од комфорт зоната. Жирито и коментира на дебела девојка, а во самото жири е Марија Шерифович, прилично згона и слабичка, топ модел. Иронијо дојди и опали им шамар.
Размислувам како Nike реклама: just do it! Се фокусирам на тоа што ќе следи понатаму и како откако ќе ја издржам стресната ситуација, ќе уживам. Многу често. Некогаш дури ми се случува да треба да направам нешто просто како на пример салата. И ако ми стојат над врат, одеднаш не знам како ни да исецкам марула, ко прв пат да ја гледам. Веројатно зошто премногу нешта предолго време ги правам сама и не сум навиканта на "публика". Утринска за работење, фокусирање и конецнтрација. После 3 попладне завршува мојата способност за размислување. Но ако не се терам да бидам дисциплирана, заглавувам до 2-3 саат гледајќи серии и клипови на YouTube без проблем. Така да, и двете сум? Зависи во кој контекст. Не. Иако поблиските ме викаат хедонист, сепак свеста ми е на високо ниво и доколку почувствувам малку дека качувам килажа или дека правам пречесто отстапки од квалитетната исхрана, се враќам под дисциплина под секоја цена. Понекогаш дури и уживам во тоа. Патем, сметам дека никој не е склон кон јадење на таков тип на храна, туку е прашање на навика. И свест. Се' друго е оправдание. Вежбам разни circuit вежби со тегови по дома. Гледам да биде барем 4-5 пати во неделата по 45 минути. До сега и речиси секој ден пешачев, барем по 45 минути најбрзо темпо. Ама денес смрзнав, така да, не верувам дека ќе практикувам надворешни активности еден подолг период. Ама дома вежбите обавезно. Да. Во првата половина на моите 20-ти години, другарките беа ептен расположени за дискотеки. Секој пат ги одбивав, буквално ниту еднаш не отидов во рок од пола деценија. Мислам дека не разбираа дека сум интроверт и не сфаќаа дека мразев дискотеки во екстремности. И кафани. Ама им пројде фазата пред некоја година, така да, сега лабаво на кафе се гледаме.
Добро утро интровертс! (еве ви сонце зошто надвор нема ). Денес уште еден ден што ќе го поминам сама дома, ради колоквиумот утре, треба да се учи до даска! Ама не се жалам, надвор пингвини шетаат така да јас нема да шетам. Ме интересира како вас ви влијае ладново и тмурно време? Бидејки јас се затварам тродупло повеќе од претходно. Потопло кога е пак сум така колку толку по жива и можеш тук таму да ме видиш. Вака слабо. Другарка вчера не викна на журка некаква и прифатив без размислување само затоа што се преиспитував дали сум океј во главава и дека треба конечно да се наканам да мрднам негде да се помешам со луѓе. Ама сега како повеќе мислам дека треба да идам ми текнува на ладното, на тоа дека само јас сум од друг крај на Скопје а другиве се сите од иста населба, па ме фаќа anxiety како ќе де враќам САМА како утка. Па ми текнува на познатите фаци што ќе ги видам и на поздравувањата, па на гласната музика што probably нема да ми се свиѓа... И така сеа си ја акам главата од ѕид. Поздравче!
На мене ми влијае многу подобро одошто лето бидејќи раздвиженоста на луѓе после 17ч е навистина минимална Инаку, ми го пратија овој статус просто ќе си пукнев од смеење бидејќи истото ми се има десено, (добро не до Полска али таксито застана па си продолжив нов живот у Веро Џамбо )
Хахаахахаха се изнасмеав. Нема да е толку смешно ако ти се нема десено, ама и мене едно 100 пати ми се има десено. Си имам и јас така останато со раката горе како да викам некој друг позади (ако има луѓе што ги познавам, ако не R.I.P) или пак ко да бркам мува ко божем, ако има муви... Ми се случува и корпа да си добијам кога ќе кажам здраво, или worse, тие да ми кажат/прашаат нешто а јас "да, да, да", негде отидена со паметот, не сум ги ни регистрирала. Или пак едно ќе ме прашаат друго ќе им одговорам. Е вака секојдневно се брукам.
Јас сум човек што си сака сезони. Не можам да замислам да живеам на место каде 365 денови е едното те исто сезонско време. Нели им е претопен секој месец еден во друг, без чувство на време и простор во Универзумот? Ми смета што не можам баш најлежерно да шетам, сепак колку и да се наоблечеш, студи. Башка што смрди. Ми фали дневната прошетка. Исто така, грд ми е паркот, дрвјата се голи, небото е сиво. Дури и маалското паркче ми е непривлечно, не ми се седи на клупа без она прекрасното зеленило. Ми фали и седењето на тераса, да си читам книга додека тропкаат wind chimes од околните тераси. Од друга страна, поудобен ми е домот во ладниов и тмурен период отколку во лето и пролет. Каде-каде е поубаво за сетилата кога надвор е магливо и студено, а ти седиш замотан во ќебе и читаш книга или гледаш серии. Домче си сигурен, на каучот, далеку од ниските температури и грдите миризби. А и да бидам искрена, градов е досаден, така да ништо не пропуштам надвор.
Се пресмеав ја сум овој тип на човек. Инаку и мене како на 1992г ми одговара зимно време и многу почесто знам да излезам во зима отколку во лето баш поради тоа што нема раздвиженост.
Да, сингл сум и not ready to mingle ова ми е период за мене и личен развој, врска мислам дека само би ме дефокусирала барем одреден период сакам вака. А после може.Мада не знам дали ова би и го препишала на интровертноста Here, take my like Истото се прашувам и јас.И јас си сакам сезони. Се фокусирам на доброто и трудам да го избалансирам со extra cozy домашна атмосфера (+ сега и новогодишна еуфорија) и се надевам на/чекам снег У глобала си сакам зима/зимско дете сум, родена во зима